Ватикан објави десет заповеди за возачите, кои ги содржат принципите на однесување на богобојазливите возачи на патиштата. Заповедите навистина можат да им конкурираат на официјалните сообраќајни правила. Еве го списокот на тие препораки:
1. Не убивај!
2. Сметај го патот како средство за општење меѓу луѓето, а не смртна опасност.
3. Учтивоста, коректноста и внимателноста ќе ти помогнат да ги надминеш непредвидените ситуации.
4. Биди милосрден и помогни му на ближниот во опасност, особено ако тој е жртва на сообраќајна несреќа
5. Автомобилот за тебе не треба да биде символ на власт, насилство или повод за грев.
6. Убедувај ги младите возачи (и не само младите) да не седнуваат зад воланот, ако не се во состојба да го возат автомобилот.
7. Поддржувај го семејството на настраданите во сообраќајна несреќа.
8. Потруди се да организираш средба меѓу жртвите и виновникот за инцидентот, за да им помогнеш да го доживеат ослободителниот ефект на простувањето.
9. На патот заштитувај ги правата на послабиот.
10. Чувствувај ја својата одговорност кон другите.
Документот, во кој се изложени десетте заповеди, се вика “Патеводител на пасторската грижа на патиштата”. Заповедите ги повикуваат возачите да не седнуваат зад волан пијани, да им помагаат на блиските и секогаш да ја чуваат трезвеноста и уредноста, избегнувајќи груби гестови. Треба да се почитуваат не само другите возачи, туку и пешаците, и при тоа својот автомобил да се одржува во добра состојба.
Патем кажано, во градот-држава, каде се наoѓа резиденцијата на поглаварот на Римско-католичката црква, многуте проблеми, кои се наброени во документот, не се сретнуваат. Таму има вкупно околу 1000 автомобили, за кои најголема дозволена брзина е – 30 км/ч. Последната „сообраќајка” таму се случила пред нешто повеќе од година и имало незначителни последици.