Преображение на Господ и Бог и Спасител наш Исус Христос

Тропар на празникот Преображение Христово

глас 7
Се преобрази на гората, Христе Боже,/ покажувајќи им ја Твојата слава на Твоите ученици,/ колку што можеа,/ да ни засвети и нам, грешните,/ Твојата вечнопостојна Светлина / по молитвите на Богородица,// Дарителу на Светлина, слава Ти.

Кондак на празникот Преображение Христово

глас 7
На гората се преобрази,/ и колку што примаа Твоите ученици,/ Твојата слава, Христе Боже, ја видоа/ за кога ќе Те видат распнат,/ да разберат дека страдањето е доброволно,/ а на светот да му проповедаат,// дека Ти навистина си сјаење на Отецот.

Задостојник на празникот Преображение Христово

глас 4
Величај го, душо моја,// Господа кој на Тавор се преобрази. Рождеството Твое непропадливо се јави:/ Бог низ твојата утроба помина,/ како Плотоносец се јави на земјата,/ и со луѓето живееше.// Тебе, Богородице, со Него сите те величаме.

„Господи! Добро ни е да бидеме овде; ако сакаш да направиме три шатори; еден за тебе, и за Мојсеј еден и еден за Илија” (МТ. 17,4).

Светиот апостол Петар ни покажува еден признак од престојувањето во близина на Бога. Тоа е – самозаборавањето. Имено, тој не бара шатор ни за себе ни за останатите двајца апостоли, туку сака да го задржи Божјото присуство во близина.
Љубовта Христова целосно го опфаќа и прави христовиот ученик да заборави на себе. Христовата љубов е саможртвена љубов. Човекот ја стекнува таа љубов во саможртвениот подвиг, при кој заборава на себе служејќи им на ближните. Но, колку повеќе не обрнува внимание на своето раздавање на другите, толку подобро ги разбира и живее зборовите: „Добро ни е да бидеме овде!”

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

w

Connecting to %s