протоереј Валентин Амфитеатров

8.jpgКолку е прекрасен човекот, кога целосно ќе се предаде себеси на служење на Бога! Колку изобилна љубов источува неговата душа и колкумина е способна да исцели! Ние сите сме измачени, истормозени од животот, понекогаш не знаеме каде глава да потсклониме. И ете, таквите луѓе, збогатени со благодатта на Светиот Дух се способни да го расеjат мракот и да ја влеат во нашите срца онаа радост, единствената која е способна да ја засити духовната жед, да исцели. Баќушката Валентин Амфитеатров е – голем лекар на нашите душевни болести.

Неговиот свет гроб на Вагањковските гробишта крај Москва е — жив извор, крај кој речиси еден век доаѓаат луѓе, на кои им треба помош и утеха. Народот со љубов и благодарност баќушката го нарекува “Московскиот утешител”.

Отец Валентин се родил на 1 септември 1836 г. во селото Високо Кромско, срез на Орловската губернија, во благочестивото семејство на свештени­кот Николај Амфитеатров и неговата сопруга Ана. Во Русија родот Амфитеатрови бил прочуен по добродетелите; Преосвештените Владици Филарет и Антониј, даровитиот предавач Егор Василевич Амфитеатров, професорот на Киевската Духовна академија Јаков Космич Амфитеатров – основач на науката по црковното красноречие во Русија — сите овие достојни луѓе му били роднина на отец Валентин.

Не го посрамил својот род ни отец Валентин, напротив — го умножил неговото богатство и ја украсил нашата Црква со својот свет живот. Во 1860 г. Валентин Николаевич се оженил со Елизавета Ивановна — ќерка на протоерејот Јован Филипович Чупров. Според споме­ните на нејзиниот брат, познат научник и општествен работник Александар Иванович Чупров, тие со неговата сестра раснеле «во прекрасно семејство… среде разбирливи родителски грижи и простите, но доволни околности на малиот град». Бракот на отец Валентин бил среќен. По две години на сопрузите им се родил синот Александар, а подоцна и три ќерки — Александра, Љубов и Вера. Баќушката му напишал на шурата: “Ќе кажам искрено, дека мојот семеен живот ми дава толку убавини, што во нив исчезнува целата горчина на животот”.

Во 1860 г. отец Валентин бил ракоположен за презвитер на црквата Благовештение на Пресвета Богородица во Калуга. Во 1864 г. бил назначен на протоерејската должност во Троицкиот храм во градот Лихвин. По застапништвото на светителот Иннокентиј, митрополитот Москов­ски и Коломенски, во 1874 г. отец Валентин бил назначен во храм на Светите рамноапостолни Константина и Елена, кој се наоѓа во југоисточниот дел на Кремљ, во Нижната градина. Кремлев­ските Константино—Еленински врати се спомнуваат во летописите уште во периодот на управување на благоверниот књаз Димитриј Донски, што укажува на постоењето во тоа време на истоимена црква. Во 1651 г. бојаринот Иља Милославскиј на местото на дрвената црква изградил камена, која постојала до 1928 г. Таа се сметала како парохиска, но, бидејќи во близина немало живи домови, таа практично запустувала.

Со назначувањето на отец Валентин при Константино—Еленинскиот храм (него секогаш го нарекувале ѕид и рид, и храмовите биле малку посетувани. Отец Валентин докажал, дека ревностниот свештенник може да ги привлече молитвените христијани и во зафрлените, непристапни храмови. Дури и на бденијата во неговиот храм било тесно. Народот доаѓал кај него не само за да се помоли, но и за да си ја открие душата, да ја излие насобраната горчина, да побара совет». Во текот на осумнаесет години самопожртвуваниот пастир секојдневно служел Божествена литургија, по која со невообичаено внимание извр­шувал молебствија и панихиди, на едни и други, по желба на дојдените, по неколку», а потоа разговарал со обременетите и неволни луѓе.

Отец Валентин бил голем молитвенник. Уште првата средба со него му давала забележително олеснување на човекот со болна душа и потиштен од неволји. А потоа, откако ќе го примел во своето духовно стадо, баќушката го водел кон спасението, колку и долг и тежок да бил патот. Во своето пастирско служење отец Валентин се потпирал на традициите на православното старештво. Трудејќи се да го воспита во парохјаните пред сè внатрешното благочестие, тој ги поттикнувал да обраќаат особено внимание на скриениот живот на душата.

