Чувствување на чудото

Со текот на времето ќе бидат напишани многу интересни и важни (текстови) за тоа, како станало можно воссоединувањето на Руската Црква, за тоа, што го попречувало и што го помагало процесот на зближување на задгрaничното Православие и Мајката-Црква во Русија. А сега, сите ние се наоѓаме под впечатоците на првиот и најглавен настан, кој се случи на 17 мај во храмот на Христос Спасителот — потпишувањето на Актот за канонско општење.

За светскиот човек термините «канонско општење» или «евхаристиско единство» веројатно не се најразбирливи. Тоа е очигледно дури според коментарите, кои на 17 мај на новинарите им ги даваа верните — учесници на торжественото богослужение, на степениците на Храмот на Христос Спасителот. «Радост, голема радост», — отприлика таков беше лајтмотивот на тие коментари, како од страна на парохјаните на московските храмови, кои во тој ден дојдоа во катедралниот соборен храм на главниот град, така и од устите на поклониците кои пристигнаа на свеченоста од зад границата.

Новинарите беа дури и малку растревожени од тоа, што не можат да добијат од луѓето нешто особено, некакви особено остри зборови и впечатоци. Тие може да бидат разбрани: «восстановување на евхаристиското општење» — тоа се зборови,чие значење е тешко да се осознане за нецрковниот човек. Оттука е желбата да се добие некаква «конкретика»: што може да значи потпишувањето на Актот на практичен план? Како ќе се изменат границите на епархиите на Руската Православна Црква во Европа и во другите региони каде што до сега постоеја «паралелни» црковни структури? Кој од епископите во тие епархии ќе стане раководен архиереј, а кој — викарен? Такви, воглавно, се прашањата, кои ги интересираа репортерите и снимателите на браќата пред потпишувањето на Актот.

Несомнено, сите тие прашања претставуваат определен интерес. Но, сепак, главната содржина на настаните не се состои во структурните измени во Руската Црква. Главното се случи пред три дена, во храмот — во олтарот, а потоа на амвонот на храмот на Христос Спасителот, каде што клирот и паствата на Поместната Руска Црква се причестија со Светите Тајни од едната света чаша. «Ете, што е добро или што е убаво, ако не живеењето на браќата заедно» (Пс. 132, 1), — напишал старозаветниот пророк и псалмопеец. А, во Новиот Завет Самиот Господ се молел за Своите ученици и следбеници: «Да бидат сите едно» (Јн. 17, 21) и им заповедал на апостолите: «По тоа ќе ве познаат сите, дека вие сте Мои ученици, ако имате љубов меѓу себе» (Јн. 13, 35).

Заедничката света Литургија најдобро од какви било официјални изјави покажа: нема ништо поважно и повредно за црковниот живот, од единството на верните. Единство — не формално, засновано на некакви одлуки или укази, не уредено со властни наредби, туку — «единство на духот во сојузот на мирот» (Еф. 4, 1-16). Таа атмосфера, која царуваше во храмот, беше атмосфера на мирот — мирот во значење на помирување и миротворење…

Михаил Моисеев

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

w

Connecting to %s