Донесен новиот закон за верски заедници

Собранието вчера (05. сеп.) со 64 гласови „за” и 1 глас „против” го донесе новиот закон за верски заедници. Министерот за правда, Михајло Маневски, во образложението за носењето на законот, нагласи дека тој е резултат на серија разговори со сите релевантни страни и во него се имплементирани сите европски стандарди.

– Законот гарантира дека не е дозволена верска дискриминација, дека црквата, верската заедница и религиозната група имаат право на внатрешно слободно организирање и дека државата го почитува идентитетот на црквите, верските заедници, религиозни групи и другите облици на религиозно здружување, воспоставувајќи со нив постојан дијалог и соработка, потенцираше Маневски.

Последната нацрт-верзија на Законот за верски заедници по неколкуте филтри од европските експерти е една од најлибералните која се најде пред пратениците. Новина во законот е тоа што наместо државата, за регистрација на верска заедница ќе одлучува Основниот суд Скопје 2, каде ќе се води единствениот судски регистар.

Во членот 9 од Законот стои дека, Црква, Верска заедница и религиозна група, ќе биде запишана во единствениот судски регистар, доколку таква црква, верска заедница или религиозна група не е веќе регистрирана.

Во членовите, 10, 11, 12, 13 и 14 се поместени условите за регистрација, кои во суштина претставуваат административни процедури. Членот 35, кој всушност и треба да биде заштита на петте уставни верски заедници, стои дека за оние верски заедници кои имаат добиено регистрација до 1998, не подлежат на повторна процедура за регистрирање. // Извор: Вечер

АНКЕТА:
КАКВО Е ВАШЕТО МИСЛЕЊЕ ЗА НОВИОТ ЗАКОН ЗА ВЕРСКИ ЗАЕДНИЦИ?
 

One thought on “Донесен новиот закон за верски заедници

  1. Интересно е да се види, дали за регистрација на одредена верска заедница пред државата е потребно да се има квантум на припадници – членови, наши државјани?

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

w

Connecting to %s