Перевезенцев С. В.: ЗА ПРАВОСЛАВНОТО РАЗБИРАЊЕ НА ИСТОРИЈАТА

Воопшто, поимот «историја» има тројно значење. Прво, историјата – е процес на животот на човештвото, на народите, на одделни личности. Второ, историјата – е наука која го изучува тој процес. И, на крајот, трето, историјата – е научна дисциплина која се засновува на научно-историското знаење.

Разликата меѓу науката историја и историјата како научна дисциплина е многу голема. Во процесот на изучувањето на историјата основно внимание се обраќа на собирањето знаења, притоа, знаења, во еден или друг степен – општопризнати, застоени. Во историската наука работата стои сосем поинаку: историската наука – е поле на различни научни дискусиии, при што, единствено/зaедничко мислење на историчарите – е голема реткост. Дури, многу историски датуми мора уште да се докажуваат. А повеќето историски настани и нивната оценка – се предмет на спорови – понекогаш многу жестоки.

Историјата, како наука, не се занимава со изучување и барање само на фактите. Вистинската задача на историјата – е барање на закономерностите на развојот на човечкото општество. А во основата на историското познание лежи поимот «проблем». Поинаку говорејќи, историчарот мора да умее да ја види противречноста на историското битие. И овде е важно да се разбере дека светот воопшто е крајно противречен, а светот на историјата е исполнет со судирот на човечките мислења, интереси, намери – уште повеќе. И само со знаење на фактите, настаните, датумите, во историјата не ќе се снајдеш, поскоро, спротивно, конечно ќе се заплеткаш.

Но, дури ни знаењето на историските проблеми на ситуацијата не спасува, зашто проблеми се многу, а нивни решенија уште повеќе! И таа околност задолжително мора да се разбере: историјата, како наука, – не е апсолутно-вистинито знаење за минатото, туку збир на научни проблеми, збир на историски гледишта, концепции, хипотези, теории.

И колку повеќе се задлабочуваш во изучување на историјата, толку повеќе се уверуваш дека историјата, како наука, се базира не само и никако само на знаењето (кое, секако, е неопходно и ја сочинува основата на историската наука), колку на разбирањето на историскиот процес. А тоа значи, дека историчарот е должен да се стреми кон осознавање на смислата – како на целиот историски процес, така и на посебните историски настани.

Но, разбирањето на смислата на историјата зависи не само од знаењето или од научно-теоретските претстави на самиот научник или на кој било човек, што се стреми кон познание на историјата, колку од неговиот религиозно-философски светоглед, а уште поточно – од неговата вера. Затоа, науката историја најтесно е поврзана и со философијата, и со религијата.

Ако човекот верува дека Бог не постои, тој е последувателен материјалист, тогаш за него и историјата се состои исклучително од дејноста на луѓето. И ако таквиот човек сака да ја види смислата на историјата, тогаш тој осознава само некоја рамна/плитка објективно-материјалистичка нужност. Тогаш во историската наука почнува да владеат економијата и социологијата. А движењето на историјата претставува сличен праволиниски процес, кој се развива од пониско кон повисоко – од пониските форми на економијата и општественото устројство кон повисоките. И тоа е сè. Едно време како такво повисоко социјално-економско уредување кај нас се почитуваше комунизмот, а сега тоа е – некое постиндустриско општество. Но, промената на името не ја менува суштината. За цел на историскиот развој, во двата случаја се објавува општеството, во кое човекот ќе го поседува максимумот материјални блага и ќе живее на Земјата со максимален социјален и битов комфорт.

Во тој случај, кога историчарот во ништо не верува, се објавува за агностик (всушност, верува, но само во самиот себе), тогаш тој се откажува и од признавање на какви-било долго дејствувачки историски закономерности. Но, тогаш и самата историја губи секаква смисла, зашто е вртена од хаосот на постапките и процесите – еден со друг никако не поврзани. Во најдобар случај, таквиот историчар може повеќе или помалку поврзано да ги прераскажува историските факти, но тешко дека ќе најде и ќе проследи врска меѓу тие факти, па и не смета дека тоа мора да се прави.

