Архимандрит Софрониj (Сахаров): Литургискиот јазик

Човечкиот јазик е предназначен за изразување на реалностите од различни нивоа: постои животното ниво — на природните потреби; постои блиското нему и сепак, различно, ниво — на примитивните душевни чувства и страсти; постои јазикот на политичката демагогија; постои научниот, философскиот, јазикот на поезијата; на крај, највисокиот од сите — јазикот на Божественото Откровение, на молитвата, на богословието и другите односи меѓу Бога и луѓето — Литургискиот јазик. Апстрактното познание на битието — има метафизички корени; овде спаѓаат науката, философијата и, пред сè, Богопознанието. Зборовите кои ги изразуваат спомнативе видови на познанија исто како и Имињата на Бога, исходат од умната сфера, метафизичката. Во исто време тие имаат своjство да предизвикуваат во умот или во срцето различни реакции, и во таа смисла, тие се покажуваат како “условни рефлекси” кои носат непосреден, автоматски карактер.

На секој јазик му се поставува задача: да го воведе слушателот или читателот во онаа област, на која дадениот јазик припаѓа. Земајќи ја во обѕир “условно-рефлективната” енергија на зборовите, ние мораме особено поголемо внимание да му оддадеме на литургискиот јазик, повикан да породува во умовите и срцата на молитвениците чувствување на друг свет, повисок. Тоа се достигнува преку имиња и поими, кои припаѓаат исклучително на божественото ниво; а исто така, и со употребувањето на помало количество специфични форми на изразување.

Словените промислително се надарени со благословен јазик, кои низ вековите служел за богослуженија, за Свештеното Писмо и за молитви, а — никогаш за пониските животни потрби, дури ни за црковната литература. Ние категорично сме убедени во неопходноста од употребувањето на овој јазик во богослуженијата; нема никаква потреба тој да се замени со јазикот на секојдневието, што неизбежно ќе го снижи духовниот степен и со тоа ќе причини непресметлива духовна штета. Неуместни се аргументите за наводната неразбирливост на стариот црковен јазик на многумина современи луѓе; луѓе писмени и образовани. За нив; да научат малку зборови кои не се употребуваат во секојдневниот живот — е работа за неколку часови. Сите без исклучок трошат огромни напори за учење на сложени терминологии на различни области од научната или техничката теорија; политичките, правните и социјалните науки; философскиот или поетскиот јазик, и слично. Зошто Црквата да се принудува да го изгуби јазикот кој е неопходен за изразување на своjствените повисоки форми на богословието или на духовните искуства?

Сите што искрено сакаат да се приопштат на вековната култура на Духот, лесно ќе наjдат можност да се сродат со бесценетата ризница на свештениот словенски јазик, кој чудесно е соодветен за големите тајни на богослужбата. Малкуте особености на овој јазик го олеснуваат трудот привремено да се ослободиме од страстните побуди: всякое ныне житейское отложим попечение (секоја животна грижа сега да ја оставиме).

Ако при извршувањето на Литургијата би го употребувале јазикот на нашето секојдневие, тој во душите и умовите на присутните би пораѓал реакции од пониското ниво — на нашето физичко суштествување. Човечкиот збор/слово е образ на Предвечното Слово на Отецот. Со зборот Господов се создадени небесата… Он рече, и се создадоа! Он заповеда, и се јавија (Пс. 32, 6, 9). И нашиот збор има творечка сила. Словото на нашиот Бог останува вечно (Ис. 40,8); и нашиот збор ја достигнува вечноста, ако е речено во патиштата на Неговата волја. Преку повикувањето на Божјото Име се извршуваат Тајните на Црквата, вклучително и претворањето на лебот и виното во Телото и Крвта Господови.

Зборовите на Литургијата и воопшто, на молитвите, не се само човечки, туку и дадени Одозгора. Црковниот јазик се однесува на сферата на Божественото Битие; тој мора да го изразува Откровението на Духот и од него породуваните умни виденија. Преку слышание слова Божия (Рим.10, 17) се вдохновува човекот за верата, која го победи светот (1 Јн. 5,4; сп. 1 Сол. 2, 13).

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s