Единството на Руската Црква е востановено

Да молчит всякая плоть человеческая пред лицем Господа!

На 17 мај, на празникот Вознесение Господово, во храмот на Христос Спасителот, во Москва, се изврши торжествено потпишување на „Актот за канонско општење” помеѓу Руската Православна Црква – Московска Патријаршија и Руската Задгранична Православна Црква.

Патријархот Московски и на Цела Русија Алексиj Втори смета, дека восстановувањето на изгубеното единство на Руската православна Црква (РПЦ) се покажало тешко, и повикува да се помни оваа лекција.

“Восстановувањето на изгубеното единство се покажа тешко и долго дело, кое бараше многу усилби од секоја од страните”, – се вели во посланието од Алексиj Втори во врска со потпишувањето на Актот за канонско општење.

“Со нашето денешно воссоединување во духот на братската љубов символички е поставена последнaтa точка во драматичната историја на граѓанската воjна. Од сега Рускатa православна црква зад границата (РПЗЦ), зачувувајќи ја својата самоуправа, ќе биде неодделив дел на едната поместна Руска православна Црква, соединета во општење и единство со целата полнота на Вселенското православие”, – се истакнува во обраќањето од патријархот.

Патриjархот забележа, дека Русиja во 20-иот век преживеа еден од најтрагичните периоди на своjата историја.

“Рускатa Црква до дно ја испи горката чаша на човековата неволја, таа длабоко го прострада духовното преобразување на својот народ, давајќи во негово оправдание пред Бога голем собор Руски новомаченици и исповедници “, – рече поглаварот на РПЦ.

По неговите зборови, народнатa трагедиja довела до разделување во самата Црква.

“По политичката катастрофа на Русија, повеќе години беше прекината врската меѓу Црквата во Татковината и делот на руското рассеjaние/дијаспората, и тој раскин болно беше доживеан од црковната свест”, – забележа претстоителот на РПЦ.

“Да се зарадуваме за нашето единство. Да ги помниме лекциите на Божјото вразумување и цврсто да го чуваме сојузот на љубовта кој нè сврзува”, – се вели во посланието.

Претседателот на комисијата на Руската православна Црква зад границата (РПЦЗ) за преговорите со Московската патријаршија, архиепископот Берлинско-Германски и Великобритански Марко, ги повика противниците на единството со Црквата во Татковината да се премислат.

Одговарајќи на прашањето за можноста од заминување во раскол на одделни клирици и лаици на РПЦЗ, кои не го прифатија решението на своето свештеноначалие/ерархија за воссоединување со Мајката-Црква, архиепископот напомни, дека расколите се вообичаена поjaва во текот на целата историја на Црквата, па оттука и во РПЦЗ. Истовремено, архиереjот истакна, дека сите расколници, поконкретно, во руската дијаспора, заминале или во небитие, или во “полубитие”.

Именувањето на Руската православна Црква зад границата (РПЦЗ) по обединувањето со Московската патријаршија нема да се измени, рече за РИА Новости секретарот на комисијата на Московската патријаршија по дијалог со РПЦЗ – протојереjот Николаj Балашов.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s