Двата укажани пристапи кон изучувањето на историјата биле многу популарни во XIX-XX в., а и денес остануваат главни во историската наука. Но, и кај двата пристапa постои општа негативна црта – тие или целосно ги одрекуваат, или пак, ги сведуваат до второстепени – духовните фактори на историскиот развој.

Но, човекот е суштество не само економско или социјално, тој уште е и духовен. Човекот не просто ползи во хаосот на историските настани, туку живее заради некаква цел и во име на некаква смисла. И еве овде и се појавува таа неизменлива врска меѓу духовноста и смислата. Човекот секогаш живее во име на нешто, секогаш постигнува некаква цел и во тоа ја гледа смислата на својот живот. И секој народ исто така, живее заради некаква цел и во име на некаква смисла.

Сепак овие целни и смислови претпоставки на човековото битие не се појавуваат од никаде, од небитието. Уште повеќе, ни самиот човек, ни дури целиот народ, не можат да си ја измислат за себе смислата на своето битие, а ако и измлислуваат, потоа за тоа се жестоко казнувани, зашто, со лажно разбирање на смислата на своето битие – луѓето се уништуваат самите себе.

Од каде пак, се зема смислата на битието на човекот и на човештвото? Одговорот може да биде само еден – смислата на битието се дарува од Горе, зашто таа е вложена во човекот и во човештвото. Од своја страна, поимот «смисла на историјата» го подразбира и тоа, дека и историјата има некаква цел кон која се стреми човештвото во одот на својот развој. А тоа значи и дека смислата на историјата, исто така, е дарувана од Горе, вложена е во човекот, во народот, во целата човечка историја – од Господа.

Оваа глобална суштина на смислата на битието и им ја објаснува на луѓето религијата, затоа што чистата рационалистичка наука просто не може да го објасни – тоа не е нејзина задача. Уште повеќе, драмата, и дури трагедијата на чисто-рационалистичката наука и се состои во тоа, што таквата наука, откинувајќи се од религијата, се стреми самата да ја формулира за луѓето смислата на нивното битие и… се поокажува бессилна тоа да го направи. И тогаш се согледува, дека чисто-рационалистичката наука на луѓето им предложува… лажни цели и ложна смисла на битието. Но, тоа означува и друго – самата наука, без религијата, се покажува лажна. Затоа, вистинската/изворната наука започнува тогаш, кога таа ќе ја осознае својата нераскинлива врска со религијата.

Ете таков, би се рекло, е парадоксот. Изгледа дека науката нема ништо заедничко со верата, која, пред сè, ја потврдува вистинитоста на Божественото, Натприродното и Чудесното. Па, наука – тоа е рационалното изучување на стварноста, т.е. познанието со помош на човечкиот разум на така-наречените «природни закони».

Всушност, главната противречност меѓу науката и верата лежи на друго рамниште – тоа е спротивставеноста на двете форми на религиозната свест. Па, науката – исто така, е вера, т.е. форма на религиозна свест. Само, тоа е вера во човекот, во неговиот разум, во неговите способности. Инаку говорејќи, науката – е дел од сеопштата религија на човекобожието, создадена уште во епохата на Ренесансата.

Воопшто, секое знаење, како резултат на научна дејност, во својата основа ја има верата во вистинитоста на тоа знаење, верата во вистинитоста на рационалните докази. Токму затоа, патем кажано, во науката постојат само различни, една на друга противречни теории и концепции, а самата наука (т.е. рационалното знаење) е севкупноста на концепциите. Приврзаноста кон една или друга концепција се определува од верата во нејзината вистинитост. А, бидејќи секој научник верува во својата вистина, оттаму се и многуте вистини. Науката, како севкупност на многуте концепцие, е севкупноста на многуте односни/релативни вистини, при одрекување на апсолутната вистина или пак, максимумот, при скептичното однесување кон постоењето на апсолутната вистина. Сепак, ако науката ја одрекува или скептично се однесува кон постоењето на апсолутната вистина, тогаш за каква вистинитост на самата наука може да стане збор?

