Архимандрит Александар (Милеант): Неправилните разбирања на Христијанството

“Бидете совршени, како што е совршен Отецот ваш Небесен” (Мт. 5:48).

По две илјади години постоење на христијанството би требало да се очекува, дека учењето На Господ Исус Христос ќе биде изучено длабоко и сестрано, разбрано и објаснето. Сепак, големиот број секакви секти нè убедува во тоа, дека ни оддалеку не е така. Додека, повеќето “точни” науки прогресираат и се усовршуваат, учењето на Господ наш Христос, како сè повеќе да се изопачува. Причина за тоа е не само недостижноста на христијанските вистини, колку несакањето да се разбере и прими најглавното во христијанството – заради што дошол на земјата Господ Исус Христос, т.е. суштината на христијанствотo.

Господ Исус Христос дошол на земјата за да се спасат луѓето, за што говори самото Негово име “Исус,” што значи “Спасител.” Проблемот се состои во тоа, дека суштината на спасението не може да се разбере надвор од контекстот на учењето на Свештеното Писмо за назначеноста на човекот.

Природно, никој не сака да биде осуден на адот, туку секој би сакал да влезе во Небесното Царство. Сепак, преважно е да се разбере, дека Небесното Царство – не е толку место, колку состојба. На прашањето од книжниците, кога ќе се отвори Божјото Царство, Христос одговорил дека тоа “не ќе дојде на видлив начин, и не ќе речат: еве го овде, или еве го таму, зашто Божјото Царство е внатре во вас” (Лук. 17:20). Со тоа Господ укажал, дека спасението најтесно е поврзано со внатрешната состојба на човекот. Тоа – е не просто “преселување” од сегашните животни услови во други, подобри, туку нешто подлабоко. “Ако нечестивиот биде помилуван, – вели Писмото, – тој не ќе се научи на правдата, – ќе злодеjствува во земјата на правите и не ќе го гледа величието на Господа” (Ис. 26:10) – т.е. како и претходно тој ќе завидува, ќе непријателствува, ќе се препира и ќе се измачува со жед за сетилни задоволства – т.е. ќе го носи во себе адот. А, вистинската радост, светлина и блаженство – се внатрешни состоjби, кои доаѓаат како резултат на општењето со Бога, кое пак, грешникот го нема. Праведниот човек, каде и да се наоѓа, секаде ќе се насладува со општењето со Бога и со себе ќе го носи раjот.

Многу важно е да се разбере дека главна цел на Христовото доаѓање било не тоа, надворешно да нè пресели во подобри услови за живеење, туку да го востанови изгубениот раj во нас. Во оваа вистина се содржи клучот за разбирање на христијанството. Кога човек ќе го разбере тоа, тогаш тој ќе го согледа и превосходството на Православието над другите вероисповеданиja, бидејќи во суштината на сè што учи и кон што се придржува Православната Црква, е насочено кон едната цел – соединување со Бога преку етичкото обновување и уподобување Нему.

Извор на сите заблуди на инославните цркви е формално-утилитарното разбираење на спасението, откинато од процесот на внатрешеното обновување на човекот. Сесилниот Господ може цели светови да создаде само со Својот збор, но Он не може да нè спаси без нашето активно учествување, бидејќи доброто и злото – се состоjби на нашата слободна волја. Може да му се дадат на ученикот најубави и усовршени учебни помагала, да му се определат најдобри учители и, сепак, никој не може да вложи во него знаење и искуство, ако тој самиот не се натера себе да учи. Нешто слично се случува и со многу христијани: при сето изобилство на понудени благодатни средства тие не растат духовно. И не само што не растат, туку и самото Христово учење се дрзнуваат да го преработуваат во угодност на своjата мрзливост. А, бидејќи мнозинството го претпочита патот на најмал отпор, и учењето на “упростителите” на христијанството има успех.

