О благостоянии Святых Божиих Церквей и соединении всех, Господу помолимся.

По многу бурен црковен период во Македонија, на повидок се нови преговори меѓу Македонската Православна Црква и Српската Православна Црква.

„Обраќањето од Синодот на СПЦ” (од 2002 г.) кое нудеше црковно единство преку поединечно пристапување, според самата своја смисла беше ултимативно. Кога се повикуваат лаиците/мирјаните на Црквата „да ја преземат одговорноста” тоа значи дека „дошол ножот до коска.” Но, во некои срца прозвучи христовиот глас: „Стави го ножот во ножницата.” Многумина сфатија дека ефект од насилството – е деформација на свеста и губење на способноста за дијалог. Согледувањето од потребата за продолжување на преговори по едно такво „Обраќање” со апокалитички призвук и по диверзантската акција за замена на црковниот идентитет со фалсификуваната ПОА, дава надеж дека трезвеното анализирање на состојбите ќе придонесе за донесување на општоприфатливо решение.

Митрополитот Смоленски и Калининградски Кирил на приемот на делегација од Македонската Православна Црква, во април 2007 г. предупреди дека „решението на проблемот со статусот на Православната Црква во земјата мора да биде постигнато преку дијалог со Српската Православна Црква и да се засновува на свештените канони на Црквата.” Заради грубото и неуспешно експериментирање во живото ткиво на една Црква и народ, тој истакна дека конечното решение мора да биде донесено „со обѕир на пастирските и духовните потреби на православните верни во Република Македонија.”

„Автокефалијата на древната Охридска архиепископија била востановена во 1967 г. од иерарси, ракоположени од Српската Црква. Иако, Српската Православна Црква го прекинала канонското општење со тие иерарси, таа продолжуваше да го признава нивниот архиерејски чин и дозволуваше нивните духовни чеда да се причестуваат во своите/српските храмови. Строго говорејќи, преемници на Охридската архиепископија која имала автокефалија сè до крајот на XVIII в. се јавуваат три поместни Цркви: освен Македонската, тоа се Српската и Бугарската. Во раното Средновековие Охрид се сметал за бугарски град, а сега тој се наоѓа на територијата на Македонија. И сосем праведно се поставува прашањето: Ако Србија и Бугарија ја наследиле охридската автокефалија, зошто тогаш да не може да ја наследи паствата на самиот Богоспасуван град Охрид? Ако во “вселенското православие” веќе постојат две “пост-охридски” автокефалии, тогаш зошто да не може да има и трета” (Александр Солдатов)?

Што можеше да се види во минатиот период и како беше окарактеризирано дејствувањето на Српската Православна Црква во однос на Македонската Православна Црква? „Немоќен обид да се прибегне кон сила, не можејќи да се прифати рамноправен дијалог? Рефлекторна радикализација на српската црковна политика? Изгледа, сето тоа заедно. Но, како и да е, на предизвикот на одделувањето треба некако да се одговори, и кој-знае, можеби токму суровиот одговор, без оглед на нанесувањето болка, ќе го даде посакуваниот резултат” (Алексей Муравьев)?

Денес е сосем очигледно дека не е добиен посакуваниот резултат. Инаку, би била неразбирлива согласноста за продолжување на преговорите, пет години по „Обраќањето” кое беше со „намера да ги исцрпиме сите евангелски средства” .

А, за идните преговори доволно е да се рече: „Кај нас православните не смее да има победници и губитници, сите мора да победиме. Затоа што, ги губиме или добиваме своите души.”

8 thoughts on “О благостоянии Святых Божиих Церквей и соединении всех, Господу помолимся.

  1. Честитки за блогов, нека биде благопомнив.
    Би коментирал дека расколот во Црквата, ни се случи заради запоставување на едната димензија од заповедта на љубовта, а продолжувањето на преговорите, точно укажува која страна била прелестена од мнение за љубовта.

  2. Опрелестенета страна, која заради световно-овоземни и национални-етнофилетистички причини направи пучистички раскол, сака да се врати во рамките на Едната Света Соборна и Апостолска Црква по пат на преговори со истата која што љубовно и долготрпеливо ги чека сите да се покајат и да станат дел повторно дел од Неа.

  3. Погрешен одговор: ја промаши страната, на која „продолжувањето на преговорите, точно укажува”.
    Обиди се уште еднаш.
    Помош:
    Одговорот е видлив не од мојата и не од твојата страна,
    туку од – височина.

  4. Аналфабету! Христос да не ти е премногу радикален кога кажа во Евангелието: „ … одсечи ја раката твоја….“ Што читаш ти на твојата служба?! Евангелие ли?! Прочитај го пак!
    Па тек тогаш да почнеш да размислуваш да пишуваш нов пост на твојот блог.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

w

Connecting to %s