За најглавното

* Трагичнатa двоjственост на светот

* Од каде е злото

* Спасението е само во Христа

* Тој е: Патот, Вистината и Животот

* Неопходност од Црквата

* Вистинската Црква е една и неразделна

* Заклучок

 

Трагичнатa двоjственост на нашиот свет

Од рано детство постоjaно се соочуваме со неприjaтниот факт, дека светот во кој живееме е двоjствен и противречен.

Од една страна, тој е величествен и прекрасен! Природата нè восхитува со своjата убавина, со грандиозноста и нежноста; животот нè зачудува со своите загатки и, би се рекло, со неограничените можности. Во нас, според возраста, чувствуваме моќни сили и способности. Ни изгледа дека сè е устроено за нашата среќa, насладa и развивање на силите.

Но, покрај тоа, ние постоjaно се соочуваме со фактот, дека многу од прекрасното и восхитното завршувa со распаѓање и смрт. Во природата – бури, земjотреси, суши, епидемии, од кои животните и растениjaта страдаат и загинуваат. Во општеството гледаме – кавги, грабежи, насилствa, измами и воjни; во семеjствата – кавга и расправии. Дури и во самите себе ние често чувствуваме неспокој и несклад: еднаш нè опфаќаат сомневања, друг пат неочекувани неприjaтности и разочаровањa или болести нè лишуваат од некоја деjност… Со еден збор, изгледa дека во светот нема ништо постоjaно и цврсто: славата не се одржувa, богатство се измолкнува меѓу прстите, кратките минути на среќа ги сменуваат долги периоди на празнотија и бесцелности, стварите досадуваат, другарите измамуваат, љубените изневеруваат, мечтите не се остваруваат, минутите на радост неизбежно се сменувaат со состоjбата на празнотија и незадоволство, младоста ја заменува староста, сите нас и на секоја возраст нè демне смртта, која ги претвора во прашина сите човечки надежи и планови.

Во што се состои причината за оваа двоjственост и противречноста на светот? Зошто тој како со една рака да дава, а со другата потоа зема, гради за да урне. Зарем тој привремено нè весели само за тоа, за потоа повеќе да нè оторчи; нè привлекува кон себе, за потоа посилно да нè удри; нè радува со животот, за потоа беспоштедно да нè огорчи со смртта?!

Ако пак, светот според своjата природа е двоjствен, како позитивните и негативните полнежи на атомните честици, тогаш зошто ние, кои органски му припаѓаме, не можеме да се помириме со неговата двоjственост и жеднееме за целосна хармонија и целисходност? Од каде е во нас таа мачна жед за животот и непрекината среќа, ако смртта и распаѓањето се исто толку природни, како животот и развивањето? И уште повеќе! Колку и да се убедуваш, дека кога–тогаш сепак ќе мора да умреме, дека смртта – е природен крај на секое суштество, нашата потсвест упорно се противи на таа мисла и бара продолжување на на животот – дури и кога тоа е споено со невероjaтни напори и страдања!

Така, излегува дека главната противречност е во нас самите, а именно, дека некоја страна од нашата природа мисли и чувствува не според законите на физичкиот свет, туку според некакви други, духовни закони. Затоа, човекот никогаш не ќе може да се помири со фактите на распадливоста и смртта. Тие секогаш за него ќе останат нешто противприродно и неприфатливо! Секој од нас потсвесно би сакал да се пресели во свет слободен од противречност, каде што царуваат хармониja и праведност, каде што радоста не се помрачаувa од таги, каде што животот не знае за крај.

Можно ли е, како што претпоставуваат некои философи (светот на “идеите” на Платон), дека нашата душа некогаш престојувала во некаков друг, подобар свет, полн со хармонија и, дека откако против своjа волја паднала во овој несовршен свет, таа потсвесно тагува за идеалниот свет? Таквата можност е интересна и делумно може да ја обjaсни сеопштата незадоволност на човештвото, но зарем таа не фантазија?

Верата во суштествувањето на Бога – во тоа, дека Он е бескрајно добар и семоќен – ни укажува дека Он нè создал за среќа. Он во нас вложил незгаслива жед за совршенство и достигнување на среќата. Затоа мора да постои друг свет, подобар и посовршен од нашиот. Но, каде е тој и како да го достигнеме?

Точниот и jaсeн одговор на ова важно прашање, кое од искони го загрижувало човештвото, го дава Христијанството. Тоа еднозначно тврди, дека навистина постои друг, подобар свет, наречен Рај или Небесно Царство, во кој престојуваат ангелите и душите на праведниците. Во тој свет ги нема нашите противоречности и неправеди, тој е слободен од престапи, насилства, болести и смрт. Во него царува непрекрекинлив живот и целосна хармониja. Таму сите разумни суштества, осветлувани од животворната светлина на Творецот, постојано ја созерцуваат Неговата убавина и се радуваат на Неговите безбројни милости.

