Претседателот на Рускиот фонд за култура, режисерот Никита Михалков повикa да се уважуваат православните традиции и да не се менуваат заради угодување на современото општество.
“Да се преведе црковната служба на (современиот руски) лесносварлив јазик – тоа значи таа да се направи разбирлива. Но, не треба службата да се спушта до неписменоста на човекот, туку човекот треба да се подига до степенот на службата, и во тоа, според мое мислење, се состои најглавното” – изјави Н.Михалков во Москва, во кулуарите на првиот православен студентски форум “Вера и дело”.
Според мислењето на Н.Михалков, не е можно црковните служби да се одржуваат на современиот руски јазик, бидејќи “неможно е да се урива сакралноста на црковната служба во поколенијата”.
“Зашто, она што го слушале, на што се восхитувале и на што му служеле нашите претци, мора токму во таа сакралност да ни се предаде и нам. Токму затоа во школите е неопходно да се воведе изучување на “Основите на православната култура”, бидејќи тогаш нема да се појавуваат излишни спорови”, – смета Н.Михалков.
Тој исто така се искажа против предлогот да се седи во храмовите за време на службата. “Тоа е традиција која не смее да се прекине кај нас, бидејќи поимот “служба” – тој збор самиот по себе веќе го подразбира трудот. Да се седи – може во театар” – рече Н.Михалков.
Во неделата (06 мај) во Рускиот државен социјален универзитет, во Москва, се одржа првиот православен студентски форум “Вера и дело”, по повод денот на св. Георгиј Победоносец.