Богословието на светите Григориј Богослов, Григориј Ниски и Атанасиј Велики

Гледиштата на трите посочени отци//1, поврзани со единството на духот и правецот, на византијците им давале целосна слика за космосозерцание. Воопшто, тие се претставуваат во таков вид. На врвовите на богословењето, во учењето за Највисоката Причина на сè, владее релативистичката гледна точка на св. Григориј Богослов, развиена своевремено како противтежа на заблудата на Евномиј. Бог е недостижен по природата//2. Ние можеме да го познаеме само тоа, дека Он е, а не тоа, што е Он//3. Три Ипостаси на Божеството, соединети со единството на суштината//4, Троица во Единица и Единица во Троица//5, во осветлувањето од Која се состои нашето блаженство//6, се возвишува над нашето познание во недознајно величие//7. Ние, впрочем, можеме да ги достигнуваме својствата на Божеството во неговите пројавувања, енергии, созерцувајќи го Бога како Творец, Промислител и Судија//8. Сите тие пројавувања се дејства на Логосот/9: во Св. Троица Отецoт доброволнува, (и само) Синот дејствува, Духот усовршува//10. Центар на созданието и Божјото промислување е човекот, тој “мал свет во големиот”//11. Тој – е највисокото Божјо создание во овој свет. Св. Григориј Богослов целосно ја споделува//12 таа висока идеалистичка претстава за човекот, неговата назначеност и првобитната состојба, која толку релјефно ја изразил во своето антропологиско учење св. Григориј Ниски. И треба да се забележи, дека оваа претстава воопшто била распространета на Исток//13, чинејќи една од особеностите на елинското богословие во споредба со латинското//14. Во основата на гледиштето на св. Григориј Ниски било убедувањето, дека човекот, тој образ Божји, не бил според структурата на своето тело таков, каков што е сега. Составот на неговата плот бил особен, непропадлив, бестрастен//15; човекот не бил предназначен за размножување преку бракот; неговото разделување на машки пол и женски било дозволено само според предзнаењето за гревот//16. Првиот човек во идеја/идеално бил вистинита икона/образ на непропадливиот и бестрастен Бог//17. Толку подлабоки затоа биле измените кои гревопадот ги произвел во човекот, кога тој се нашол во својата сегашна емпириска состојба, како страстно и пропадливо суштество//18. Да биде спасен човекот – било потребно – не само од гревот, туку и од осудата на пропадливоста//19. Тајната на откупувањето е длабока и недостижна. Но, сепак, за таа Тајна да биде разбрана, не малку светлина може да се излие од сноповите на учењето на св. Атанасиј Велики. Од гледна точка на големиот “отец на православието”, спасението на човекот, неговото избавување од пропадливоста, можно било само преку воведување на принципот непропадливост во човештвото, преку негово соединување со Бога и преку обожение//20. Оттука, тоа можело да се оствари само во примањето на нашата природа од Бог Словото, во Неговото воплотување//21. По воплотувањето, поучувањето на вистината//22 и откупителните страданија//23 веќе го сочиниле пoнатамошниот момент во извршувањето на делото на нашето спасение, условено со првиот. Главното пак, во овa делo е соединувањето со Бога и обожението. “Словото се вочовечи, за ние да се обожиме”//24. Со ова сотириологиско гледиште на св. Атанасиј се осветлува и Лицето на Откупителот и се појаснува целата животна смисла на неговото исповедување дека е Бог и човек//25. – Откупувањето, извршено од Христа, мора да биде усвоено од нас. Двајцата Григориј ги дале раководните мисли по тоа прашање. Нашето спасение се состои во нашето обожение//26. Средства за тоа се – Светите Тајни. Ние се преродуваме во крштението//27 и се уподобуваме на Господа, на Неговото раѓање и Неговата смрт, а се претворуваме во Него и се обожуваме при причестувањето//28. Тој пак, станува во нас сè што Самиот е, и така нè спасува//29.

Во лицето на трите наведени отци, византиските богослови секогаш имале најдобри раководители во делото на богословењето. Подоцна ќе видиме дека токму гледиштата на овие големи отци се одразиле и на учењето на преп. Максим и тој ги обединил во целосен систем на богословско-философски гледишта. Тоа е најдобар доказ дека александриските отци и особено погоре спомнатите имале во Византија особено значење во богословието. Во тоа преовладувачко влијание на александриските отци наоѓа, меѓу другото, објаснување и тој, на прв поглед чуден факт, дека преп. Максим во толкувањето на Св. Писмо застанал на основата на алегоризмот и тоа го направил откако против алегоризмот упорно бил покренат, како поправилен, буквалниот метод на толкување, толку блескаво претставен од Златоуст и Теодорит.

Во врска со преовладувањето во Византија на александриските авторитети во областа на богословието, природно е да се очекува истото и во аскетиката. И навистина, забележуваме, дека мистиката во Византија расне наедно со многупопуларниот морализам на антиохиските аскети. Но, сепак, треба да се признае, дека догматиските спорови на епохата делумно неповолно се одразиле на нејзиното значење и донекаде ја ослабнале, иако и не во сите нејзини гранки.

Белешки:

1. За запознавање со гледиштата на наведените свети отци во областите кои нè интересираат види: трудовите на И.В.Попов, Религиозный идеал св. Афанасия Александрийского. Серг.Лавра, 1904; В.И.Несмелова, Догматическая система св. Григория Нисского. Казань, 1887; А.И.Бриллиантова, И.С.Эригена (с.178-191 о Григории Нисском) и свящ. Н.Виноградова, Догматическое учение св. Григория Богослова. Казань, 1887.