Нашиот физички свет, исто така, бил создаден од Бога за добро, живот и среќа , но гревот изопачил и расипал сè.

Од каде е злото

Свeтото Писмо обjaснува дека трагедиjaта, која го постигнала човечкиот род, всушност, започнала во ангелскиот свет – можеби уште пред настанокот на физичкиот космос. Еден од вишите ангели створени од Бога, со име Деница или Луцифер, си вообразил, дека меѓу ангелите тој е најумниот, најмоќниот, најпрекрасниот, дека тој повеќе нема потреба од Творецот и не е должен да Му служи. Деница си поставил цел; самиот да стане како бог и предмет на почитување за другите ангели. Заради тоа, тој произвел бунт на Небото и повлекол со себе некој дел од ангелскиот свет. Така Деница, подоцна наречен сатана, или ѓaвол (што значи “клеветник”), го поставил почетокот на најстрашните гревови – на гордоста и самоугодувањето – од кои произлегуваат сите други гревови и пороци. Деница планирал да создаде царство независно од Бога, кои би се состоело од “слободни” и “независни” духови. Но тоа царство, наречено Ад или Бездна, засновано на начелата на гревот, очигледно, не успеало. Наместо ветениот раj, тоа станало место на непробоен мрак и постојан ужас. Тоа станало толку страшно, што самите паднати ангели (демони или бесови) се плашат од него и сакаат да избегаат од него, какo од затвор (Лк. 8:31).

Предизвикувајќи ја трагедијата во светот на чистите духови и создавајќи свое царство, ѓaволот не бил задоволен. Мразејќи го Бога и сè што Он создал, тој решил да му причини зло и на круната на Божјото творење – првосоздадениот човек. Со таа цел, земајќи изглед на змиja, тој ги соблазнил Адам и Ева да ја нарушат Божјата заповед и да вкусат од забранетиот плод (Бит. 3та глава). Бидејќи е итар измамник, тој на луѓето им подметнал мисла; ако вкусaт од плодот на познанието на доброто и злото, тие ќе станат сезнајни и семоќни, како Бог. Така тој ги измамил со истото она, со што некогаш самиот се измамил, имено, со можноста лесно и како со “еден скок”, покрај Творецот и дури наспроти Него, да станат Богоподобни! Така луѓето ги поразиле истите гревови, кои некогаш го погубиле и Деница: гордоста и самољубието.

Така трагедиjaта на гревот од ангелскиот свет се спуштила во нашиот физички свет, а како резултат на тоа нашиот земјен живот се исполнил со противречности, таги и разрушување. Заради гревопадот првосоздадените луѓе отпаднале од општењето со Бога, станале смртни и се лишиле од раjскиот живот. Но, полошо од сè, е тоа што заразата на гревот, како поток од заразен извор, преминала кон нивните потомци , така што сите луѓе почнале да се рaѓаат со повредена природа. Бидејќи предрасположени да грешат, потомците на Адам и Ева тргнале според патот на најмал отпор и почнале да го творат секое зло – да навредуваат, да мамат и дури да се уништуваат еден друг. Од гревовниот живот свеста на луѓето почнала сè повеќе и повеќе да се помрачува, така што со времето тие ја изгубиле вистинската претстава за својот Творец и почнале да им служат на делата на своите раце – на различни идоли, како во буквална, така и во преносна смисла – т.е. на користа, на земните блага, на раскошот, на светската слава и на секаквите телесни задоволства.

И според мерката на тоа, колку човештвото сè повеќе потонувало во беззакониja, началникот на злото, ѓaволот, почнал сè посилно и пожестоко да господари над нив. Така, со текот на времето, нашиот прекрасен, од Бога створен свет, во лицето на своите највисоки претставници, богоподобните луѓе, се нурнал во состоjбата на злото, каде што царуваат омразата, лагата, беззаконието, страдањата и смртта. Уште полошо: несреќното човештво се покажало сосем немоќно да ги отфрли од себе оковите на гревот и да се врати кон Бога. Искусно манипулираjќи со човечките слабости и страсти, преисподната змиjа посакала овој некогаш прекрасен, од Бога создаден свет, да го направи сличен на адот.

