Пролог на св. Евангелие според Јован

1 Во почетокот беше Словото, и Словото беше при Бога, и Бог беше Словото. 2 Тој во искони беше при Бога. 3 Сè преку него настана, и без него ништо не настана што настана. 4 Во него беше животот, и животот им беше светлина на луѓето; 5 и светлината во темнина свети и темнината не ја обзеде.

6 Настана човек испратен од Бога, неговото име е Јован; 7 тој дојде во сведоштво, да сведочи за светлината, сите да веруваат преку него. 8 Не беше тој светлината, туку да сведочи за светлината. 9 Вистинската светлина, што го просветува секој човек, доаѓаше во светот. 10 Во светот беше, и светот преку него настана, и светот не го позна. 11 Среде своите дојде, и своите не го примија. 12 На тие пак што го примија, им даде власт чеда божји да бидат, на тие што веруваат во името негово, 13 кои не од крв, ни од похот плотска, ни од похот машка, но од Бога се родија.

14 И Словото плот стана и се всели среде нас, и ја видовме славата негова, слава како на еднороден од Отецот, полн благодат и вистина. 15 Јован сведочи за него и извика зборувајќи: Тој беше за кого реков; тој што по мене доаѓа пред мене е, оти попрво од мене беше. 16 И од полнотата негова ние сите примивме, и благодат врз благодат; 17 оти законот преку Мојсеј е даден, благодатта и вистината преку Исуса Христа настана. 18 Бога никој не го виде никогаш; еднородниот Син, кој е во пазувата на Отецот, тој го изјасни.

* * *

(Ова е мој обид за превод на Прологот на св. Евангелие според Јован.)

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s