Мистиката на св. Макариј Египетски, св. Григориј Ниски и Евагриј

Од самиот свој почеток христијанската мистика (како теорија) се развивала во две насоки//1: етичко-практичка и созерцателна или философско-спекулативна[2]. Претставник на првата насока е св. Макариј Египетски//3, а на втората – св. Григориј Ниски//4 и особено Евагриј. Општата структура на гледиштата на претставницитe на двете насоки е еднаква. Целта на стремењата на човекот е обожението//5, а средство за негово достигнување е – аскетиката. Пoчетен стадиум во искачувањето кон Бога е очистувањето (κάθαρσις) од страстите//6, од страстните помисли//7. Само по достигнувањето на бестрастноста//8, тој венец на етичкото подвижништво, настапува следниот повисок момент во возвишувањето кон Бога – просветувањето (φωτισμός) со духовно знаење, со созерцанија (θεωρίαι)//9. На крајот, на највисокиот стадиум на развојот се достигнува и највисоката цел на аскетиката – обожението – во актот на мистичкото соединување со Божеството//10. Сите овие три моменти во поголема или помала мерка се застапени во двете укажани насоки, како и специфичната црта на христијанската мистика, која се изразува во учењето за таинствените вселувања или воплотувања на Христа во душите на подвижниците//11. Разликата меѓу двете насоки се состои само во преовладувањето на едниот или другиот момент и во своеобразната нијанса во претставувањето на секој од нив.

Мистиката на преп. Макариј – е емоционална мистика и, така да се рече, нагледна. Тоа е – живот на чувството и јасно-конкретни мистички чувствувања. За преп. Макариј етичкиот живот (очистувањето), по оддалечувањето од сè материјално//12, се сведува на длабоко движење на срцето во внатрешното преживување на стравот Божји//13, смирението14, љубовта//15, во високата состојба на молитвата//16, при што сето тоа се чувствува како опипливо вселување на особено духовно начело во душата на човекот. Таинствените просветувања имаат сосема конкретен карактер: тие се изразуваат или во чувствени виденија//17, кои потсетуваат на обични чувствени восприемања, или во мислени созерцанија//18, кои се одликуваат, исто така, со некаква опиплива нагледност. На крајот, мистичкото соединување со Бога се карактеризира кај преп. Макариј како безмерно силно горење на страстната љубов – на ερως-от//19 кон Бога и се претставува како материјално проникнување на душата и на телото со силите на Божеството, кои на душата и’ даваат највисоко блаженство и го возвишуваат телото над условите на пропадливото постоење//20. Целиот овој пат на возвишување кон Бога, преп. Макариј го претставува како борба во душата на две материјални сили – светот и темнината, “плототворниот” во душата Бог//21 и насилниот ѓавол во неа//22. На степенот на очистување, Божјата сила што дејствува во подвижникот се чувствува како небесен оган кој ги согорува скверните на душата//23; откако ќе биде достигната бестрастноста – како небесна, материјална светлина што ја осветлува душата//24; на крајот, на највисокиот степен – како совршено вселување на Христа, соединување со Него во екстатичка состојба и совршено сорастворување со Него според телото и душата//25. Сите претстави на преп. Макариј за мистичките состојби имаат, на тој начин, опипливо-конкретен карактер.