Во таа очаjна положба на нештата само Творецот можел да ги спаси луѓето, нашиот Небесен Отец кој нè љуби. Кога луѓето целосно се убедиле во своjата беспомошност и духовно созреале за примање на Спасителот, тој го испратил во светот Својот Син, Коj, не престанувајќи да биде со Него Еден Бог, со наидувањето на Светиот Дух се воплотил од најчистата и најпрекрасната од човечките ќерки – Приснодева (=Секогашдевојка) Марија – и станал Човек, во сè подобен (=сличен) на нас, освен во гревот.

Целта на Неговото доаѓање била – да ги ослободи луѓето од тиранијата на сатаната, од угнетувањето на гревот и да ги постави на патот на духовното обновување, кој ги води назад кон Бога и кон вечниот блажен живот.

Спасението е само во Христа

“Jас сум Патот и Вистината и Животот” (Јован 14:6)

Христос – Патот

Вo моментот кој во историјата на човештвото е определен од Бога и предскажан од пророците, пред околу 2000 години, во древниот Израилски народ се родил Спасителот на светот, Исус Христос, Месиjaта кој е предскажан од древните пророци.

Со Неговото воплoтување се извршила голема недостижна таjна, кога во едната Личност на Синот Божjи засекогаш се соединиле две природи – Неговата предвечна Божествена и примената од Него – човечка природа, така што Тој станал во сè сличен (=подобен) на нас.

Живеејќи меѓу луѓето, Исус Христос и со збор и со личен пример ги поучувал правилно да веруваат и праведно да живеат. Не долго – вкупно само три и половина години – траело Неговото општествено служење. Но, тоа било презаситено. Секој збор, секоја Христова постапка ја одразувале Неговата бесконечна мудрост, љубов и етичко совршенство. Тој сjaел како силна Светлина која дошла кај нас од идеалниот горен свет, коjа го просветува и секогаш ќе го просветува секој човек што го бара доброто.

Иако учењето на Исус Христос ја содржело во себе полнотата на она што луѓето морале да го знаат за праведно да живеат, сепак, тие етички станале премногу немоќни, за само со свои сили духовно да се обновaт. Гревот пуштил премногу длабоки корени во човечката природа, злото безмерно се засилило во сите сфери на човечкиот живот, за луѓето да можат само со свои сили да го отфрлат од себе Неговиот гнет.

Тогаш од недостижното сострадание кон нас грешниците, според своjата најголема љубов, Тој, праведниот, на Себе ги зел гревовите на сите луѓе, гревовите на секото од нас, и за нив ја принесе откупителната жртва на крстот. Со Своjата пречиста крв Тој ја измил нашата вина пред Бога, а со своjата смрт ја победил нашата смрт. Затоа, слегувајќи во длабочините на адот, Тој, како семоќен Бог, ги ослободил и ги извел оттаму душите на сите кои сакаат да се вратат кон Бога и праведно да живеат. Тој на сатаната му ја одзел власта над луѓето и му го определил денот на конечната осуда во геенната огнена.

Зошто била потребна токму таква ужасна жртва, како срамната и мачна смрт на крстот на Бого-Човекот Христос, немал ли Бог други патишта за спасението на луѓето – тоа е недостижна таjна. Знаеме само, дека откупителните страданиja на Христа, заедно со Неговото славно воскресение од мртвите, ја содржат во себе најголемата преродувачка сила. Имено, благодарение на Неговата сепобедна сила, секој грешник, колку и длабкоко да заглавил во тињата на страстите, може потполно духовно да се обнови, да стане праведен и дури свет.

По Своето воскресение од мртвите, Исус Христос на четириесетиот ден се вознел на Небото, и сега како Бого-Човек престојува таму, возглавувавјќи ја Црквата и заедно со Отецот и со Светиот Дух ја управува судбината на светот. Кoга им го испрати на своите апостоли и ученици Светиот Дух во педесетиот ден по своето воскресение, Исус Христос среде лудѓето ја основаше Црквата, на коjа и’ соопштил сè што е неопходно за спасение на верните.

Ако пак, Самиот Син Божји требало да изврши такви вонредни дела, како слегувањето на земјата, примањето човечка природа, да страда и да умре на крстот со најсрамна и најмачна смрт, тогаш jaсно е дека не може да постојат никакви други патишта кон спасението, освен оној што ни е предложен од Исус Христос!

Сега, благодарение на сето она што го извршил Господ наш Исус Христос, секој човек има можност да се ослободи од гревовите, да го отфрли од себе бремето на страстите, духовно да се обнови и, со помош на Неговата благодат, да почне праведно да живее. Сега секој што сака може да го достигне вечниот живот во Царството Небесно, а ѓaволот не може да го спречи тоа, ако ние самите со својата лесномисленост и безгрижност не отпаднеме од Христа.

