Соборност или корпоративност? Органот на соборноста и единството

Евхаристиското собрание во сите времиња останува семе на соборноста и единството, кое израснува и дава плодови. Своето емпириско остварување соборноста го наоѓа во особениот орган, кој го изразува тоа своjство. На грчки го нарекуваат «синод», а на руски/македонски јазик «собор». Црковните собори, од историјата на древната Црква, подоцна ги добивале ознаките «Вселенски» и «Поместни».

Од формална страна, Црковните собори се разликуваат според времето и составот. Ознаката «архиереjски» говори самата за себе. Во овој собор можaт да учествуваат само архиереи. Некои сметаат дека тоа е недостаток, а други – достоинство на Архиереjскиот собор. Во клирикалната еклисиологија, каде што единството на Црквата се определува од единството на епископатот, Архиереjскиот собор го изразува принципот на Црковното единство. Соборноста на Црквата може да ја изрази само Црковниот собор, во кој зема учество иерархиската полнота: епископите, клириците, монасите и лаиците/народот. Рецепцијата на соборните решениjа отпадна од Црковната традиција во врска со централизираното назначување на епископи, во кое не учествуваат клириците и лаиците на епархиите.

Во древната Црква епископот на соборите бил претставник на своjата Црква. Тој говорел за Црковните проблеми од нејзино име. Неговото расудување не било сопствено/приватно мислење. Тој го носел пред отците на соборот гласот на своjата општина. Традицијата се изменила до својата спротивност, откако го ограничила соборот со репрезентативното право.

Во новата традиција епископот ја претставува власта на Патријархот/Архиепископот и на Свештениот Синод во своjата епархија. Тој оди на Црковниот собор без епархиско просудување. Разгледувајќи ги со сите епископи на земјата Црковните проблеми, тој во својата епархија ги донесува прифатените решенија. Соборните решенија не подлежат на просудување на епархиско ниво. Обидот тие да бидат анализирани, Црковната власт го смета за непотчинување на началството.

Техничкиот термин „синодос” прв го применил Евсевиj Кесариски во врска со «пасхалните спорови». Соборот се собира не за да се «договори», туку за да ја изрази Божјата волја. Со оваа претпоставка Црковната традиција ја засновува оценката на составот и црковноста на собортот.

Соборите од 1-2 век по формата се совпаѓале со Црковните собранија на општината. Совпаѓањето се нарушило, кога границите на конкретните општини го изгубиле католичниот рељеф, впишувајќи се во вселенската јурисдикција. Црковната општина се покажала неополномоштена да ги разгледува/просудува догматите. Католичните прашања ги просудувала вселенската Црква, во коjа полнотата на власта ја добиле епископите. Црковната свест продолжила да ги гледа соборите како собрание на Црквата, а не само на епископите. За св. Кипријан; без пресвитериумот и народот – епископското собрание не било црковно, зашто не е само «Црквата во епископот, туку и епископот е во Црквата». Собранието на епископите се одржувало заедно со целата општина, во коjа се одржувало нивното советување. Собор станало црковното собрание на конкретната општина, засилено со повикување на епископи од други општини. Таквиот состав го потврдуваат сведоштвата на св. Дионисиј Александриски, еп. Фирмилијан Кесариски и терминот „синодос тон аделфон” (собрание на браќата), кој ги означува «сите членови на Црквата».

Подоцна поимот «синод» се трансформирал. Грчкиот збор «синод» во денешно време го означува административниот орган составен од неколку архиереи, кои постојано деjствуваат при патријархот/архиепископот. Архиереjскиот собор може да се разгледува како проширен орган на извршната власт, кој се собира периодично за решавање на тековните прашања на Црковната практика. Се разбира, ако соборот се разгледува како проширено заседание на Синодот, во него нема зошто да учествуваат клирици и лаици. Ако за Вистина ја прифаќаме доктрината, однапред напишана од иерархиjата, нема потерба да се собираат лаиците и клириците за нејзино разгледување. Указите на Свјатеjшиот Патријарх или на епархиските епископи ние не ги анализираме. Ние се потчинуваме ма тие Укази. Во тој случај, во право е епископот Марко (Головков): «заседанијата на Архиереjскиот Собор имаат затворен карактер. Финалните документи и одредби на Соборот ќе бидат објавени». Таквиот поглед ја обезвреднува внатрешната оригиналносѕт на вистинита. За чувар на вистината секогаш се признавала полнотата на Телото Христово, а не дел. Преданието, кое ја изразува верата на Црковната полнота, не може да се замени со механичко потчинување на Црковната дисциплина.

