Евтаназија: Акт на сострадание или убиство?

Главниот проблем на страдалниот човек — е да ја согледа смислата на маките. «Човекот е создаден за среќа, како птицата за летање», — поучуваа од пионерска возраст, подготвувајќи ги за светла иднина градителите на комунизмот. Сега тоа звучи поинаку: «човекот е создаден за кеиф…»

Mass Media го пропагираат култот на здравjето и насладите. Секако, има некаква вистина во тоа. Навистина, здравјето и среќата се во фокусот на сите човечки очекувања. Проблемот е во тоа, што човекот живее во несреќен свет. Од раѓање него го демнат болести, неуспеси, заминување на блиски луѓе, старост, смрт. Значи, мора да се научиме да бидеме среќни во во светот кој е болен.

Овде станува збор не за микроби, скршеници и рани. Некоја внатрешна болест ја поразила самата срцевина на нашиот живот. Секој здив го приближува човекот кон неговиот крај. Од овде е јасно; зошто за вулгарниот атеизам страдањето е бесмислено. Ако човекот — не е повеќе отколку животно што зборува, и ако тоа е тешко болно и бесполезно за општеството, тој треба да си замине. Логиката овде е проста: Ако од животот ништо не може да се земе, тој треба да се прекине, но ако човекот има повисока цел, заради која вреди да живее, тој ќе преброди секаква болка…

Паганските религии, исто така, ќе ги повикуваат своите адепти да „расчистат” со себе. Да ги спомнеме келтите, кои во староста скокале од карпа, индуистите кои си ги расекувале утробите во знак на верност кон своите богови. Крајот на таа жед за самоубиство го постави Христијанството. Евангелието го пресоздаде светот со веста за тоа, дека Бог не е индиферентен/безразличен кон човекот. «Толку го возљубил Бог светот, што го даде Својот Единороден Син, за секој што верува во Него, да не загине, туку да има вечен живот» (Јн. 3, 16). Самиот Бог слезе во длабочината на човечката болка, страдање, оставеност…

Бог умре на Крстот. Сепак, таа Жртва се принесува не просто од солидарност, туку за да му го врати на човекот дарот на вечниот живот. Според зборовите на светителот Јован Златоуст; после Голгота самата смрт станала поинаква: «порано смртта водеше во адот, а сега смртта повторно води кон Христа». Христос воскресна, а тоа значи, Небесното Царство — е на прагот. Од сега; ако болката нè распнува на болничкиот кревет, ние се приопштуваме со онаа чаша на смртната мака, која ја испил Спасителот. Но, тоа значи дека и плодовите од Неговото воскресение, исто така — се наши.

За човекот се поjaви можност веќе овде, внатре во себе да ја разотвори онаа врата, низ која во него ќе влезе неземна радост. Таа врата е — верата, ја отвора — молитвата, а радоста доаѓа со светата тајна Исповед, приопштувањето и причестувањето со Телото и Крвта на Воскреснатиот.

Иако во тв-емиисиите како најава за темата евтаназија служи светла точка, во која се растворa сенка, која ја символизира свеста на човекот кој умира, сепак, всушност, зад линијата на смртта во душата на таквиот човек останува вечната осаменост и копнежот по онаа љубов, од која не можат да разделат ни тагата, ни притеснетста, ни болеста, ни фалшливите насмевки на роднините, ни рамнодушноста на лекарите, ни смртта.

Таа љубов — е Божjaта љубов. Само таа љубов ја донесуваа онаа среќа, која доаѓа низ печката на сите загуби, вклучително болеста и загинувањето на телото. Значи, ако ние сакаме да им помогнеме на безнадежно болните и страдални луѓе, има смисла да не се оправдува правото на самоубиство за нив и правото на убиство за лекарот, туку да им се даде можност да припаднат кон таа Љубов и да се приопштат на Нејзината Тајна.

Какви се пак, духовните извори на самата идеја за евтаназијата?

«Нема ништо полошо од самоубиството, а сепак, бројот на тие страшни гревови секоја година расте. Основнa причина на таа појава е — отсутството на цел во животот, неверување во животот на Идниот Век. (…) Широко распространето денес е мислењето, дека човекот има право да решава за својот живот. Денес во општеството се слушаат глосови, кои бараат да се легализира тоа гревовно «право». Се прават обиди за обjaснување на самоубиството во медицински термини, нарекувајќи го «евтаназиja». Ужасот на ситуацијата се состои во тоа, што орудиja за убиство треба да се направат лекарите, кои според долгот на службата се обврзани да се грижат за зачувување на животот на човекот.

Ние сме должни со сета решителност да изјавиме: евтаназиjaта — е еден од видовите на свесно самоубиство. Во религиозен однос — тоа е краен степен на отпаѓање од Бога… Православнатa Црква не може да ја оквалификува пропагандата на евтаназијата и самоубиството поинаку, освен како прикриен или jaвен сатанизам, ѓаволштина» (Патријарх Московски и на цела Русија Алексиj II).

И како заклучок, важно е да се забележи, дека постои прифатлив пристап кон тоа, како медицината може да ја олесни судбината на смртно болниот човек.

Умирањето — е особено време на човечкиот живот, умирањето е повикано за човекот да биде време на осмислување на животот, и медицината мора да му помогне на човекот да умре — човечки. Таа задача се решава не само со дополнително внимание, туку и со личностен однос кон секој пациент.

Задача на медицинскиот персонал, кој работи со терминалните болни, е да се научат да ја гледаат ситуацијата на умирање со очите на болните. Тоа е неопходно, за да може со нив да зборуваат на ист jaзик, не бегајќи од проблемот.

ѓакон Михаил Першин

патриархиа.ру

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s