Така, благодарение на Господа Исуса Христа, воплотениот Син Божји, бессмртноста и раjското блаженство – не се мечта на поетите или фантазиja на философите, туку реалност достижнa за сите! Секој што сака, може да го достигне Царството Небесно, одејќи по патот укажан од Спасителот, и според своите сили – подражавајќи Го. Тој е идеалот на етичкото совршенство, највисок критериум за Вистината, непроменлив духовен авторитет и непресушен извор на вдахновение.

Навистина – тој е нашиот Пат и Вистина и Живот! Сите други “големи учители” на човештвото (Конфуциj, Зороастра, Буда, Кришна, Мухамед, а исто така и основачите на современите тоталитарни култови), ако бидат спротивставени на Христа или со нивна помош да се прават обид за да се “поправи” и “подобри” она што тој го кажал или направил, се жални пародии.

Христос – Вистината

Бог Отецот предопределил да ги спаси луѓето преку Својот Еднороден Син, Господ наш Исус Христос. Сè, што правел и на што поучувал Исус Христос се содржи во Новозаветниот дел од Библијата во така-наречените Евангелиja, кои се четири. Старозаветниот дел од Библијата содржи написи од Пророците кои живееле пред Исуса Христа, и нејзина цел било да го подготви човештвото за примање на Христа како Месија, т.е. од Бога помазаниот Спасител. Книгите на Новиот Завет се напишани од Христовите ученици – апостоли, поподробно го изложуваат учењето на Исуса Христа.

Првата книга на Библијата – Битие, учи, дека сè видливо и невидливо Бог создал од ништо. Бог прво го создал невидливиот ангелски свет (Небото), а потоа нашиот видлив или материјален свет (“земјата”). Како круна на материјалниот свет Бог го создал човекот, украсувајќи го со Својот образ и подобие/сличност (Бит. 1:26–27). Физичкиот свет Бог го создал не одеднаш, туку во текот на неколку периоди, во Библијата наречени “денови”. Бог го создал светот не од нужност и немајќи неопходна потреба од него, туку според Својата себлага желба, за и другите суштества создадени од Него да можат да се насладуваат на Животот.

Како бескрајно добар, Бог сè создал добро, прекрасно и чисто. Луѓето, како и ангелите, биле предназначени за вечен живот и за вечно блаженство во благодатното единство со својот Творец. За тие да можат етички да растат и да се усовршуваат, Творецот благоволил да ги почести со најдрагоцениот дар – слобода на волјата. Со тој дар тој на разумните суштества им ја дал најголемата чест над останатата неразумна природа, но, истовремено, и најголемиот испит. Бидејќи е неопфатно море љубов (1 Јован. 4:8–12) Бог сакал, ние да го љубиме Него со најчиста и некористољубива љубов, како милните деца Својот грижлив татко. Тој сакал, ние според сопствената желба да се стремиме кон Него и, според силите подражавајќи Му, сè повеќе и повеќе да се усовршуваме.

За ние да можеме поцелосно да Го познаеме, Бог ни открил дека Он не е просто единство (монада), туку Три–единство – или Троица, т.е. дека во Него, при едната Божествена природа или суштина постојат три слободно-разумни Личности – Отец, Син и Свети Дух, Кои се во совршена согласност и љубов Еден со Друг. Во Божеството Отецот е Извор на нивната општа Божествена Природа (тоа е Неговото ипостасно/лично своjство), Синот предвечно се “раѓа” од Отецот, Светиот Дух предвечно “исходи” од Отецот (тоа се Нивните ипостасни своjства). Зборовите: “се раѓа” и “исходи” – не носат во собе никаква временска конотација. Бог секогаш бил Троица – Отец, Син и Свети Дух.

Како Троичен во Лицата, но еден во природата, Бог сакал и човештвото што го создал, во извесна мерка, да го одразува Неговото три–единство. Со други зборови, за луѓето да живеат не како одвоени личности, осамени “jaс”, туку како “ние”, – т.е. како целосно и сплотено општество, поврзано со љубовта, во која секој ги прима радостите или тагите на ближниот како свои сопствени. Тоа, секако, бил идеалот што го назначил Творецот. Но тоа сеединство не смеело да ги потиснува личностите на разумните суштества. Напротив, како што во Творецот секое Лице има свои лични, недостижни за нас – своjства, така и во човечкото општество, секој посебен човек мора да ги зачува индивидуалните и неповторливи своjства, своите уникатни “таланти”. За токму таков начин на постоење – за единството во многуте – и бил повикан човекот.