Од друг тип е философската мистика. Тоа е – мистика на умот и апстрактните созерцанија. Нејзината особеност е – во стремењето да се ослободи од сè конкретно, сетилно, во поставувањето на интелектуалниот момент на прв план. Заедно со засилувањето на спекулативниот елемент, природно, во аскетиката се внесува и средувачката дејност на разумот, а со неа и научната обработка. Кај “созерцателите” особено се култивира фината психологиска анализа, и во изложувањето на нивните системи се воведува философска терминологија. Очистувањето од страстите “созерцателите” го разбираат како планомерно лекување на страстните сили на душата: επιθυμία и θυμός//26, кое се врши преку оддалечување од сè сетилно//27. Центарот на борбата притоа се пренесува од надворешната практика кон внатрешната борба со помислите//28; за целите на нејзината планомерност се востановува генезисот на страстите и се создава схемата на осумте помисли//29. Така, во аскетската практика во значителен степен се внесува елементот рефлексија. Само по собе се разбира, дека интелектуалниот момент уште повеќе се засилува во созерцателнит стадиум//30. Созерцанијата веќе не носат конкретно-сетилен карактер//31, туку претставуваат апстрактни мислени интуиции за внатрешната суштина и цел (λόγος) на предметите и дејствата//32. Во таков дух созерцателите го претставуваат и повисокиот мистички момент. Тој, секако, е сливање со Бога, но веќе не на душата и телото, туку на умот, кој се возвишува во екстатичка состојба до најтаинственото богопознание според ослободувањето од сè сетилно и мислено//33. Општа црта на созерцателната аскетика – е нејзината техничка обработеност, условена од преовладувањето на интелектуалниот момент. Во аскетиката “созерцателите” внесуваат систем, планомерна градба; во неа се изработуваат схеми, се класифицираат душевните состојби, се определува нивната последувателност. Целиот аскетски живот се дели на три стадиуми: практичка философија, природно созерцание, богословие//34. На секој стадиум планомерно се определува патот на лекување на душевните сили на човекот и стекнувањето на добродетели и знаење. На пример, се укажува ваков поредок на напредување во добродетелите: од верата и стравот Божји се раѓа воздржувањето од страстите (против επιθυμία); тоа, од свој страна, е условено со трпението (против θυμός), а како резултат се достигнува највисоката добродетел – љубовта//35. Во овој редослед првенствени се созерцателната аскетика и мистиката.

На највидниот од претставниците на созерцателниот тип аскетика – Евагриј – паднала црковната осуда за пристрастност кон оригенизмот. Името Евагриј потоа излегло од полето на црковната писменост, неговото влијание ослабнало. Впрочем, созерцателната аскетика не била подложена во дадениот случај на суштински губиток. Најдобрите творби на Евагриј се зачувале под името св. Нил Синајски, а неговата “практичка философија” била разработена (во V в.) во созерцателниот правец на св. Исихиј (учењето за “трезвеноста”), на Марко Подвижник и Нил Синајски//36. Несомнено е, сепак, дека гонењата против оригенистите и созерцателите кои почнале од крајот на IV в. помогнале аскетиката од V в. да започне да се развива со разгранување во страна на практичкиот морализам. Од следбениците на св. Макариј, со исклучок на блаж. Диадох, никој не ги пројавил силите на неговата созерцателност: преп. Зосим, Варсануфиј, Доротеј се сосредоточувале воглавно на прашања од практиката. Истото е забележително кај св. Исихиј, Марко, Нил. Оваа околност зборува за ослабнување на мистичкото чувство и на философските прашувања во аскетската писменост во V-VI век.//37. Созерцателите, очигледно, не се ползувале со симпатии. Нивниот допир со оригенизмот, на крајот на краиштата, сосем ги отфрлил на заден план. Напротив, “практичарите” пројавиле особена животоспособност, и нивната дејност успешно растела (св. Јован Лествичник).

Така, несомнено, под општото влијание на догматските спорови во епохата на Јустинијан и богословието и аскетиката во Византија почнале да се приближуваат кон попрост тип, туѓ не само на оригенистичките крајности, туку и воопшто на философските апстрактни нијанси.

Белешки:

1. Я.М.Минин, Бог. Вестн. 1911, III,с.830.

2. Именувањата се даваат според преовладувачкиот елемент во секој правец.

3. За мистиката на св. Макариј пишувале – проф. И.В.Попов, Мистическое оправдание аскетизма в творениях преп. Макария Египетского. св. -Тр. Сергиева Лавра, 1905 (оттиск из Бог.Вести, за 1904-1905); J.Staff els, Die mystische Theologie Makarius des Aegypters und die ältesten Ansätze christlicher Mystik. Bonn, 1908; П.М.Минин, Бог.Вестн. 1914, июнь, с.311-326; иерод. Онуфрий. Мистика преп. Макария Египетского. Учено-богосл. опыты студентов Киевской дух. Академии. Вып. XII, Киев, 1914, с.1-123. Изложение у W.Gass, Die Mystik des Nicolaus Kabasilas, S.53-59 не имеет теперь научной ценности.

