Московскиот Патријархат и Руската Задгранична Црква: Патот кон Единството

На 25 април 2007 г. во весникот “Washington Post” («Вашингтон пост», 25 април 2007 г.) е објавено интервју со претседателот на Одделот за надворешни црковни врски на Московскиот Патријархат — митрополитот Смоленски и Калининградски Кирил. Целосниот текст на ова интервју се наоѓа и на официјалниот сајт на Московскиот Патријархат.

…Наталожените разминувања даваа на знаење: зад границата, не гледајќи го животот на Црквата во татковината, многумина навикнаа да размислуваат за неа како за слугинка на безбожната држава која, небаре, ја предала чистотата на верата во премногу тесното општење со неправославниот свет. Освен тоа, имаше и практични проблеми — на пример, почнувајќи од 1990-ите години, Руската Задгранична Црква формираше свои епархии во границите на Русија паралелно на веќе-постоечките епархии на Руската Православна Црква.

Во мај 2004 г. започна заедничката работа на двете комисии, кои од тогаш одржаа осум средби. Беше изработен заеднички пристап кон темите на взаемните односи меѓу државата и Црквата, меѓу православието и другите конфесии. Беше изнајдена канонска форма на потполно единство при зачувување на внатрешното самоуправување. Ние при тоа сметавме дека е неопходно да се тргне од уважување на историски добиените реалности, за Задграничната Црква да не мора да прибегнува кон «кршење» на административниот систем кој се одржал со десетлетија.

Понекогаш — особено на почетокот — кај членовите на комисиите се создаваше впечаток дека тие говорат на сосем различни јазици, понекогаш дијалогот застануваше во ќор-сокак, од кој, изгледаше, дека нема излез. Но, благодатта Божја навистина ги надополнува човечките слабости. На крајот, секогаш се наоѓаше заеднички јазик…

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

w

Connecting to %s