Но, како што веќе говоревме, гревот длабоко ја повредил човечката природа, како резултат на што човештвото не само што се откинало од Својот Творец, туку и се раздробило на множество од сопернички и непријателски една кон друга индивидуи. Имајќи за цел да ги врати луѓето на патот на соединувањето со нивниот Творец и зближувањето еден со друг, Исус Христос ја започнал Својата проповед со благата, т.е. радосната, вест (на грчки – Евангелие) за тоа, дека се “приближи” до нив ” Божјото Царство “. Бог е подготвен да му прости на секој човек и да го прими како свој син под услов, дека тој ќе поверува во испратениот од Него Спасител, ќе го прими Неговото божествено учење и ќе почне праведно да живее. Сè што говорел и извршил Исус Христос, имало за цел да ги научи луѓето и да ги воодушеви да почнат да живеат за Бога, за доброто, за внатрешната преродба. Божјото Царство кое го проповедал Исус Христос морало да започне во верните – во нивните срца обновени од љубовта.

По Своето славно воскресение од мртвите, кратко време пред Своето вознесение на Небото, Исус Христос им открил на луѓето дека пред крајот на светот тој повторно ќе дојде на земјата. Тоа второ пришествие/доаѓање Христово нема да се случи така, како што беше првото. Тогаш тој дошол како сострадателен Спасител во вид на обичен човек. Тој живеел во беда и кротко ги трпел сите навреди од грешниците. Пред крајот на светот пак, тој ќе дојде во Своjата Небесна слава, окружен со соборот на ангелите и светите, како страшен и праведен Судиja, на секој да му отплати според неговите дела. Непосредно пред Второто Христово доаѓање и според Неговиот семоќен збор, ќе се случи сесветското чудо на Воскресението на мртвите. Тогаш телата на сите луѓе, кои кога-било живееле на земјата, во миг ќе станат од земјата и ќе се соединaт со своите души. Тогаш секој човек ќе биде востановен во своjата дво-составна природа, во коjа душата и телото чинат едно човечко суштество.

Да се потсетиме дека човекот бил створен за вечен живот. Смрт пак, како целосно уништување, враќање во небитие – не постои! Тоа што ние го нарекуваме смрт е само времено разделување на душата и телото. Телото лишено од својот животворечки принцип – душата, се распаѓа на своите составни елементи. Душата пак, личноста на човекот, со jaсен ум и во целосна свест преминува во некои непознати за нас сфери на битието, каде што престојува до денот на Страшниот Христов Суд. Во Своето Второ доаѓање, Христос ќе ги восстанови луѓето во нивната двојна природа.

Во времето на Второто Христово доаѓање ќе заврши земнатa историja на човечкиот род. На огнен пламен ќе биде подложена земjaта и сè што е на неа – материjaта и целиот космос. Но, тој страшен оган не ќе биде уништување на материјалниот свет, туку негово преобразување, како водата што исчистува секоја дамка. Тогаш физичкиот свет ќе се преобрази “во новото небо и новата земја, на кои ќе живее правдата” (2 Петр. 3:13; Откр. 21:1–2).

Христовиот Суд ќе биде не само над луѓето, туку и над ѓaволот и демоните. На тој суд ќе биде решена вечнатa судбина на секое разумно суштество и на сите кои не посакале да Му одговорат на Бога со љубов на љубовта. Оние што твореле зло и ширеле лага, ќе бидат осудени на огнена геенна. Тоа ќе биде “втората смрт “, која не е уништување, туку целосно отуѓување од Бога и бескрајни бесцелни мачења.

На “новата земја” и под “новото небо”, во “новиот Ерусалим”, ќе започне тој нов, радосен и бескраен Живот, кој Бог од вечноста го предопределил за оние што Го љубaт. Таму и ќе се оставри вистинското спасение, за кое макар и несвесно, жеднее секој човек. Тогаш, на крајот, ќе се оствари она за што Бог според Своjата бескрајна љубов нè создал!

Христос – Животот

И така, целта на нашиот времен живот е наследувањето на вечниот живот во Небесното Царство. За негово достигнување, Творецот кој нè возљубил не очекува од нас ништо друго, освен да му одговориме со исто таква искрена, чиста и некористољубива љубов – со каква што тој нè љуби нас.

Таа љубов е извор што тече од овој времен живот во прекрасниот вечен Живот. Смислата на животот на човекот е сè повеќе и посовршено да се уподобува/да станува сличен на Бога и да се зближува со Него. Содржина на нашиот живот мора да биде постојаното утврдување во себе на сето она што го помага зближувањето со Бога и избегнување на сето она што нè оддалечува од Него.

