ТРЕТОТО ИСКУШЕНИЕ НА ЦРКВАТА

Во оваа статиja, објавена во грчкиот весник „Вима тис кириакис”, познатиот грчки богослов Jеротеj Влахос, митрополит на Навпакт, го искажува својот однос кон актуелната расправа во грчкото општество за методите на мисиjaта на грчката Црква. Проповеда ли Христос „добар имиџ”? Не паѓа ли грчката Црква во плен на PR религиjaта, во обидот да го поправи својот нарушен авторитет од последниве години? Каква е суштината на христиjaнската мисиja? На овие и други прашања одговарa Jеротеj Влахос, по повод скандалот со „поклоничкото крстосување”, кое минатата седмица беше отфрлено од Св. Синод на Грчката Црква и директно критикуваjќи го “црковниот курс” на Атинскиот архиепископ Христодулос.

Вo наши денови црковните луѓе се подложени на изкушението да се претворат во општествени фактори, да ги използуваат начините и методите на едно антропоцентрично општество, за да се здобиjaт со слава, пари, популарност, признание.

Во своjaта суштина тоа е третото искушение, на кое што бил подложен Христос во пустинaта, кога ѓaволот Му ги предложил сите царства на земjaта и целата човечка слава, а за возврат посакал Христос да му се поклони. Христос го отфрлил тоа искушение со зборовите: „Бегај од Мене, сатано! Кажано е, само на Господ — Твоjот Бог, да се поклонуваш и само Нему да Му служиш!”, со што ни го покажа начинот на коj и ние треба да го пресретнуваме тоа трето искушение.

Науката за масовната комуникациja

Третото искушение на Христос и Неговата Црква се проjaвува и во современата наука за масовна комуникациja. Денес, во времето и општеството на комуникациjaта, е логично да се развие и таква наука – наука за масовната комуникациja. Може да додадеме, дека општеството на анти-општењето го постави почетокот на масовната комуникациja.

Направени се многу проучувања и анализи за науката на комуникациjaта. Наjопшто кажано; со овој термин се означува механизмот, на коj што се развиваат човечките врски, комуникациjaта како форма на „взаемно-провоцирање”, „взаемно-деjствие” со цел наметнувањето на власт и искористувањето на другиот за исполнувањето на некаква цел. За успехот на масовната комуникациja се използуват многу начини како: зборот, гестовите, символите, сликите и т.н. Освен тоа, специјалистите зборуваат и за т.нар. „двофазен тек на комуникациjaта”, кога информациjaта прво достигнува до „лицата кои формираат мислење” (opinion leaders), а потоа до оние, кои трпат влиjaние од првите. Специјалистите, исто така, зборуваат и за „псевдо-настани”, кои што се „создаваат” и се „режирани” и затоа „не се ниту вистински, ниту лажни во познатата смисла на овие поими”, и следствено — се опасни.

Всушност, постои разлика меѓу општење и комуникациja. Општењето е тесна суштинска и битиjна врска меѓу луѓето, битиjно со-учество во болката на другиот. И обратно, комуникациjaта е надворешна врска, коja што го остава човекот далеку од суштината на другата личност. Општењето го гледа човекот како — личност, комуникациjaта го гледа човекот како — маса. Park вели, дека комуникациja може да има и меѓу животните, кучињата на пример, кога тие се сретнуваат и се распознават. „Тоа, сепак, не е разговор, туку комуникациja”.

Основниот принцип на масовната комуникациja се состои во привлекувањето на интересот на другиот со цел запознавање со него, наjмногу заради распространувањето на некаков продукт. Главното средство за успешно постигнување на целта е лозунгот, мотото.

Црквата и масовната комуникациja

Со горните редови не си поставувaм за цел да ги опишувам принципите на науката за комуникациjaта, што е работа на специјалистите во таа област. Она што мене ме интересира, е да ја видиме врската меѓу Црквата и науката за масовната комуникациja. Го кажувам ова, зашто многу од неjзините принципи навлегоа во нашиот црковен живот, под силното влиjaние на современиот општествен и политички живот. Некои велат, дека нешто не треба да се прави на тој начин, зашто не е добро за масовната комуникациja… А други, дека нешто требало да се прави, зашто добрата комуникациja (со масите?) го барала. Има и многу клирици, кои го снижуваат православното богословие до нивото на масовната комуникациjaта и наместо да богословствуваат, тие – лозунгуваат/(фразерство – забел. м.).

Јас мислaм, дека Православната Црква денес може да използува некои од методите на масовната комуникациja за пастирски цели, но не може својата деjност да ја поистоветува со неa. Црковниот живот и православното богословие не се стремaт кон привлекување на интересот или вниманието на другиот, не сакаат да имаат приврзаници, ниту трговска целна група, не се интересира како да ја ограничи слободата на изборот на другиот преку разни итроумни потфати, на пригодно место и време, не сака надворешен развој на човечките врски, туку се стреми кон преобразување на човекот. А тоа преобразување не се случува со пароли/фрази, ниту со убави слики, со популaрност, позитивни писма, убави мисли и поклонички патувањa, туку со лична разновидна борба на егзистенцијалното „поле”…

Daniel Boorstin го користи следниот пример, за да ја покаже разликата меѓу “реалното” и „вештачки создаденото”, јас би рекол: меѓу лицето и идолот. „На една маjка ѝ кажале: „Ах, колку е убаво вашето бебе!”. „Тоа е ништо” — одговорила маjката ­— „Чекаjте само да ja видите неговата слика!”

Не можам да ги разберам духовниците кои повеќе се занимаваат со имиџот, со снимката, со новоста, со масовната комуникациja, со надворешната активност, а го оставаaт без помош болниот и страдален човек. Не можам да ги разберам духовниците, кои живеат во „треската” на надворешната активност и на зголемувањето или опаѓањето на нивната популaрност, што често се случува на штета на црковната диaкониja, само и само да го зголемат процентот на општественото одобрение кон нив. Не можам да си ги замислам Апостолите или Отците да се интересираат за поклонички туризам, за да ја зголемат својата популaрност. Ако го правеа тоа, немаше да го исповедаат Христос и да завршат својот живот како маченици.

Како заклучок сакам да кажам, дека масовната комуникациja е добра за партиски цели или за целите на пазарот, за нарастувањето на туризмот, но не и за богословието и Православната Црква. Исползувањето на принципите и методите на масовната комуникациja за црковни и богословски прашања, со цел да се постигнат надворешни впечатоци, не помагаат за современиот страдален човек. Тоа е како некоj да го покани болниот да отиде во наjмодерна болница и да го остави таму без лечење на неговите болки и очаjaние. Или да го покани во болница, но наместо тоа да го одведе во хотел со соодветен персонал… Тоа би породило безмерно очаjaние!

Преземено од: Двери.Бг

 

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

w

Connecting to %s