1. Десет видни руски научници на 22 јули испратија писмо до Претседателот на Русија со протест против дејствата на Руската Православна Црква, која, по нивно мислење, го зголемувала своето влијание и проникнувала во сите сфери на општествениот живот, со што го попречувала развојот на науката. Обраќањето е потпишано од 10 научници.
Како реакција на незадоволството на академиците од тоа што теологијата е предложена да се воведе во државниот список на научни специјалности, претставникот на Московската патриаршија – отец Всеволод Чаплин потсети, дека теологијата денес се предава на повеќе од 30 светски факултети во Русија, како и во повеќето држави во Европа, „и има сосем исто право да го објаснува светот, како и секоја друга наука”.
„Треба, конечно, да се развенча хирот на таканаречениот научен светоглед.
На цврсти факти можат да се потпираат само природните науки во некои свои аспекти, а во извесен степен историјата. Истовремено, науката не може со стопроцентна фактологиска убедливост да го објасни настанокот на светот. Таа се губи во досетките за најважните елементи на устројството на Вселената”, – истакнува отец Всеволод Чаплин.
Тој забележува, дека историјата, која неизбежно е споена со интерпретирање на фактите, со теориите за развојот на општеството, „не е и не може да биде стопроцентно објективна наука”, а философијата, социологијата и психологијата воопшто се области, „во кои нема и не може да има единствена и неоспорна светогледна позиција”.
2. Науката од почетокот на своето појавување била кодирана на господарење – во тоа е суштината на нејзините претензии, нејзиното безумство. Таа е сродна со капитализмот: на неа и’ се туѓи сите човечки вредности: татковина, приврзаност кон територија, моралот и другите „вторични нешта”, – таа е зафатена со бескрајната потрага по нешто, што таа го нарекува „вистина”. Уште повеќе, научниците – се почесто заличуваат на муслиманските фанатици, за нив освен науката и нејзината потрага – ништо друго не постои, тоа е нивниот „аллах магбар”. Основниот пристап кон реалноста и кон она што веќе било стигнато до нив е – сомневањето. Науката стои на догматот на сомневањето и сомничавоста – тоа е нивната единствена несомнена вистина. Тие се исплашија од Црквата и теологијата, бидејќи таа го става под сомневање самиот нерв на науката, самиот научен метод – неопходноста да се сомневаме во сè.
Времето на науката помина, односно на тоталитарноста на нејзиното влијание на умовите. Таа многу ветуваше, но многу и не исполни: не ги нахрани гладните, не го направи светот подобар и не ги запира братоубиствените војни и демографските катастрофи, а да не говориме за измените на климата и природната околина. Така што; лутете се на себе и на својот идол – господа научници.