Ако меѓу епископите и народот односите се формални, просудувањето не е можно: нивото е различно. Соборот се претвора во орган на претставителната власт. Ние се потчинуваме на власта, не затоа што нејзиниот авторитет се покажува како гаранциjа за Вистината, туку затоа што тој се покажува како гаранција за поредокот. Соборот се претвора во структура на административната власт, чиј состав таа самата го определува со својот Устав. Соборот, кој секогаш ја разбирал Црковата во својство на орган за познание на божествената вистина, не треба да се ограничува со репрезентативното право.

Сите Црковни собранија имаат евхаристиска природа и се разликуваат само по кругот на разгледувани прашања. Затоа соборот може да се разгледува како израз на взаемната љубов на црковните општини. Со врската на љубовта е сврзана целата Црква. Евхаристијата само на епископите без клирот и народот не е можна. „Катхоликин” ја израззува таjната на собранието – „мистирион тис синаксеос” – «Идеже бо еста два или трие собрани во имя Мое, ту есмь посреде их». Прашањето не е во тоа, треба ли да се потчинуваме на Вистината. Прашањето е – како да се определи Вистината? Вистина ли е решението од патриархот и Архиереjскиот собор заради нивниот иерархиски авторитет? Во својство на претставителен орган таквиот собор го изразува формалното единство на Црквата. Соборноста на Црквата може да се изрази само преку Црковниот собор, во кој се претставени сите степени на иерархискиот поредок на Црквата. Соборноста не е демократија. Демократијата се стреми да оствари максимум праведност во општеството кое бара слобода и рамноправност. Соборноста ја изразува вистината и љубовта на слободните личности, кои го осознаваат своето единство во Црквата и очекуваат откровение од Светиот Дух.

«Соборноста често ја мешаат со апостолството на Црквата, разгледувајќи ја универзалноста на учењето како иерархиски пропис. Тогаш Вистината ја губи силата на внатрешната убедливост, и Преданието, чувано од секого, се заменуав со потчинување на надворешен принцип. Соборната Вистина, чувана од сите, има внатрешна убедливост, поголема или помала за секого, во онаа мерка, во коjа тој деjствено е член на Црквата».

Во историјата на Црквата соборот не секогаш ја изразувал вистината. Како се одразува составот на соборот врз донесените решенија? Административниот орган, како правило, се наоѓа во зависност од политичките интереси и општественото мислење. Националната, социјалната или професионалната средина можат да се покажат под влијание на корпоративните интереси. Се појавуав сомневање: што изразува Архиереjскиот собор? Вселенската Вистина или корпоративните интереси на иерарсите?

Условите при кои Вистината се открива на Црквата, се покажуваат како проблем кој предизвикува спорови за составот на соборот.

1) Или Вистината се открива на сета полнота на Црквата со Светиот Дух преку кого Тој благоволи. Така биле донесени решенијата на Апостолскиот Собор. «Апостоли и пресвитерите со целата Црква рассудиија…». Соборноста е изразена не од бројноста на собраните, туку од учеството на Светиот Дух во собранието како начин на познание на божествената вистина и способност на Црквата да внимава на неа. Својството на Вистината и начинот на нејзиното познание се означени со заклучокот на Апостолскиот собор: «изволися Духу Святому и нам».

2) Или Вистината во Црквата ја изразува консенсусот на архиереите, кои се собираат на Архиереjски Собор. «Архиереjските Собори се нормата на Црковниот живот, кој неизменливо постои во текот на веќе две илјадалетија» – смета еп. Марк (Головков).

Владимир Лосскиj ја нарекува соборноста «својство на богооткриената вистина, која е дарувана на Црквата. Може да се каже уште поточно: тоа е начин своjствен на Црквата за познание на вистината, благодарение на кој Вистината станува убедлива за целата Црква – и за Црквата како целина, и за секој од нејзините најмали делови. Затоа, обврската да ја заштитуваат вистината лежи на секој член на Црквата, како на епископот, така и на лаикот, иако епископите се одговорни за неа во прв ред, заради власта што им припаѓа».

протоереј Павел Аделгејм

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s