Предвидувајќи го тоа, Господ ги учел верните да не се збунуваат заради своето “мало стадо,” кое оди по тесниот пат, бидејќи тежок е патот на духовното обновување кое води во вечниот живот. Многу луѓе не ни помислуваат дека сите современи ереси потекнуваат од римо-католичката Црква. Додека Православната Црква на Исток речиси постојано била жестоко гонета од персијците, арапите, турците и други источни народи, а исто така морала постоjaно да го одбива нападот на еретиците, западниот свет живеел релативно безбедно и во задоволство. Тоа довело до постепено гаснење на христијанскиот дух на Апостолската Црква, и негово заменување со формализам и обредоверие. Спасението престанало да се гледа како пат на духовно обновување, а почнало да се разбира како награда за добрите дела. Римо-католичкатa Црква почнала сè повеќе да личи на световна установа со Нејзиното властољубие, кариеризам и интриги. Надворешните проjaвувања ја истиснувале внатрешената настроеност. Целиот напор бил насочен кон обредите и делата: „колку повеќе “добри дела” ќе направиш, толку поголема награда ќе добиеш.” А, светите Божји угодници небаре собрале толку многу добри дела, што кај нив се создал остаток. Римо-католичкатa Црква почнала да проповеда дека тие “заслуги над нормата” се наоѓaат во нејзината ризница, и дека таа може со тоа богатство да управува и од него да им доделува на другите свои членови.

Така се појавило изопаченото учење за индулгенциите со сите негови тажни резултати за христијанскиот свет. За собирање на средства од црковните казни почнале нашироко да продаваат простување на гревовите – и тоа не само за веќе направените гревови, туку и за идните – за многу години нанапред. Колку повеќе ќе платиш, толку повеќе гревови ќе ти бидат простени. Тоа чудовишно искривување на христијанството предизвикало реакција во вид на протестантското движење. Во жарот на борбата со злоупотребите на католичката Црква Лутер паднал во спротивната краjност: “Никакви дела не се потребни: само верувај – и ти си спасен!” Сепак, најтрагично за западното христијанство се покажало тоа, дека ни Лутер, ни неговите следбеници не можеле да се ослободатс од главната заблуда на римо-католицизмот – од формалното разбирање на спасението. Замената на добрите дела со вера, никако не ги решило проблемите, затоа што деjственото обновување на душата – она главното, за што учел Христос – останало надвор од видното поле. Клучот за разбирање на христијанството, изгубен од римо-католичката Црква, никогаш и не бил наjден од протестантските богослови. Објавувајќи дека само верата е доволен услов за спасение, тие со “едно прецртување со перото” ги отфрлиле и сите оние благодатни средства, со кои Господ ја снабдил Апостолската Црква за обновување и спасување на верните души. Свештенството и светите Тајни ги објавиле за непотребни.

Вознемирува согледувањето, како инославниот свет сè повеќе и повеќе се оддалечува од христијанството на апостолската Црква. Многу повторно појавени секти и култови одат уште подалеку од римо-католицизмот и протестантството по патот на “потрошувачкиот” одонос кон христијанството. Некои, како на пример, педесетничарите/пентикосталците и со нив сличните “харизматици,” вештачки предизвикуваат во себе состојба на возбуда и екстаза, или дури невоздржана смеа. Неартикулираните крикови тие богохулно ги нарекуваат “дар на jaзици,” а медиумистичките трансови – слегување на Светиот Дух. Други, успешно наречени “проповедници of the gospel of greed” (“евангелие на алчноста”), во христијанството гледаат средство за постигнување на успеси во животот. “Поверувај! – повикуваат тие, – и ќе ти тргне бизнисот, ќе имаш успех во љубовта, ќе создадеш прекрасно семејство, секогаш ќе бидеш здрав, работлив и полн со сила.” Излегува, како во модерен ресторан: секој си го избира од менито на Писмото она што најмногу му се допаѓа.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

w

Connecting to %s