— “Мораме да стра­жариме и да го заклучуваме срцето и да наслушнуваме, некако да не се вовлече непријателот (лошите мисли), — ì говорел тој на својата духовна ќерка. — Како што од крадец се пазат, так и ние треба да го чуваме своето срце… Мораме сè да разагледуваме, да наслушнуваме, кон што води, бргу да ги отрламе. Со што? Со молитва, со солзи, со покајание, со светата причест… Мора да ги имаме за­поведите во срцето; секоја недела да се прегледа совеста, споед заповедите ли живеш”.

Исповедта и Причеста со Светите Христови Тајни отец Валентин ги сметал за главни основи на духовниот живот. Тој учел, дека испо­ведта во никој случај не смее да биде формална. Да се покаеш — значи да ги измениш своите мисли, чувства, желби и најнапред — дејствата. “Кој сака, во него да бидат мирот, благодатта, радостта, а исто така и меѓу неговите ближни да господарат мирот, дружбата, љубовта, тој мора да се покае, то ест сосем да се измени, а главно, тој мора да бара утеха од Господ Спасителот, Кој секогаш е подготвен да му помогне на оној што се кае”.

За тајната Света Причест отец Валентин говорел, дека “тој дар е многу голем, и во целиот свет друг не постои, со кој може да се споредува…

Достојното примање на Светите Тајни го соединува човекот со Бога за вечност, засекогаш. Таквиот човек во себе ја носи благодатта Божја. Тој е толку близок со Господа, како зелената гранка со плодоносното дрво, на коте расте”. Своите ду­ховни чеда баќушката ги поттикнувал на често Причестување: “Јас многу го сакам оној што често се причестува — тоа се мои пријатели». Но притоа, од причестниците се барала сериозна подготовка. Исповедајќи го како неопходно исполнувањето на барањата на типикот, основно внимание тој обраќал на внатрешната состојба на оние што се подготвувале за причестување: “Господ треба да се при­ма со смирение, со кротост и со радост. Како што рекол Господ: “Кого ќе погледнам? ” Потоа Господ рекол по Воскресението: “Радувајте се.” По причестувањето треба да се радуваме, тогаш не приличи никакво скрушение”.

Во центарот на односите меѓу духовникот и неговите чеда, пастирот го поставил задолжителното послушание. Истакнувајќи го значењето на оваа добродетел, тој говорел: “Без послушание човекот е како див коњ без узди: тој е убав и силен, но страшен и бесполезен… Што може да биде попријатно од момчето, кога тоа оди таму, каде што го води искусната рака на таткото? Што може да биде поутешно, кога ќе видиш ќерка, која со потполно внимание го слуша пријателскиот совет од својата мајка, која ги познава светлината и сенките на овој свет? Колку е среќно семејството, во кое живеат луѓе што го усвоиле за себе по­слушанието: постарите навикнале да се покоруваат на законот Божји, на законот од мојата држава, а помладите одат по стапките на постарите!”

Дејствено средство за воспитување на парохјаните биле проповедите. Многумина во нив наоѓале одговори на своите прашања и недоумици.

Во 1892 г. епархиската управа решила да го премести во друг храм, што на пастирот и на неговите духовни чеда им причинило длабока тага. Во писмото до А.Ф.Кони баќушката напишал: “Со мене постапија како со работник, кој нашол кал, го исушил, го исчистил, го култивирал и почнал да гледа резултати од своите осумнаесетгодишни грижи, и одеднаш на тој работник му ја одземаат неговата нива и го прогонуваат од неа. И тоа со груба жестокост, во присутство на други, со остри гестови. До денес ги слушам тие зборови, кажани со силен глас и со заповеднички тон, вообичаен за разговорите со уличните нарушители на поредокот. Но, Вашето писмо ме прекали против огнот. Сега поцврсто и поспокојно ќе барам врата за своето излегување, но несомнено, поблиска врата ќе биде вечноста». Преживеаното многу го ослабнало здравјето на баќушката, тој почнал почесто да се разболува…

Отец Валентин го назначиле за настојател и старешина на Кремлевскиот храм Архангел Михаил. Свештенството при храмот се состоело од три свештеници, кои служеле по редослед. Новиот настојател почнал строго да го следи исполнувањето на црковниот Типик и да ги пресекува пројавите на невнимателност и небрежност на свештенослужителите, кои веќе станале навика. Почнало да се буди незадоволство против него, заради што отец Валентин за малку не го напуштил храмот. Но, во 1895 г. храм бил прогласен за ставропигијален, и тоа го избави­ло настојателот од многу непријатности.

