Una Sancta

1. „Католичката црква е единствената црква посакувана од Христа” – се вели во документот на ватиканската Конгрегација по дела од доктрината на верата, кој беше објавен во вторникот (на 10 јули).

“Христос создал на земјата една црква, на чии цели и задачи одговара католичката црква, а не другите христијански конфессии” – пишува во документот.

Ватикан признава дека во другите христијански општества, посебно во Православната црква, постојат многубројни елементи на сантификација и вистина , но таму, исто така, постојат “недостатоци”, кои се состојат во тоа што некои вероисповеданија не го признаваат “приматот на Петар, то ест на Папата Римски”. Сепак, тој примат не треба да се разбира како “надворешен и конкурентен елемент во однос на епископите на конкретните цркви” – се истакнува во документот на ватиканската Конгрегација по дела од доктрината на верата.

„Во Православната црква” – според зборовите на Претседателот на Одделот за надворешни црковни врски на Московската патријаршија, Митрополитот Смоленски и Калининградски Кирил: „поинакво е гледањето на состојбата; дека Православната црква е правопреемничката и наследничка според апостолското преемство на древната неразделена Црква.”

2. Оваа претензија на исклучителност од страна на Ватикан – не може да се смета за сензација. Тоа е неговата стара, може да се рече, древна и добро позната позиција.

Православните никогаш, па дури и во Светскиот Совет на Црквите, не отстапуваат од своето убедување, дека Православната Црква е Unа Sаnсtа (Едната Света). Црквата е историска реалност и ние не можеме да ја бараме неа зад границите на Светото Предание, кое историски ни било заветувано и од нас е усвоено. Сè додека православните немаат причина да преминат во друга христијанска конфесија или црква, т. е. додека остануваат православни, тие ќе ја поистоветуваат Unа Sаnсtа со својата Црква.

Но, ова „фундаментално” искуство не треба да биде придружено од никаков триумфализам. Unа Sаnсtа, предадена во Преданието и преку Преданието – не е сопственост на православните.

Протоереј Георгиј Флоровскиј тврдеше, дека вистинската католичност на Црквата го требува сопостоењето како на Источното, така и на Западното христијанство. Говорејќи за “католичниот (=соборностниот) етос” на древната неразделена Црква, тврди дека тој етос е условен од творечкиот однос на византиското и латинското христијанство, кој престанал да постои по големата схизма во XI век. Неговиот лозунг “Екуменизам во времето” немаше за цел да го утврдува традиционализмот, туку го изразуваше убедувањето, дека разделбата меѓу Западот и Истокот сериозно ја повредила католичноста на Црквата.

Уште повеќе, во својата статија во “Есumеniсаl Rеviеw” Флоровскиј направил смел чекор, поставувајќи го прашањето за границите на Црквата и го разгледувал проблемот на екклисијалната природа на неправославните општества. Споредувајќи ги и анализирајќи ги, со нему својствената патристичка ерудиција, екклисиологиите на св. Кипријан и на бл. Августин, тој прави разлика меѓу “канонските” (позицијата на св. Кипријан) и “харизматските” граници на Црквата (погледот на бл. Августин). Притоа, без колебање го прифаќа како свое сопствено гледиштето на бл. Августин: Црквата не исчезнува зад своите канонски граници, благодатниот живот постои и зад нејзините граници/предели. Со други зборови, постои некој вид екклисијалност (црковност) и зад канонските граници на Православната црква.

Православните често се чувствуваат себеси sui gеnеris христијани во однос на Западот. Тоа е тажна последица на бездната меѓу Западот и Истокот, која се појавила како резултат на големата схизма и продлабочувањето на вековното отуѓување и автономно постоење. Од православна страна расте осознавањето на различноста или дури превосходството над варварскиот Запад, додека на Запад се пишуваат книги, кои сакаат да покажат до кој степен православниот свет (разгледуван заедно со исламот!) е сосем несоодветен за цивилизираниот Запад. Последната изјава од Ватикан е само прилог во култивирањето на оваа вековна бездна.

Tриумфализмот заради „нашата вистина” се избегнува со „неконфесионалниот” пристап кон Православието. Христијанството не е една меѓу другите религии на светот. Господ Исус Христос дојде во светот  да стави крај на сите религии и да го воспостави богопочитувањето „во дух и вистина.” Ова значи дека верата на Православната Црква, не е една меѓу другите „конфесии”, туку е Верата на светите Апостоли, на Отците и на Вселенските Собори, „Вера која ја утврди вселената.”

2 thoughts on “Una Sancta

  1. Хммм… Може би треба да вклучиш фусноти со објаснувања на некој поими. Не сите луѓе што го читаат блогов (и многу од различни интереси) се до тој степен навлезени во оваа проблематика и во латинскиот јазик. Како на пример јас 🙂

    Православните често се чувствуваат себеси sui gеnеris христијани во однос на Западот.

    Sui generis ќе мора да ми го објасниш. 🙂

  2. За основното значење на sui gеnеris може да се послужиме со Википедија.

    А, во овој контекст sui gеnеris ја означува самодоволноста на православните.
    Единството на Црквата е императив за сите христијани.
    А, тоа единство не може да биде остварено или исполнето поинаку, освен со средба на оние што ја споделуваат верата во Триедниот Бог и се крстени во името на Отецот и Синот и Светиот Дух.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

w

Connecting to %s