2. 4 св. Григорий Богослов, Or.28 (de theologia II), n.11,17; Or.30, n.17, PG.36,40 Аб48В,125В; р.п.III.3, 21,26,77-78.

3. Or.28, n.5,17, PG.36, 32В. 48С; р.п.III, 16,26; Or.38. n.7, ibid.317BC; р.п.III, 196-197.

4. Or.31, n.9, 28,29, n.13; PG.36,144А,164D,92А; р.п.III3,90,104,54.

5. Оr.6, n.22, PG.35,749С; р.п.I.3,194; Or.25, n.17, ibid. 1221D; р.п.II2, 235.

6. Or.16, n.9, PG.35, 945С; р.п.II.3, 47.

7. Or 28, n.1, PG.36, 25D-28A; р.п.III.3, 12; Or.38, n.8, ibid. 320BC; р.п.III, 198.

8. Or.28. n.6, PG.36, 32С, р.п.III, 16; Or.14, n.33, PG.35, 904А; р.п.II3, 34; Or.4, n.47; 5, n.1. PG.35, 572АВ. 665А; р.п.I, 91. 145; Or.30, n.20, 129С.А; р.п.III, 81,80.

9. Ог.44, n.4, PG.36, 612А; р.п.IV3, 116

10. Or.28, n.1; 30, n.5; 34, n.8, PG.36, 25D 109А.249А; р.п.III.3,12,66,155.

11. Оr.38. n.11, PG.36,321D-324A; р.п.III.3, 199-200.

12. Or.38, n.12, PG.36, 324В. C-D; р.п.III, 200,201.

13. Сп., на пример, по прашањето за разделувањето на човекот на полови кај св. Јован Златоуст, hom., in Gen. XVIII,4, PG.53, 153; р.п.IV, 1, с.160-161; св. Јован Дамаскин, De fide orthodox II,30, PG.94, 976В; Псевдо-Атанасиј, Quaest. ad Antiochum ducem LI, PG.28, 629C.

14. А.И.Бриллиантов, И.С.Эригена, с.227-228.

15. Cв. Григориј Ниски, De hom.inis opificio, 16. 16. 22, PG.44, 185D,196A,192A,208A; р.п.I, 144-145,153,149,167.

16. Ibid. 17. 22, PG.44, 188D. 205A; р.п.I, 146-147,165.

17. Ibid. 16. 20, PG.44, 185AD,201А; р.п.I, 143,144,160.

18. Orat. catech. 8, PG.45, ЗЗВС; р.п.IV, 29.

19. Cв.Атанасиј Велики. Oratio de incarnat. Dei VerbI,5. 6, PG.25, 105B-108A; р.п.I.2, 197-199.

20. Ibid. 44, PG.25, 176AB; р.п.I.2, 248-249.

21. Ibid. 7. 10. 20, PG.25, 109A,113B,129D; р.п.I, 200,203,216.

22. Ibid. 10. 14. 16. 435, PG.25, 113A,121B-C,124BC,176D; р.п.I.2, 203,209,211.249.

23. Ibid. 9. 10. 26, PG.25, 112AB,113C,140D; р.п.I, 201-202,204,223.

24. Ibid. 54, PG.25. 192B; р.п.I, 260; De incarnat. et contra arianos 8, PG.26, 996A; р.п.III.2, 257. Овие гледишта воопшто ги споделувале двајцата Григориј (св.Григориј Богослов, Or.1, n.5; Or.2, n.23-24, PG.35,397С,432С-434А; р.п.I, 3,5,24; Or.29, n.19;30, n.21;38, n.I.3, PG.36, 100А,132А,325ВС; р.п.III, 59,81-82,202-203; св. Григориј Ниски, Or.catech. 25, PG.45,65D-68A; р.п.IV, 66-67); само св. Григори Ниски ја присоединувал уште и оригенистичката теорија за откупување од ѓаволот (Orat.cat. 23. 26, PG.45, 61А.В,64А,68А; р.п.IV, 60-62,67), со која одлучно не се согласувал св. Григориј Богослов (Or.45, n.22, PG.36, 653АВ; р.п.IV3,142).

25. Cв. Атанасиј Велики. Or.contra arianos II,70, PG.26, 296A-B; р.п.II.2, 353: “He би се обожил човекот, соединувајќи се со создание [т.е. со Логосот, како што за Него учеле аријаните], ако Синот не би бил вистинскиот Бог. И не би се ослободиле ние од гревот и проклетството, ако плотта, во која се облекло Словото, не била човечка според природата (затоа што со (плот) туѓа за нас, не би имал (Словото) во нас ништо заедничко)”.

26. Cв. Григориј Богослов, Оr.30, n.17, PG.36, 112С,353D-356C; р.п.III, 68,221. Or.5, n.124, PG.35, 664С; р.п.I, 144.

27. Cв. Григориј Ниски, Orat.catech.33,35, PG.45, 84А,88A.D.; р.п.IV, 85,89,90-91. св. Григориј Богослов, Ог.39, n.17, PG.36, 353С; р.п.III, 220; Or.40, n.7,9,10, 365D,69В,372А; р.п.III, 228,230,231.

28. Cв. Григориј Ниски, Orat.cat.37, PG.45,93А-С.97А; р.п.IV, 96-97,101. св. Григориј Богослов, Or.4, n.52, PG.35, 576D; р.п.I.3,93-94.

29. Cв. Григориј Богослов, Or.7, n.23, PG.35, 785С; р.п.I, 215.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

w

Connecting to %s