Избраните отци на црквата

Надворешен израз на тоа разрешувaње на прашањето за авторитетите било востановувањето од Петтиот Вселенски Собор на определен круг “избрани отци” (έγκριτοι Πατέρες)//1. Во тоа именување предност била дадена на “Атанасиј, Илариј, Василиј, Григориј Богослов, Григориј Ниски, Амвросиј, Августин, Теофил, Јован Константинополски, Кирил, Лав, Прокло”. Самата практика ги истакнала познатите имиња на Атанасиј Велики, Василиј Велики, двајцата Григориј, Златоуст и Кирил Александриски. Тоа биле најзначајните отци како писатели. Од нив, впрочем, св. Василиј Велики и Златоуст имале значење воглавно во аскетиката и егзегетиката. Аскетиката, треба да се забележи, била единствената област во која преку толку големи претставници, како Златоуст и Ефрем Сириски, се задржал “источниот правец”. Но, дури и во таа област неговото влијание се ограничувало на определен круг читатели со реалистички склад на мислење, кои немале интерес кон истенчувањата на философскиот идеализам и кои биле подготвени да се задоволат со аскетиката од моралистички правец. Исто така, не било широко влијанието и на св. Кирил: тој бил авторитет само во специјалната област на христологијата. Затоа, поголемо влијание на образувањето на светогледот добиле св. Атанасиј и двајцата Григориј, кои давале доволно материјал за таквите цели. Секој од нив притоа станал класичен богослов во една област, имено, во онаа, во која бил систематичар. И тоа било сосем разбирливо. Бидејќи со уништувањето на оригенизмот византијците се лишиле од целосен систем на богословие (а, антиохијските систематичари биле осомничени), тој недостаток//2 можело да се надополни само преку одделни систематички трактати на “признатите отци”. Од тука, според тринитарното прашање (“на богословието”) особено значење добил св. Григориј Богослов (“Пет слова за богословието”), во антропологијата – св. Григориј Ниски (“За градбата на човекот”)//3, во сотириологијата – св. Атанасиј Велики (“Слово за воплотувањето на Бог Словото”).

Белешки:

1. Трето заседание. Mansi IX, 201D-202A; ДВС. V3,32. Грчкиот текст делумно се зачувал кај преп. Максим: Disputatio, PG.91, 300D, p.167.

2. Во некоја смисла целосен систем давало “Огласителното слово” на св. Григориј Ниски, но тоа претставуавло поскоро богословско-философски, отколку догматски трактат.

3. Популарен во Византија бил учебникот по психологија, од Немезиј “За природата на човекот”.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s