Заедно со пастирот на новото место преминале неговите многубројни духовни чеда, и тој како и пред тоа, многу време и сили оддавал на нивното пастирствување. Двојна грижа баќушката имал за сиромашните, безра­ботните, сираците и вдовиците; на едните им помагал од своите лични средства, на други — преку духовните чеда и почитувачи, меѓу кои имало и богати трговци, судии, адвокати, влијателни службеници. Тие самите молеле да бидат исползувани нивните можно­сти за служење на ближните.

В. Н. Зверев, чие детство и младост поминале во општење со ба­ќушката, напишал: “Со текот на времето стана сосем јасно, дека отец Валентин го има дарот на прозорливост. Тој необично лесно ја разбираше душевната состојба на оние што се обраќаа кон него, на кои им беше проблем дури и самите да се искажат, и, за чудење на таквите, често одговараше и на сè уште непоставените прашања. Со својата природна деликатност отец Валентин се трудеше тоа да биде што е можно помалку забележливо, но сите што се сретнуваа со него имаа впечаток дека, од отец Валентина и неговата проникливост ништо не може да биде скриено”.

Со време баќушката сè почесто почнал да се разболува: нозете му отекувале, муј било тешко да стои; се влошувала болеста на срцето. Во 1902 г. баќушката го изгубил видот и својата многубројна паства ја примал дома. “Сепак, примајќи ги кротко искушенијата што се струполиле врз него, баќушката не ја изгубил ни јасноста на ду­хот, ни нему својствената добродушна веселост”,— напишал В. Н. Зверев. Простувајќи се на последната средба, баќушката му рекол: “Секогаш благодарете му на Бога… За сè, за сè… Не се огорчувајте прекумерно во несреќите”.

Протојерејот Јован Кронштадски многу го почитувал отец Валентин. Кога кај него доаѓале московјани, тој им препорачувал да се обратат кај московскиот пастир, велејќи, дека отец Валентин е подобар од него. Интересно е тоа, дека двајцата боговдахновени служители на олтарот Господов се упокиле во иста година, во 1908 г.

Отец Вален­тин го погребале, согласно неговата желба, покрај неговата сопруга, Елизавета Иванов­на, која се упокоила во 1880 г.

В.Н.Зверев си спомнува: “Смртта на отец Валентин дојде во лето, помнам, за време на жетвата. Повеќето што го знаеја истиот час ги оставија своите работи и грижи и побрзаа во Москва, за да го оддат послед­ниот долг кон саканиот пастир. Во возовите, кои тогаш патувале кон Москва, од сите краишта на Русија патувал со иста цел многу на­род. Боголюбивата Москва и провинцијата достојно го испратиле телото на отец Валентин до местото на неговото последен покој.

На гробот на покојникот бил поставен споменик во вид на голема плоча со соодветен напис. Многу години гробот на баќушката го привлекувала крај себе неброеното семејство од неговите духовни чеда, служејќи како ме­сто за средба на осиротената паства.”

Малку пред смртта отец Валентин им говорел на своите духовни че­да: “Кога ќе умрам, одете на мојот гроб и кажете ми сè, што ви е потребно, и јас ќе ве слушнам, и не ќе успеете уште ни да си заминете оттаму, а јас сè ќе ви исполнам и ќе ви дадам. Ако некој дури на километар од мојот гроб ми се обрати, и на тој ќе му одговорам”.

Господ го обележал гробот на праведникот со особен знак. “Луѓето кои го посетувале гробот — сведочи И.Н.Зверев — забележале, дека на површината од гранитната плочата што остинувала од ноќниот студ, утринското иње го насликувало ликот на починатиот отец Валентин. Изобразбата се појавувала необично јасно. Во зимата на очистената од снег површина таа слика била особено убава. На сината позадина на ледените обрасци ликот на отец Валентин се одделувал јасно, сјаејќи на блесокот на сонцето со своите чудесни нијанси. Под дејст­во на топлината сликата постепено исчезнувала, но редовно појавувајќи се на соодветната температура, и служела како голема утеха на сите што имале можност да се убедат со сопствените очи во пројавувањето на Божјата благодат”.

Од тоа време па до наши денови моштите на угодниците Божји источуваат чудодејствена сила.

Пред три години Комисијата за канонизации на Московската Патриаршија го разгледала и позитивно го решила прашањето за прославување на протоерејот Валентин Амфитеатров. Се надеваме дека во најблиско време Црквата ќе го вброи баќушката во соборот на светите. На Небесата тој, несомнено, одамна е прославен од Господа, за што сведочат многубројните чудеса, кои се случуваат по неговите молитви и големото застапништво за нас.

Елена Валерјовна БОЧАРОВА

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s