18 мај 2007 г.
Канцеларот на Германија Ангела Меркел им изјави на европските религиозни лидери дека споменување за Бога или за европските христијански корени, нема да биде вклучено во новиот проект на Уставот на ЕЗ.
А. Меркел, чија земја сега претседателствува во ЕЗ, по средбата со религиозните лидери, која се одржала на 15 мај во Брисел, им соопштила на репортерите, дека поддршката на раководствата на ЕЗ се покажала премала, за да се возобноват преговорите за тоа, да се вклучи ли споменување за Бога во Уставот на ЕЗ, што било отфрлено од француските и холандските избирачи пред две години.
Меркел ветила дека ќе се бори да се спомне значењето на религијата во општеството во вториот дел на документот.