протојереј Јован Маендорф: НАЦИОНАЛНОСТА И ЦРКВАТА

Источното Православие низ целата своја историја било религија на народот. Со ползувањето на говорниот јазик во Литургијата, со својата способност да ги асимилира и развие различните култури, со водачите, кои често ја преземаат врз себе одговорноста за цели нации; Православието станува неразделен дел од националната свест на народите. Тоа важи за грците – кои го олицетворуваат Православието со елинизмот, за русите – кои имаат свој ирационален месијанизам за “Свјатаја Рус”, за србите – кои не прават разлика меѓу православие и светосавие (духовното наследство на св. Сава).

Силата на овие различни форми на религиозен национализам е огромна. Комунистите се покажаа немоќни пред неа. Таа сила доаѓа од фактот, дека христијанството е длабоко вкоренето во општеството, во семејните традиции, во светогледот на цели нации: сето тоа е необично достигнување на автентичниот христијански дух, кој го опфаќа и изменува целиот човечки живот, а не како што се случува во нашата секуларизирана цивилизација;­ само еден изолиран дел од нашиот живот. Таа полнота на христијанскиот живот е резултат од дејноста на големите свети на минатото – светите отци на Црквата.

Но , во XIX век се случува нешто ново. Балансот меѓу религијата и културата се губи. Наместо да го осветуваат националниот живот со вложување во него на високите идеали за Едната Црква, како што тоа го правеле светите отци, православните од овој регион започнуваат да ја користат Црквата како инструмент за овековечување на нивните национални, политички и културни интереси. Тие започвнуваат да мислат за себе како за припадници на “грчкото Православие”, “руското Православие” или “српското Православие”, небаре тоа се различни религиозни “деноминации”.

Св. ап. Павле се соочил со слична ситуација во Коринт, каде што христијаните од еврејско потекло и христијаните со паганско минато – формирале посебни заедници. Тој им пишува:

“Ве молам, браќа, во името на Господа наш Исус Христос, да зборувате сите едно и исто, и да нема помеѓу вас раздори, туку да бидете соединети во еден дух и во една мисла. А ова го говорам, зашто еден од вас вели: “јас сум Павлов”, друг: “јас пак, ­ Аполосов”, трет: “јас сум Кифин”, а друг: “јас пак, ­ Христов”. Зарем Христос се раздели? Павле ли беше распнат за вас? Или во Павлово име се крстивте?” (1Кор. 1:10,12-13).

Во Православната Црква има едно свето Крштение, една света Литургија, едно Свештенство и една Вера. И се разбира, има многу луѓе, чии различности – ­ индивидуални, национални и културни ­ се сосем основани, но само толку, колку што тие не го разделуваат единството на Црквата.

Црковните канони навистина ги отфрлаат “националните” Цркви: тие само бараат секоја посебна област на суштинското Единство на Црквата да биде видливо остварена, така што кога исповедаме: “Верувам во една, света, соборна и апостолска Црква” ­ тоа да не бидат празни зборови.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s