Но, како да се запали во душата оганот на таквата љубов и таквите стремења? А, по запалувањето, како да се зачува, да не изгасне, според можноста дури да се разгори во спасителен пламен кој во срцето ја изгорува секоја скверна. Дури и со најискрена желба, човекот само со своите сили тоа не може да го направи, затоа што се пресилни ветровите и брановите на страстите, кој доаѓаат од непријателските начела за човекот: светот кој лежи во зло, гревољубивата плот и ѓaволот – началникот на секое зло.

Затоа, за спасение е неопходно цврсто да се прилепиме кон Христа, да станеме едно со Него. Тогаш Неговата Божествена сила, Неговата љубов, ќе ги исполнува нашите души и ќе нè чува, осветува, закрепнува и води по тесниот, но верен пат кон вечниот живот. Христос така и говори за неопходноста од престојувањето со Него: “Jас сум Лозата, а вие – гранките; не може гранката да донесува плод, ако не остане на лозата” (Јован. 15:5). Со други зборови, изворниот духовен Живот, кој дава добри плодови, не е можен, ако човек најтесно не се соедини со Изворот на духовната сила – Христос.

Но, како? – Само во Христовата Црква! Црквата, според зборовите на Апостолот Павле, е Христовото Тело, чија глава – е тој Самиот. Ние пак, верните, сме членови или органи на тоа таинствено Тело (Рим. 12:4–5; 1 Кор. 10:17; 12:12–30; Еф. 1: 22–23; 4: 15–16; 5: 23–30).

Неопходноста од Црквата

Таа голема, премудра Тајна на Црквата, која го надминува нашиот разум, Господ Исус Христос ја изградил на следниот начин. Прво, кога се крстил од Јован во Јордан, при слегувањето на Светиот Дух и гласот на Небесниот Отецот, тој ја осветил водната стихија. Со самото тоа, водата на Крштението станала спроводник на Божjата благодат што го преродува човекот. Христос учел дека човекот духовно се раѓа и станува член на Црквата само откако ќе “се роди од вода и Дух” во тајната на Крштението (Јован. 3:5).

А, бидејќи на родениот му е неопходна храна за понатамошно растење, така и на повторно-родениот во тајната Крштение, неопходна му е духовната Храна, која Господ ни ја дава во тајната Причестување. За неа Господ вака говорел: “Jас сум Лебот на животот… Лебот пак, што Jас ви го давам, е Моjaта Плот, која Jас ја давам за живот на светот… Ако не ја јадете Плотта на Синот Човечки и не ја пиете Крвта Негова, не ќе имате во себе живот… Оној што ја Jаде Мојата Плот и ја пие Мојата Крв престојува во Мене, и Jас во него. Како што ме испрати Мене живиот Отец, и Jас живеам преку Отецот, така и оној што ме jaде Мене ќе живее преку Мене” (Јован. 6: 45–57).

Наспроти Своите Крстни страданиjа, Христос за прв пат, на Таjната Вечера, го претворил Лебот во Својата вистинска Плот и виното во Својата вистинска Крв и им ги дал на на Своите ученици, покакажувајќи со тоа како треба да се извршува Тајната Причестување.

Оттогаш, Тајната Причестување постоjaно се врши на Богослужбата наречена Литургиja. На неа верните луѓе, причестувајќи се со Плотта и Крвта на Исус Христос, се соединуваат со Него – не во некаква апстрактна, нејасна смисла, туку сосем реално! Целата духовно-телесна природа на човекот се приопштува со духовно–телесниот живот на Богочовекот Исус Христос. Љубовта го открива патот кон духовното зближување, но, токму благодарение на Причестувањето, луѓето, соединувајќи се со Христа, истовремено се обединуваат еден со друг и во Него станувуваат еден, целосен, жив организам, наречен Црква. Еве зошто апостолот Павле Црквата ја нарекол Христово Тело (Кол. 1:24).

Како што воплотувањето на Синот Божjи се извршило со слегувањето на Светиот Дух на Дева Марија, така и Црквата била основана во денот на слегувањето на Светиот Дух, Кој Исус Христос го испратил од Отецот на апостолите во педесеттиот ден по Своето воскресение. Од тој ден Светиот Дух постоjaно престојува во Црквата, животвореjќи, просветувајќи, возрастувајќи ја, како едниот жив организам на Христовото Тело, кое е состaвено од многу “членови” – од верните христијани.

