Иеромонах Серафим (Роуз): «Верата со љубов — е вера на христијаните; верата без љубов — е вера на демоните»

…Тешко дека некој ќе успее православието да го опише подобро од св. Тихон Задонскиј, руски светител од XVIII век. Колку само денес ни недостасува неговото пламено срце! Треба повеќе да го читаме — и да ги следиме неговите зборови.

Св. Тихон го нарекувал Православието Вистинито Христијанство и дури напишал цела книга со тој наслов. Но «вистинитото христијанство» — тоа никако не се само правилните гледишта и размислувања: сами по себе тие нема да ви помогнат.

Во поглавјето за Евангелието и верата, св. Тихон пишува: «Ако некој би рекол, дека вистинската вера е правата содржина и исповедание на правите догмати, би кажал вистина: зашто за верниот е задолжителна православната содржина и исповедание на догматите на верата. Но, само тоа знаење и исповедание не го прави човекот верен и вистински христијанин. Содржината и исповеданието на православните догмати секогаш се состои во вистинската вера во Христа, но вистинската вера во Христа не секогаш се состои во исповеданието на православнте догмати…

Знаењето на правите догмати е во разумот; тоа често е бесплодно, надмено и горделиво…

Вистинската пак, вера во Христа е во срцето; таа е плодотворна, смирена, трпелива, изобилна со љубов, милосрдна, човекољубива, гладна и жедна за правда/вистина, се оддалечува од световните похоти и се прилепува до едниот Бог, секогаш кон небесните и вечните се стреми и нив ги бара, се подвизува против секој грев и од Бога помош постојано бара».

Понатаму св. Тихон го цитира бл. Августин:

«Верата со љубов — е вера на христијаните; верата без љубов — е вера на демоните» (гл. 287).

Апостолот Јаков во своето Послание, ни напомнува дека «и бесовите веруваат, и треперат«. (Јк. 3:19)…

Слушајќи ги нашите разговори, би можело да се помисли, дека е доволно да се разгориш со ревност за Православието, и работата е завршена: ти веќе си во Царството Небесно. Но, за жал, имаме противник — ѓаволот; само чекор да направиме — и тој веднаш е тука…

Првата опасност го демне тој што почнува да чита православни книги, се интересира за нив, но греши во применувањето на прочитаното во својот сопствен живот…

Тоа е многу распространета болест. Ние мислиме за пустински подвиг, а крај нас, пред нашиот нос, некој е во неволја, но да му помогнеме — не ни паѓа на крај памет. Или пак, «од позиција на возвишеното христијанство» почнуваме да ги навредуваме другите, заборавајќи за христијанската љубов и добрина, без кои целата наша «возвишенност» не вреди ни грош …

Втората болест на современото Православие е тесно поврзана со првата: тоа е болеста на «запазувањето на правилата». Во некоја мерка тоа е природна реакција кај сите оние, на кои штотуку им се отвориле очите во христијанската вера и духовниот живот: колку повеќе дознаваат за православното учење и обичи, толку појасни им станувјаат заблудите и грешките на нивниот изминат живот, и толку посилно е желбата да се исправат. Тоа, се разбира, е пофално, иако прво преовладува формализмот и се појавуваат многу нови грешки заради гордоста (која на сите нам ни е толку тешко да ја откриеме во себе). Но, ако сте цврсти и уверени во својата сопствена правост и постојано ги поправате другите, ако на десно и на лево цитирате канони како доказ за туѓите нарушувања, ако постојано се покажува дека вие сè знаете подобро од другите — вие сте се заразиле од вирусот на «запазувањето»…

По овие симптоми се распознава духовната незрелост, и во нормални услови тие поминуваат сами од себе според мерката на духовниот раст. За жал, сепак, во наше време, кога духот на посветовнувањето го затрујува дури и црковниот живот, многумна се загрозени од хронична, неизлечива форма на «запазување на правилата»…

Таквите борци за «православието» можат на своја сметка да ја примаат забелешката од една руска старица за еден активист од новообратените американци: «Православие – тој има но, христијанството не се гледа…»

«Православието без Христа» има друго, попознато име: фарисејство. За фарисејот, преку глава пропаднат во формализам, во буквата на црковните закони исчезнува врската со нивниот животворен дух, со духот на вистинското христијанство. Не би сакал да критикувам никого посебно: сите ние така или инаку страдаме од оваа болест. Мојата цел е — да ве предупредам за опасноста, да не го изгубите контактот со безценетата ризница, која Црквата ја зачувала за нашето спасение сè до денешните страшни времиња.

Дури во умерената, не најлоша форма, духот на «запазувањето заради запазување» се покажува сосем бесплоден.

Ќе ви наведам еден пример со еден наш добро познат, атонски монах, од така-наречените – зилоти. Воопшто, во споредба со другите, тој е далеку од фанатизам: тој ја признава благодатноста на светите Тајни на Православните Цркви со новиот (календарски) стил, прима благослов од нашиот клир, и др. Сепак, што се однесува до основниот зилотски принцип за литургиско опшење, тој го запазува без никакви исклучоци, односно: избегнува општење не само со оние епископи, кои се отклониле од православната вистина (како, на пример, Константинополскиот патријарх), и не само со оние, кои општат со него, туку исто така и со сите оние, од кои на еден или друг начин, преку кој знае колку сврзни алки, може да дојде ланецот на општење.

Со самото тоа, на пример, целата Руска Задгранична Црква во неговите очи е «заразена» заради извесните случаи на литургиско опшење со другите Православни Цркви; бидејќи во наше време степенот на «чистота» кој го посакува тој практично е недостижен, тој останува во општење само со својот свештеник и мала група атонски монаси: Целата останата Православна Црква според неговото мнение е «нечиста».

Можеби и навистина останале на земјата само дланка чувари на сосем «строгото» и «чисто» православие; но во целиот свет да се има општење само со десетина православни христијани, со кои може да се поддржува единството во верата и светата Причест — тоа, безусловно, не може да биде. Јасно како ден е, дека тоа е ќор-сокак: дури ако разумот и се согласува со такво формално православие, верното срце никогаш не ќе го прими: во него нема место за изворниот христијански живот.

Мора да се најдат начини помалку да се обеспокојуваме за «запазувањето» и повеќе — за самата суштина на православието…

Од рефератот на иеромонахот Серафим (Роуз), прочитан на Свето-Германовскиот собир на младината, 25 декември 1979 г. во Св.-Троицкиот манастир во Џорданвил

One thought on “Иеромонах Серафим (Роуз): «Верата со љубов — е вера на христијаните; верата без љубов — е вера на демоните»

  1. Моите честитки,

    Текстов многу ми се допаѓа и повеќе, ме побуди да размислувам за зилотството кое сеуште стои меѓу нас и високото православие, од друга страна јазичничкото зилотство во рамките на нашата Црква …

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s