За човекот, кој ја исповеда традиционалната религија, поконкретно, за православниот човек, е разбирливо: ако Господ го дозволил појавувањето на науката, значи, Он вложил во тоа некаква смисла. И ако науката своевремено се откинала од религијата, како носителка на апсолутната вистина, но продолжува да останува денес сосем реална и актуелна сила, тогаш нашата задача се состои во тоа, да ја вратиме науката во пазувите на вистинитата, традиционална религија, таму, од каде што таа излегла. Поинаку кажано, неопходно е да се сврти науката со лицето кон апсолутната вистина и да се врати апсолутната вистина во науката. За тоа може посликовито да се каже, дека сега претстои задачата за воцрковување на науката, како и, воцрковување на образованието.

Признавањето на првенството на религиозната апсолутна вистина не означува неосновано одрекување на науката како севкупност на односните/релативните вистини. Следувателно, неопходно е соединување на науката и традиционалната вера. Можно ли е да се направи тоа? Можно ли е да се соедини принципот на критичко восприемање на сè (а, тоа е главниот научен принцип; кај К. Маркс и Ф. Енгелс едно од делата се нарекувало «Свето семејство, или критика на критичката критика») со религиозниот догмат, т.е. со признавањето дека постојат некои нешта кои воопшто не подлежат на критика? Реално, можно е. И основата, базата на такото соединување – е диалектиката, диалектичкото восприемање на стварноста. Токму диалектиката ни дозволува да разбереме дека традиционалната вера и науката – тоа се две спротивности кои се наоѓаат во диалектичко единство. Уште повеќе, токму на рамништето на диалектиката – науката и се совпаѓа со верата.

Човечкиот разум уште одамна ја разбрал најтесната врска на науката со верата, што нашло свој израз во многубројни научно-идеалистички философски теории – во учењата на Платон, Аристотел, Плотин, Кант, Хегел, Фихте… Изгледа, ништо поголемо не треба да се измислува, и така веќе се е во науката. Но, во дадениот случај, се појавува една голема заблуда. Секој од овде-наброените и од неспомнатите философи, бил тело од телото на својот народ, на својата историја, својата култура, свјата религија. Затоа нивните философски системи претставуваат интелектуална акумулација на животниот, религиозниот, битовиот, социјалниот и сл., опит на своите народи, своите култури, своите традиции. Следувателно, сосем пригодно, за разбирање и осмислување на историскиот развој на еден народ или група народи, тие философски системи се покажуваат бессилни, кога ги поставуваат на сосем поинаков историски, религиозен, битов, социјален опит. И ако спомнатите философски системи на еден или друг начин се применливи, тоа важи во дадениот случај за западноевропскиот историски опит, а во однос на Русија… во Русија тоа го разбираа одамна, не случајно се појави поговорката – «со свој устав/типик во туѓ манастир не се оди».

Главниот методолошки проблем на познаниео на историјата на Русија, еве веќе во текот на три векови, од моментот, кога во XVIII в. се појави руската историска наука, се состои во тоа што татковинската историја ја изучуваа од позиција на друг историски опит. Уште првиот руски историчар В.Н. Татиштев, предложи во основата на историската методологија да се постават принципите на теоријата на «природното право», разработена во западноевропските научни кабинети во XVII – XVIII в. И потоа, какви само философски системи не се исползуваа при познанието на нашето минато: хегелијанството, кантијанството, неокантијанството, марксизмот, позитивизмот… Само словенофилите, во XIX век, а потоа мислителите од плеадата на «руските конзерватори» (Данилевскиј, Леонтјев, Тихомиров и др.) се обидоа да разработат самостојни принципи на историското познание, основани на православна вистина. Но, за жал, нивните разработки така и останаа неупотребени во татковинската историска наука.