4. Негов претходник во овој однос бил Климент Александриски, за него види кај проф. Д.П.Миртов, Нравственное учение Климента Александрийского. СПб., 1900, с.209-218: П.М.Минин, Бог.Вестн. 1911, III,с.634-638. – На мистиката на св. Григориј Ниски прв обратил внимание Fr.Diekamp, Die Gotteslehre des hl.Gregor von Nyssa, Th.I.Münster, 1896, S.90-101; но, во своето дело (S.98) тој го одрекува непосредниот карактер на мистичкото богопознание по ученњето на св. Григориј, против што праведно реагира Н.Koch, Das mystische Schauen beim hl.Gregor von Nyssa. Theol.Quartalschrift 1898 (LXXX, H.3), S.405-420, а за ним П.М.Минин, Бог.Вестн. 1913, май, с.165-172; двајцата, сепак, истражувачи прекумерно го преувеличиваат преовладувањето на спекулативниот елемент над етичкиот кај св. Григориј, споредувајќи го неговото учење со гледиштата на Дионисиј Ареопагит. Лесно ја допрел мистиката на св. Григориј Ниски Д.И.Тихомиров, св. Григорий Нисский как моралист. Могилев на Днепре, 1886, с.292-294.

5. Преп. Макариј, hom.44, n.8;34, n.2;5, n.12 (р.п.§21), PG.34, 784С,745В,517А; р.п.(4 изд.), с.286,251,57. св. Григориј Ниски, In psalm, inscriptiones I,1, PG.44, 433C;457C; р.п.II, 3-4. 30; In Cant. Cant. hom..IX, PG.44, 968C; р.п.III, 242; De virginitate 1, PG.46, 320D; р.п.VII, 288; De beatitud. Or.I. PG.44, 1200D; р.п.II, 366-367.

6. Преп. Макариј, Ноm.17, n.11;15, n.53 (р.п.51); 24, n.5, PG.34. 632A,613A,665В; р.п., с.153,138,183-184. св. Григориј Ниски, In Cant. Cant. hom..V,XV, PG.44, 873A,1109C; р.п.III, 135. 398; De vita Moysis, PG.44, 332A,361B-C; р.п.I, 263,298; De virginitate 4, PG.46, 348A; р.п.VII, 316-317.

7. Преп. Макариј, hоm.21, n.2,4, PG.34, 656С,657АВ; р.п., с.175,176. св. Григориј Ниски, In Cant. Cant. hom. IX, PG.44, 964D-965A; р.п.III, 238.

8. Преп. Макариј, hom.9, n.7;18, n.9;17, n.12; PG.34, 536B-C,640D,632B; р.п., с.74-75,161,154. Cв. Григориј Ниски, In Cant. Cant. hom..IX, PG.44, 965A; р.п.III, 238; Oratio catech. 6, PG.45, 29A; р.п.IV, 23.

9. Преп. Макариј, hom.7, n.5;8, n.3;10, n.1, PG.34,525D,529B-C.541 AB; р.п., с.66,69,79. св. Григориј Ниски, In Cant. Cant. hom..V. VI. X. XI. PG.44, 884A-B.892A. 993C-D,1000D; р.п.III, 147,156,271,278; De virginitate 4, PG.46, 348A; р.п.VII, 317.

10. Преп. Макариј, hom.4, n.10;10, n.2, PG.34,480В,541В; р.п., с.28,80. св. Григориј Ниски, De vita Moysis, PG.44, 373B; р.п.I, 312; In Cant. Cant, hom..I,XI, PG.44, 777D,1000D-1001A; р.п.III, 27,279; In psalm, inscriptiones I,7, PG.44, 456B; р.п.II, 27, De virgin. 10, PG.46, 361B; р.п.VII, 333. Евагриј, Cap. practica ad Anatolium 38, PG.40, 1232В; р.п.(Добротолюбие т.I,4), с.577 [Творения аввы Евагрия. М.:Мартис,1994, с.107, гл.66]. Поподробно врски кон Евагриј се прават понатаму (с.30-32).

