Јорданија му изрази недоверба на православниот Ерусалимски патријарх

Атина, 13/05/2007 – РИА Новости.
Две години по отстранувањето на претходниот патријарх Ерусалимски Иринеј во патриаршијата повторно се разви криза.
Како што во неделата соопшти грчката државна телевизија од Ерусалим, раководството на Јорданија го повлекло правното признавање, порано дадено на сегашниот патријарх Теофил. Ерархот го обвинуваат за неостварување на ветувањата, кои ги дал на арапскиот дел од неговата паства.МНР на Грција изрази “сериозна вознемиреност” за ситуацијата околу Ерусалимската патријаршија.
“Брзото решение на Јорданското раководство да го повлече признавањето на Ерусалимскиот патријарх не дава доволно време за патријархот да може да ги преземе неопходните решенија”, – изјави во неделата официjалниот претставник на МИД на Грција, Јоргос Кумуцакос.
Тој не прецизираше, точно кои обврски пред паствата патријархот се подготвува да ги исполни.
Самиот Теофил во интервјуто за неделното издание на атинскиот весник “Катимерини” изјави, дека “против патриаршијата се плетат интриги”.
Ерусалимската патријаршија е една од најстарите православни цркви. Во сегашно време патријаршијата претставува своевиден духовен ред, во кој влегуваат околу стотина клирици. Ерархијата на патријаршијата традиционално ја сочинуваат грчки монаси. Притоа, кандидатурата на секој избран во клирот на патријархот мора да биде одобрен од Јорданија, Палестинската автономија и Израел, кој поддржува статус-кво во Ерусалимската патријаршија. Сериозно влијание во црковните работи има и Грција.
Овој сложен систем зададе сериозен удар пред две години. Како обвинет за финансиски спекулации – патријархот Ерусалимски Иринеј беше отстранет од епископите на својата црква. Тој, сепак, не го призна тоа решение. Израелското раководство до денес официјално го признава Иринеј како глава на црквата, а Јорданија прво го поддржуваше новоизбраниот патријарх Теофил, а потоа ја повлече својата поддршка. Сега на патријархот Теофил му остана поддршката само од власта на Палестинската автономија, а исто така, и од Грција. Патријархот, како и порано, две години по изборот, нема целосна контрола над животот на патријаршијата, особено не над нејзините финансиски аспекти.

Јорданија повторно го призна Ерусалимскиот патријарх Теофил

 

Израел официјално го призна Ерусалимскиот патријарх (17.12.2007)

 

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

w

Connecting to %s