Вишиот апелационен суд на Турција: Патријархот Вартоломеј нема право на вселенски статус

Анкара. 27 јуни. ИНТЕРФАКС – Вишиот апелационен суд на Турција донесе решение, дека претстоителот на Константинополската црква патријархот Вартоломеј нема право да го ползува во својата официјална титула зборот “вселенски”.

“Патријаршијата, на која и било дозволено да престојува на територијата на Турција, е објект на турското право. Законски основи за претензиите на Патријаршијата за вселенски статус отсуствуваат“, – се вели во судската одлука.

Апелациониот суд ја забележал, исто така, неможностаТурција да даде “специјален статус” на која било малцинска група.

Така, Турција уште еднаш одби да го признае Вартоломеј како духовен лидер на целото светско православно општество, сведувајќи го неговиот статус до степен на поглавар на поместната општина на православните грци.

Деновиве министерот за надворешни работи на Турција Абдулла Ѓул во интервју за атинскиот весник “Катимерини” изјави, дека позицијата на неговата земја во однос на статусот на Патријаршијата останува неизменет во рамките на положбата определена со Лозанскиот мировен договор од 1923 г., кој му дозволува на Константинополскиот патријарх да се наоѓа во Турција за духовно воспитување на граѓаните од грко-православно потекло кои живеат во Истанбул.

Од своја страна, МНР на Грција изјави, дека судското решение нема да го измени прифатеното православно разбирање на статусот на Константинополскиот патријарх, соопштува весникот “International Herald Tribune” повикувајќи се на “Associated Press”.

“Вселенскиот карактер на јурисдикцијата на Константинополската Патријаршија е основан на меѓународни договори, свештените канони на православието, историјата и традицијата на Црквата“, – изјавил претставникот на министерството Георгиј Кумутсакос.

Освен тоа, според неговите зборови, “признавањето на вселенскиот патријарх како духовен лидер и сега, и во текот на вековите било длабоко вкоренето во свеста на стотици милиони христијани – како православни, така и неправославни – во целиот свет“.

One thought on “Вишиот апелационен суд на Турција: Патријархот Вартоломеј нема право на вселенски статус

  1. Ако Судот на Турција нема право да го оспорува и укинува вселенскиот статус на Константинополскиот Патријарх, може ли да се смета за сосем невалидно и укинувањето на Охридската Архиепископија што – аналогно на денешната ситуација – се извршило со султански декрет. Дали овде постојат некои историски паралели?
    Бидејќи, и автокефалијата на Охридската Архиепископија „во текот на вековите е длабоко вкоренета” во свеста на многу христијани.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s