Одговорноста за «христијанофобија» треба да се внесе во општоевропските документи – смета философот Владимир Шохин

Москва, 27 јуни, Благовест-инфо. На неопходноста да се восстанови «духовната рамноправност» на сите учесници на меѓурелигискиот дијалог во Европа укажа философот Владимир Шохин (Институт по философија на РАН), настaпувајќи на меѓународната научна конференција «Христијанство, култура и етички вредности», која се одржа минатата недела во Руската академија на науките.

Почетокот на рефератот беше, според изразот на самиот автор, «песимистички»: тој изјави дека денес е тешко можен целосен меѓурелигиски дијалог во Европа. Секој дијалог подразбира рамноправност на страните учесници. Сепак «меѓу трите монотеистички религии на обединувачката Европа, Христијанството може да се позиционира како најмалку «рамноправно», додека двете други се покажуваат значително «порамноправни» …», забележува авторот. Тој претпоставува дека таа тенденција само ќе се развива. «Христијанството останува на европскиот континент мнозинство, но тоа мнозинство, ако се ползуваме со изразот на Патрик Бјукенен, е «заплашено», се вели во рефератот. Сосем разбирливо и не предизвикува претензии стремежот на муслиманите и јудеите во Европа да станат «рамноправни», истакнува В. Шохин. «Најголеми претензии» за него предизвикуваат самите христијани, «кои доброволно се согласуваат на својата «нерамноправност».

«Всушност, каква рамноправност може да има во христијанско-јудејскиот дијалог, при кој христијаните за себе го признаваат само правото да се оправдуваат за реалниот историски антисемитизам или да ги отфрлаат обвинувањаа за измислениот (апсурдните претензии во однос на Пиј XI за соучество во Холокаустот)? Каква, уште повеќе, рамноправност може да има во христијанско-муслиманскиот дијалог, ако христијанските учесници во меѓурелигиските контакти сметаат за себе дека имаат право единствено да се оправдуваат за обвинувањата за исламофобија и крстоносните походи, не осмелувајќи се (единствен исклучок, според моите сознанија, беше настапот на епископот Виенски и Австриски Иларион на Сесветскиот совет на Црквите) дури ни да спомнат за масовниот ерменски геноцид во Турција со многу значителна антихристијанска компонента, не говорејќи за истребувањето на асиријците, а исто така и за грците во Мала Азија при истиот Кемал Ататурк (сосем еднакви на Холокаустот) или за денешните прогони и убиства на христијани во некои муслимански земји во Азија и Африка?» «Преострата реакција» на муслиманите на неодамнешнот цитат од императорот Мануил II Палеолог, искажан од Бенедикт XVI за исламот, авторот на рефератот исто така ја става во тој ред и ја објаснува со «навиката на нивното непроменливо помирување …за време на понтификатот на Јован Павле II».

В. Шохин ја потврдува својата мисла со редица примери, кои сведочат за поддршката на политкоректноста доведена до апсурд. Таков е и неодамнешниот случај со повлекувањето на опера од Моцарт заради почит кон муслиманите – во споредба со сеевропската демонстрација на «Последното Христово искушение» или «Кодот на да Винчи», кои «никако не им противречеа на претставниците на властите за правата на режисерите на творечко самоизразување». Тоа е и данокот, кој сосем неодмна бил принуден да го плати настојателот на методистичката црква во Дадли за поставувањето во дворот на неговиот храм на дрвен крст како за «реклама на христијанската вера». «Нема сомнение, дека ако чиновникот би се обидел да оданочи некој продавач во продавница за сувенири за менората како «реклама на јудејската религија», тој бргу би бил обвинет за антисемитизам», мисли В. Шохин. «А на Рождество Христово 2006 г. речиси три четвертини од фирмите и организациите во Англија ја забранија божикната символика во работната околина, од страв од успешни судски тужби од соработниците – нехристијани: последните пак, немаат никаква основа да се плашат од тужби од христијанска стрна. Секуларното општество на современа Европа активно ги «превоспитува» оние, веќе малкумина ерарси, кои некако се осмелиле да спомнат, дека Христијанството од Европа сè уште не исчезнало или во крајна мерка и порано било таму. За тоа сведочат скорешните хајки против италијанскиот архиепископ, кој ги повикал своите верни да не брзаат да стапуваат во брак со муслимани, ако тие за себе не сакаат да ја исклучат можноста за христијанско воспитување на своите деца, или против шкотскиот, кој се осмелил да ги потсети своите сограѓани, дека нивната земја првично не била муслиманска или индуистичка» – ја продолжил авторот редицата од примери.

Според неговите зборови, при нееднократната констатација за недозволивост за пројавување какви-било форми на јудеофобија и исламофобија, «христијанофобијата» сè повеќе «влегува во мода во Европа», што авторот го забележал на меѓународната конференција «Религиозната димензија на меѓукултурниот дијалог» во Сан-Марино (април 2007 г.). Тој е убеден, дека отсуството на спомнување за христијанофобија, на пример, во документите на Европската комисија против расизмот и нетолеранцијата, се покажува како «една од гаранциите дека антихристијанските акции во Европа (сè до најбезобразните, од типот на неопаганските потсемвања над свештенните христијански слики) нема да престанат».

Перспективите на меѓурелигискиот дијалог, според В. Шохин, зависат од тоа, во каква мерка христијанската страна ќе се позанимава за восстановување на својата «дијалошка полновредност». «Решителната ориентација на разделените христијански конфесии на сестраната адаптација кон секуларните приоритети и идеологии, наместо на христијанизација на секуларизираното општество» ќе доведе до тоа, «Христијанството сè повеќе да одговара на културно-историската улога, ако не и на «археолошката» традиција». «Само движењето во обратниот правец, кон исконските начела на она Царство, кое според зборовите на самиот Основач на Христијанството, „не е од овој свет” (Јн 18:36), може да го врати Христијанството на неговите изгубени внатршни позиции». Освен тоа, во социјално-политичката сфера е неопходно, според мислењето на философот, да се восстанови влијанието на Христијанството врз општеството преку «реалната поддршка на национално-конзервативните партии». Треба, исто така, да се направат усилби од европските христијани за надминување на нивната разделеност, развивајќи го меѓуконфесионалниот дијалог, разработувајќи «заеднички дејства за бранење на христијанските права». Прво од нив, според мислењето на авторот, би можело да биде координирањето на влијанијата на меѓународните правни организации, со цел внесување статии за христијанофобијата во правните општоевропски документи.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

w

Connecting to %s