Сепак, токму руските мислители од овој круг први на цел глас изјавија дека руската историја многу векови се засновуваше на православието, а самото православие ги формулираше најважните смислови и целни поставки на битието на рускиот народ. А тоа значи, дека кога ние ќе почнеме да ја изучуваме руската историја без православно разбирање, без православен однос кон самиот живот, ние никогаш потполно не ќе го разбереме животот на нашите предци, никогаш не ќе осознаеме во име на што тие живееле, се труделе, умирале…

Затоа, се чини дека најважна задача, која стои денес пред татковинската историска наука – е разработка на православно разбирање на историјата.

За исполнување на таа задача може да се предложат некои принципи на православно разбирање на историјата.

Прв принцип: историјата е воплотување на Божествената Промисла. Следувателно, историјата има смисла и цел на својот развој, а исто така и закони на развојот, определвани од Божествената Промисла.

Втор принцип: закономерностите на историскиот развој се пројавуваат во одот на историската дејност на луѓето. Историската дејност на луѓето зависи од нивната свест и волја. Но, секоја свест е основана на вера. Постои религиозна свест, која има различни форми на изразување. Следувателно, религиозната свест е дејствен катализатор на историскиот развој, укажува реално и непосредно влијание на развојот на конкретните историски настани.

Трет принцип: историјата неопходно е да се разбира како реализација во реалноста на Божествената Промисла, во вид на сложен, диалектички процес на взаемно-дејствија на свеста и битието, и на општествената свест и општественото битие. Притоа, неопходно е да се види водечката улога токму на свеста и, пред сè, на, религиозната свест во историјата. Поинаку кажано, дејноста на човекот се определува од неговата свест. Затоа, неопходно е да се оствари истражување на смисловата содржина на исторската дејност на луѓето, т.е. да се одговори – не само на прашањата «како?» и «зошто?» – туку и на главното прашање – «заради што?». Тргнувајќи од одговорите на ова прашање – «заради што?» – ние и можеме да ја осмислуваме закономерноста на развоите, како на посебните, така и на општите.

Конечно, наброените поставки – тоа се принципите т.е. некои општи методолошки пристапи. И вистинското развивање на тие принципи е можно само во одот на конкретните историски истражувања, на конкретното осмислување на историските настани. Но, ништо помалку, како што изгледа, неопходно е осознавање на овие принципи,

како што е неопходно осознавањето и на уште еден принцип. Тој никако не е четврт, како што би излегло според редоследот. Изгледа, овој принцип треба да се нарече основен: – Православието на човекот воопшто, и на научникот, му ја обезбедува најмоќната етичка основа, без која науката се претвора од орудие на познание во орудие на уништување.

Овде ние и доаѓаме до решението на проблемот: Што е поважно – догматот или критичкото восприемање на реалноста, што понекогаш го нарекуваат прогрес на науката, кој не би запирал. Така, православието кое ги постулира етичките и вероисповедните догмати, му помага на научникот да разбере дека – постојат граници на знаењето, зад кои тој нема право да престапува. Токму и само традиционалната вера на еден или на друг народ, а во нашиот случај, православието – е способно да го насочи развојот на науката во правецот што му е потребен на човештвото и да постави прегради таму каде што тие прегради се неопходни. А такви прегради – се догматите – кои ни се неопходни нам, на луѓето, бидејќи ние можеме да го уништиме и сопственото минато (како што тоа не еднаш и се случувало, кога ние постојано ја преразгледуваме сопствената историја), и сопствената сегашност (клонирањето, вештачката интелегенција – се конкретни примери за тоа), но и иднината.

***

И така, што е историјата од православна гледна точка? Историјата – е наука која ни ја открива смислата на историскиот развој, значи, наука за тоа, како преку знаењето и разбирањето на минатото, да се изгради сегашниот и идниот живот во име на вечниот живот.

www .portal-slovo.ru

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s