Премногу важно е да не се заборава, (особено во нашето време на сè поголемо дробење на христијанството на многу цркви и “јурисдикции”), дека човекот е повикан да се спасува не само со теореретското признавање на христијанската вистина, и не само со своите добри намери, туку со своjата органска припадност на живата целина на Црквата. Само во неа, во тоа таинствено Христово Тело, верниот наоѓа и правилно духовно раководство и неопходни сили за изворен христијански живот.

Вистинската Црква е една и неразделна

Откако е родена во деновите на апостолите, Христовата Црква на својот историски пат, примајќи ги во себе луѓето од многу народи, постепено возрастува од сила во сила “во мерката на полниот Христов возраст” (Еф. 4:13). Како што од малото семе израстува големо дрво, или како што детенцето израснува во возрасен и зрел човек, така и Христовата Црква, која некогаш се состоела од дванаесет рибари, во денешно време го достигнува Својот расцвет, станувајќи разгрането и многулисно прекрасно дрво (Мат. 13:32) со развиено учење, литургика, символика, канони или правила, опфаќајќи го од сите страни нејзиниот живот, и животот на секој верен. Црковните канони се неопходни закони за живеењето, слично на законите на организмот на живото човечко тело.

Бидејќи Христос не може да има неколку “тела”, така и Христовата Црква може да биде само единствена и една!

Но, во современоста се соочуваме со фактот на многу христијански организации кои претендираат на името “Црква”. И католиците и протестантите, и баптистите, и адвентистите, и педесетничарите и дури и следбениците на изопачените култови – настојуваат на вистинитоста на своите учења.

Бидејќи Христос ја основал Црквата токму за спасение на луѓето, несомнено е дека во расцепувањето на христијанството најактивна и водечка улога секогаш играл ѓaволот – тој исконски непријател на Бога и луѓето.

Нарекувајќи го ѓаволот “лажливец и татко на лагата” (Јован. 8:44), Христос го означил главниот метод, со кој се ползува ѓаволот, а тоа е – лагата! И навистина, за да откине повеќе луѓе од Црквата, ѓаволот, најнапред се труди да им подметне на луѓето лажни религиозни идеи – ереси. Човекот, измамен од некоја нова идеја, ја прифаќа како божествено откровение, а себе се смета за – Божји пратеник и почнува да ги распространува своето смртоносно учење со голема упорност и самопожртвуваност. Тој тоа го прави под изговор дека го “подобрува”, “чисти” или “дополнува” христијанското учење. А, кога Црквата го отфрла тоа еретичко учење, тогаш самонаречените пророци се одделуваат од неа, ги заведуваат од неа верните и создаваат свои Цркви, кои ги обjaвуваат за вистинити, а Христоватра Црква – ја прогласуват за застранета од патот и дека не го разбрала Христовото учење.

Така, од апостолски времиња до наши денови се појавувале и продолжуваат да се појавуваат секакви ереси. Прво, на пример, се поjaвило аријанството, па монофизитството, иконоборството, потоа од вистинската Црква заминал Римо-католицизмот, од кој се одделил протестантизмот, а од него реформаторството, а од нив, како реки потекле безбројните современи секти. Овие последните, според природата, ги повторуваат древните ереси, одамна осудени од Соборите, само формирајќи ги во нова фразеологија.

Луѓето пак, кои цврсто се држат за вистинското учење, ѓаволот се труди да ги откине од Црквата преку црковните расколи и парохиските раздори. Тој повторно вешто им подметнува на луѓето “добровидни” предлози за исправување на недостатоците или подобрување на тековните услови. Бедата, секако, не е само во едни или други обичаи или надворешни услови, кои не секогаш можат да бидат успешни, и затоа секогаш подлежат на подобрување, колку во тоа, дека луѓето почнуваат да се препираат еден со друг и како резултат – се дробaт на непријателски групи.

Но, како простиот верен да се снајде во таа мешаница од многу цркви, деноминации и култови?

За да го наjде одговорот на тоа прашање, треба да се разбере дека вистинската Црква мора непрекинато да потекнува од апостолските времиња, запазувајќи го апостолското учење, традициите и непрекинатата низа на апостолска преемственост која преминува од епископ на епископ. Црквата, како жив организам, се развива и расте, но во исто време таа мора да го зачувува единството и истоветноста на своjата Бого-човечка природа.

Во Символот на верата ние говориме “Верувам во една, света, соборна и апостолска Црква”. Таквата вера го претпоставува единството на Црквата, како единство на животот на организмот каде сè е најтесно поврзано; единството на вероучението, литургискиот живот и канонското уредување. Сето тоа го обезбедува општењете на верните во главното – во тајната на Причестувањето и молитвите. Во такво општење биле древните Православни Цркви, претставувајќи во суштина една Црква во разни лица, кои го изобразуваат Три-единството на Божјата природа.

