Јеромонах Јов (Гумеров): ОДНОСОТ НА ЦРКВАТА КОН „ХИПОКРАТОВАТА ЗАКЛЕТВА”

Денес не може да се разреши прашањето; дали познатиот лекар од островот Кос – Хипократ (околу 460 г. – 377 или 359 г. пред Р. Х.) е автор на тој текст. Нему му се припишуваат 72 дела, но познатиот лекар Гален (2 век по Р.Х.) признавал изворно хипократови само 11. Но, несомнено е дека «Заклетвата» сосем одговара на четирите етички принципи кои ги истакнувал Хипократ: 1) да бидеш полезен и да не наштетуваш, 2) спротивното да се лечи со спротивно, 3) да се помага на природата и, 4) внимавајќи, да се штеди болниот.

«Хипократовата заклетва» претставува не просто морален кодекс на лекарот, туку истовремено е и религиозно-етички документ, кој се појавил во паганското општество. Авторот на текстот се колне со Аполон, Асклепиј, Хигиеја и Панакеа (Хипократ. Избрани книги. Т. 1. М., 1936, с. 87). Бог забранува да се колнеме со идоли: „Синовите твои Ме оставија Мене и се колнат со оние кои не се богови” (Јер.5:7). Господ наш Исус Христос ни ги дал евангелските заповеди, од кои првата е – љубов кон Бога и кон ближниот (Мт. 22.36-40). Таа заповед е над законот и клетвата. Во приказната за милосрдниот самарјанин е покажан пример за нејзино вистинско исполнување. Христијанската љубов е исполнување на сите етички требувања (Гал. 5:14; 6:2; Рим. 13:8 и сл.; Кол. 3:14); таа не остава место за никакви социјални или расни прегради (Гал 3.28) и се простира дури и на непријателите (Мт. 5:43-47; Лк. 10:29-37). Многувековниот опит покажува дека заповедта за љубовта е најдејственото и плодотворно раководство за лекарот – христијанин. Во изменет вид «Хипократовата заклетва» ја зачувувала силата во сите христијански земји низ текот на вековите.

Прв пат во Европа «Хипократовата заклетва» била укината за време на Француската револуција. Тогаш за прв пат во историјата бил озаконет абортусот (1791-1810 г.). Постепената секуларизација на европскиот живот водела кон тоа што, наместо да се изменени во христијански дух «Хипократовата заклетва», почнале да се појавуваат разни морални кодекси и декларации на лекарите, приспособени на безрелигиозната свест. Тие немаат никаква духовна содржина.

Ако се оценува «Хипократовата заклетва» од етички позиции, и денес мора да се признае нејзиното значење, зашто е проникната со намерата да се заснова дејноста на лекарот на високи морални норми. «Чисто и непорочно ќе го живеам својот живот и својата работа». Многумина ли лекари можат со чиста совест да кажат дека се раководат со овој принцип?

Од гледна точка на христијанството, најзначаен дел во овој документ е ветувањето дека нема да му се причини на пациентот никакво зло: «Јас ќе го насочувам режимот на болните за нивна полза, сообразно со моите сили и моите разбирања, воздржувајќи се од нанесување каква било повреда или неправда. Јас нема да дадам убиствено средство никому кој би барал од мене и нема да му покажам пат за таквата замисла; токму така, јас нема да дадам на никаква жена средство за абортус». Тешко е да се прифати дека токму овој дел од «Хипократовата заклетва» целосно е отфрлен.

На крајот од «Хипократовата заклетва» се изразува увереност: «Мене, кој цврсто ќе ја исполнувам заклетвата, да ми биде дадена среќа во животот и во работата и слава од сите луѓе за вечни времиња; а на оној што ја престапува заклетвата и лажно се заколнува – да му биде спротивното» (Во современата «заклетва на лекарот», природно, ова го нема). Во наведените зборови се пројавува духовниот хоризонт на тој документ, кој се родил во паганско општество. За лекарот – христијанин, кој својот труд го извршува на основата на евангелските заповеди – највисока награда е – спасението: Сите ние мора да се јавиме на Христовиот Суд, за секој да го добие соодветното според тоа што правел живеејќи со телото: добро или зло (2.Кор. 5, 10).

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s