Конгресот на САД ќе ја разгледа ситуацијата околу константинополскиот соборен храм „Света Софија”

21 јуни 2007 г.

Меѓународната иницијативна група за враќање на христијанскиот храм Света Софија, во Константинопол, се собрала во Атина. Нејзиниот основач, американскиот политичар со грчко потекло Крис Спиру, закажал средба во Конгресот на САД за разгледување на прашањето за состојбата на религиозните споменици.

Како што соопштил Крис Спиру, лидерот на демократите во државата Њу-Хемпшир, Американскиот совет «Ослободете ја СветаСофија», ќе му претстави на Конгресот докази дека најзнаменитиот православен храм во последните 554 години се подложува на осквернување. Тој напомнил, дека за православните Света Софија — е исто, што и храмот Свети Петар за католиците, Ѕидот на плачот за Евреите, Мека за муслиманите.

«Ние ќе покажеме, дека најголемата светиња на Православието е претворена во меѓународен пазар. Ние ќе го искажеме нашето убедување, дека ниту едно раководство нема право да го управува ползувањето на храмот, ракополагањето на свештеници или утврдување на духовни лица, а исто така, нема права да пропишува или да одобрува едни или други религиозни убедувања», — изјавил Спиру, недвосмислено алудирајќи на раководството на Турција.

Тој, сепак, истакнал дека иницијативната група никако не е поврзана со официјална Атина, и дека нејзината дејност нема цел да повлијае на грчко-турските или дури, американско-турските односи. Тој исто така, изјавил, дека немал никакви контакти со грчки официјални лица или со претставници на Константинополскиот Патриархат. По неговите зборови, за повикот на општото собрание на Конгресот на САД по прашања за човековите права, тој дознал за време на својата посета на Атина.

«Вселенскиот Патријарх — е во иста положба со (храмот) Света Софија: тој е заробеник. Јас не сакам да ја влошувам неговата положба», — рече Спиру.

Храмот Света Софија, главниот соборен храм на Византиската империја, по падот на Константинопол во 1453 г. бил претворен во џамија, а во 1930-ите години, е претворен во музеј. Сега во него се прават изложби, се модни сесии и сл.

Прашањето за Света Софија ќе се разгледува на заседание на Конгресот на САД под претседателство на Том Лантос, претставник на влијателниот Комитет по надворешни работи на Палатата на претставниците.

* * *

На интернет е организирана петиција за враќање на храмот Света Софија на православните. «Турција не треба да биде примена во Евросојузот, додека не ја востанови историската правда. Градбата Света Софија мора да биде функционален христијански храм, од таму мора да биде отстранет музејот, — се вели во обраќањето на сајтот. — Наша задача — е да ја принудиме Европската Унија сериозно да се заземе по ова прашање».

patriarhia.ru

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s