Митрополитот Кирил Смоленски настапил со критика на “фолклорното православие”

Москва. 25 јуни. ИНТЕРФАКС – Во Московската патриаршија го сметаат за погрешно тежнеењето на дел од верните; да ја запазуваат само обредната старана на православието.

“Многу православни луѓе и денес по инерција сметаат, дека главна работа, на религиозниот подвиг е единствено пројавувањето на верност кон надворешните религиозни традиции и обичаи”, – изјавил претставникот на Одделот за надворешни црковни односи на Московската патриаршија – митрополитот Смоленски и Калининградски Кирил, во етерот на емисијата “Слово од пастирот”, прикажана минатата сабота на Првиот канал на РТВ.

“Тоа неосознато (бездумное), “фолклорно православие” создава хранлива почва за развој на најразлични секти”, – истакнал тој.

Во врска со тоа владиката забележал, дека Црквата денес има задача – да им помогне на луѓето да ја разберат суштината на христијанското евангелие, “дека православието – не е фолклор, не е обичаи, не е музеј, тоа е – живот”.

“Ако во тој дух луѓето го усвојат христијанското послание, тие ќе бидат надежно заштитени од уривачкото влијание на сектите и различните псевдорелигиозни појави”, – убеден е митрополитот Кирил.

Тој, исто така, додал, дека, колку посвесен ќе биде нашиот однос кон верата, колку поблиску ќе бидеме до Божјите заповеди во секојдневниот живот, колку поактивно ќе се потпираме на христијанската мотивација во постапките, “толку посилни и поцврсти ќе бидеме пред притисокот на која било псевдорелигиозна пропаганда, насочена против тоа, на крајот на краиштата да ја урне верата на нашиот народ”.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s