Свештениот Синод на Руската Православна Црква го благослови празнувањето на Соборот на светите кои засветеле во земјите Британија и Ирска

22 август 2007 г.

На заседанието на Свештениот Синод под Претседателство на Светејшиот Патријарх Московски на цела Русија Алексиј, кое се одржа на 21 август во Москва, беше разгледано прашањето за почитување на британските и ирските свети. Со реферат на оваа тема настапи Преосвештениот митрополит Крутицкиј и Коломенскиј Јувеналиј, претседател на Синодалната Комисија по канонизација на светите. Митрополитот Јувеналиј соопшти за испратеното барање до Светејшиот Патријарх Московски на цела Русија Алексиј II и до Свештениот Синод од Епархиското собрание на Сурожската епархија, од 3 март 2007 г. за благослов да се определи ден за Соборно споменување на светите, во земјите Британија и Ирска. Во врска со тоа Свештениот Синод утврди:

1. Да се благослови празнувањето на Соборот на светите, кои засветеле во земјите Британија и Ирска, во третата Недела по Педесетница.

2. За вклучување во Месецословот на Руската Православна Црква на имињата на древнитe свети на неразделената Црква, кои засветеле во земјите Британија и Ирска, да се разгледа по добивањето на потполни агиографски и историски материјали, кои се однесуваат на нивниот христијански подвиг, време и околности на прославување и почитување.

Извор: Сурожска епархија на РПЦ

British Orthodox Saints

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

w

Connecting to %s