Поуки за бракот и воспитувањето на децата

Десет брачни поуки

1. На својот партнер не бидете му учител. Најдобар начин да го поучете е да го сакате.

2. Бракот е една постојана, но убава авантура, која ни помага да ја откриеме вистината за себеси, за душевниот свет на својот партнер и да го познаеме Бога.

3. Својот партнер треба да го прифатиме онаков каков што е, со сите негови слабости и посебности, а не каков што ние би сакале да биде. Семејството е борилиште и вежбалиште.

4. Настојувајте секогаш да го разберете партнерот или партнерката. Не заборавајте дека мажот размислува само со разумот, а жената – со срцето.

5. Не обидувајте се да го наметнете своето мислење и да го поправете партнерот. Подобро; погрижете се да се исправете самите себе. Љубовта живее од сложувањето на спротивностите.

6. Со вера, трпеливост и љубов – успешно се соочуваме со сите тешкотии во животот.

7. Најголем непријател на брачниот живот е егоизмот. Не ве избавува напаѓањето на партнерот, туку напаѓањето на своето его.

8. Тајната на семејниот мир и спокојство е – простувањето.

9. Бракот е “голема тајна” – која почнува во Црквата, а се обновува со божествената Литургија и со Тајните на Црквата.

10. И внимание: не прави споредување по венчавањето. И најдоброто е непријател на доброто.

Десет кратки поуки за родителите

1. Богато опсипувајте ги децата со љубов. Таа на децата им дава сигурност и ги смалува проблемите.

2. Воспоставете дисциплина. Кога се применува со определена мерка, доследно и разумно, дисциплината ја извежбува способноста на децата и ја зацврстува нивната самодоверба.

3. Барајте прилики за разговор, игра, учење со децата. Воспоставете вистинска комуникација.

4. Трудете се да дадете добар пример, наедно со поучувањето за тоа; што е добро – така станувате поубедливи.

5. Развивајте со децата односи на меѓусебно почитување: така им помагате да бидат одговорни.

6. Обратете неподелено внимание на сè што детето зборува, а не само на она што вие ќе слушнете. Само така ќе го разберете.

7. Трудете се да упатувате, а не да заповедате. Тогаш детето ќе ви пристапува и повеќе ќе ве почитува.

8. Негувајте ја самостојноста и независноста на децата. Така ќе созреваат и ќе стануваат поодговорни.

9. Прифатете ги и разберете ги слабостите; и на своите деца, и своите. На тој начин подобро ќе се разберете самите себе и подлабоко ќе ги сакате своите деца.

10. Со својот партнер одржувајте нежен однос, исполнет со почитување. Децата се радуваат на тоа.

Монах од манастирот Ватопед, на Света Гора

3 thoughts on “Поуки за бракот и воспитувањето на децата

  1. Што убаво совпаѓање – на утрешната литургија во манастирот Свети Ѓорѓи во Скопје, со мојата вереница, стапуваме во светата тајна Брак. Благодарам за поуките и голем поздрав.

  2. Бог нека го пази и спаси сојузот на срцата и чувствата ваши!

    Во денот на светото Венчание
    примете поздрави и желби за среќа, слога
    и секое добро во вашиот брачен живот.

  3. Амин за сè, освен за она „мажот размислува со разумот, а жената со срцето“. Повеќе ќе да е обратно 🙂

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

w

Connecting to %s