С.-Петербург, 29 маj, РИА Новости.
Октjaбaрскиот реонски суд на Петербург пресуди дека е одржлива апелационата Жалба по Тужбата на петербургската ученичка Марија Шраjбер, која бараше Министерството за образование на Руската Федерација да го забрани предавањето Дарвиновата теорија како главна, — соопшти за РИА Новости адвокатот на тужителката Константин Романов.
Жалбата, поднесена од Мариjа Шраjбер, која не се согласи со решението на судот, кој го отфрли нејзиното барање, ќе ja разгледува градскиот суд Петербург.
“Како што се очекува, градскиот суд ќе ја разгледува апелацијата кон крајот на јуни/почетокот на јули”, — рече Романов.
Освен тоа, во вторникот судот не го прифати предлогот од тужителите, да изрече пресуда во однос на Министерството за образование, која би донела изменување на оние учебници по биологија, кои “ја нарекуваат Библијата митови и легенди и ја сметат за глупост претпоставката дека Бог можел да создаде сè што е живо на нашата планета”.
“Основа за потребата да се изрече пресудата стана решението на судот од 21 февруари, каде што судот забележа, дека, исто така, е согласен со Мариjа Шраjбер во тоа, дека е недозволиво користењето навредливи искази кон православието, кое е основополагачка религија на Руската цивилизација”, — поjaсни адвокатот.
Судот ја одбил тужбата на Шраjбер на 21 февруари. Тужба до Министерството за образование ученичката поднела во јули 2006 г, надевајќи се, дека како резултат од разгледувањето на односното дело, Министерството ќе ги измени образователните стандарди и подготовката на новите учебници, во кои теориите за потеклото на човекот нема да се спротивставуваат.
Освен тоа, во текот на заседанието, кое се одржало на 13 декември, кон барањата, изложени порано во Тужбата, адвокатот на тужителите додал и барање “да се даде извинување во писмена форма на Шраjбер Марија Кириловна за навреда на религиозните чувства на тужителката.”