Некои се придржуват за теоријата, небаре некогаш еднатa Христова Црква “се разделила” на делови – на православни, католици, протестанти и т.н. – и дека секој таков дел или “христијанска Црква” чува во себе делчиња од вистината и претставува “парче” од некогаш едната Апостолска Црква. Затоа, сите тие сега треба да се обединaт; прво во “дијалогот на љубовта”, потоа – во молитвата, а потоа и во Евхаристијта. Притоа, секоја “Црква” ќе го зачува своето учење, всушност, ерес. При таквиот пристап кон прашањето за единството се игнорира фактот дека вистинската Црква, основана од апостолите, постои во наши денови и според Христовото ветување ќе постои до крајот на светот (Мат. 16:18). А, ова значи дека правилно ќе биде за оние што отпаднале од Црквата, да се вратат во неа. Бидејќи, Црквата – не е човечко општество, туку Христово Тело! Ако би станувало збор за соработка меѓу луѓето само на земен, практичен план, тогаш овде, секако, луѓето веднаш ќе се обединaт со взаемна согласност. Но, кога се работи за соединување во Црквата, тогаш овде сè човечко мора да биде оставено на страна. Треба целосно да се вратиме кон Христа, да го примиме Неговото учење во Неговата полнота, без никакви фалсификувања или модернизации, треба да се востанови онаа црковна структура, која ја поставиле Неговите апостоли.

Бидејќи Христос не може да има неколку “тела”, така не може да има неколку паралелни вистински цркви. Зашто, Црквата е – Христовото Тело кое е неделиво, како секој жив организам. Затоа, никогаш немало, и во принцип, не може да има – разделување на Црквата. Имало само еретички и расколнички отпаѓања од неа! Еве зошто древните правила (канони) на Црквата строго забрануваат какво-било молитвено општење со отпаднатите, т.е. со еретиците, додека тие преку покаjaние не се вратат во Црквата.

Само во Православието, како во вистинско Христово Тело, е предназначено спасението за секој човек! Кој вистински го љуби Бога, тој секако сака да биде во единство со Него. Во таа љубов е суштината на христијанството! Оние што искрено го љубат Христа, љубовта мора да ги доведе во вистинската Црква!

И кога некои денешни “мудреци” тврдат дека кон Бога водат различни патишта, како што до врвот на планинатат водат различни патеки, треба да паметиме, дека Оној што се предложил Себеси како единствениот Пат, Вистина и Живот, е Синот Божjи, Богочовекот. А, сите што учат поинаку и ги водат луѓето по други патишта – “се крадци и разбоjници” (Јован. 10:8).

Заклучок

И така, причината за нашиот внатрешен несклад, на сите противоречности и сите беди во светот – е гревот. Христос им го откри на луѓето патот кон спасението од гревовите. Притоа, ние сме повикани да се спасуваме не индивидуално, туку на големиот “кораб” – Црквата, управувана од Христа.

Еден е Бог во Троица прославуван, една е Неговата Вистина, Еден е Господ Исус Христос, една е Неговата Црква, една е Градбата, и нема никакви други “патишта” и “цркви”, освен единствената изворна православна Црква, која го зачувала и возрастила/умножила она што таа го примила и продолжува да го прима од Главата – Својот Христос и Светиот Дух, кој живее и деjствува во неа.

Немногубројна е таа во наши денови. Но, за неа се кажани Божjите зборови: “Не плаши се мало стадо, зашто вашиот Отец посакал вам да ви го даде Царството. Бидете смели: Jас го победив светот” (Лк. 12:32; Јован. 16:33) и уште: “…Ти немаш многу сили, и си го зачувал Моето слово, и не се одрече од Моето име. Еве, Jас ќе направам, од сатанскиот собор, од оние кои велат за себе дека тие се Јудеи, но не се такви, туку лажат, – еве, Jас ќе направам тие да дојдат и да се поклонaт пред твоите нозе и да познаат, дека Jас те возљубив тебе. И бидејќи ти си го запазил словото за Моето трпение, и Jас ќе те зачувам тебе од годините на искушениjaта што ќе дојдат на сета вселена, за да ги испитат жителите на земјата” (Откр. 3:8–10).

Главното пак, во нашето странствување во овоj времен живот е – да се држиме за Вистината, Патот и Животот – Господ Исус Христос, Кој престојува во Своjата Црква.

Миссионерский Листок 80.

Издательство храма Покрова Пресвятой Богородицы.

Редактор: Епископ Александр (Милеант).

Вэб–Центр “Омега”, Москва, 2004 год

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s