11. Преп. Макариј, Ноm14, n.2;15, n.38 (р.п. §36), PG.34,572А,601С; р.п.,с.105,130. – св. Григориј Ниски, In Cant. Cant. hom..XIII,XV, PG.44, 1052A,1096AC; р.п.III, 334,382. Евагриј, Наставления киновитам (гл.76-78, Добротолюбие I,613 [с.136, гл.118-120]), PG.40, 1232А. Укажаната идеја е ранохристијанска: Гал.2:20; 4:19; Epistula ad Diognetum (appendix) 11.4, Patres apost., ed. Funk, v.I (1901,2), p.410.14; р.п.(Соч. св. Иустина философа и мученика, М.,1892), с.383; св. Ипполит, Εις τον Δανιήλ I, 10.8, GCS: Hippolytus Werke, B.I,1 (Bonwetsch-Achelis), S.17:14-20; р.п.I,11; De antichristo 61, ibid. B.I,2, S.4119; р.п.II, 42; Ориген, In Joann. comment, t.I,4:23; GCS: Origenes Werke, B.IV (Preuschen), S.9.1-3; Методиј Олимписки, Convivium VIII,8, PG.18, 149C; р.п., с.95. св. Методиј ја развива оваа идеја со особена љубов.

12. Преп. Макариј, hom. 11, n.6. 7; 43, n.3, PG.34, 548D-549A. 773В; р.п., с.86. 277.

13. Hom.16, n.11, PG, 34, 621А; р.п., с.145.

14. Hom.19, n.8; 41, n.3, PG.34, 648D. 769В; р.п., с.169. 273.

15. Hom.29, n.5; 3, n.1; 19, n.2, PG.34, 717C-D. 468В. 644В-С; р.п., с.227. 18. 165.

16. Hom.19, n.7. 8; 40, n.2, PG.34, 648С.649А; 764В; р.п., с.168. 169; 268.

17. Hom.7, n.3. 5; 8, n.3, PG 34. 525В-С.D. 529В; р.п., с.66. 69.

18. Hom.1, n.3; 17, n.14; 49, n.4, PG.34, 453А. 633А. 816В; р.п., с.5-6, 155. 312.

19. Hom.4, n.15; 9, n.9, PG.34, 484В. 537 А-В; р.п., с.75-76.

20. Hom.46, n.3. 4; 15, n.38 (р.п. §36); 8, n.6;14, n.4, PG.34,793CD,601С.532С.572D; р.п., с.295. 129-130. 71.106.

21. Hom.4, n.10. 13, PG.34, 480В. 481C-D; р.п., с.28. 29.

22. Hom.15, n.28 (р. n.§ 26), PG.34, 593C-D; р.п., с.124.

23. Hom.25, n.9. 10; 4, n.29; 30, n.6, PG.34, 873В. С; 481А. 725А-В; р.п., с.190. 29. 233.

24. Hom.2, n.4; 7, n.5, PG.34, 465В-С.525D; р.п., с.16. 66.

25. Hom.9, n.12;46, n.3, PG.34,540В. 793C-D, р.п., с.77. 295.

26. Евагриј, Cap. practica ad Anatolium 63. 58, PG.40, 1236C-D,1233D-1236A; р.п., с.580,579 [с.109, гл.86]; Gnosticus (fragm.), ibid. 1285B; р.п.,с.637 [с.118, гл.44]. св. Григориј Ниски, De vita Moysis, PG.44, 353C-D,361D-364A; р.п.I, 290. 299-300. In psalm, inscriptiones I,8, PG.44, 477B-C; р.п.II, 51; ep. canon, ad Letoium, PG.45, 224A-225A; р.п.VIII, 426-429; npen. Марко Подвижник, Praecepta salutaria 7, PG.65, 1040A (επιθυμία, види. Добротолюбие, т.I,§13, с.476), р.п.(М., 1858), с.281; ibid. 8, 1041А-В (οργή; §16, с.478); р.п., с.284.

27. св. Григориј Ниски, De virginitate 12, PG.46, 376АВ; р.п.VII, 347-348.

28. Евагриј, Cap. practica ad Anatolium 46. 39, PG.40, 1233A,1232В; р.п., с.577 [с.108, гл.74; с.107, гл.67]. Преп. Марко Подвижник, De lege spirit. 139 squ., PG.65, 921D squ., р.п., с.31 сл.

29. Евагриј, De octo vitiosis cogitationibus, PG.40, 1272A-1276A; р.п., с.603-605 [с.96-98]. Прв пат оваа схема се сретнува кај Евагриј.

30. Созерцанието се разбира како лекување на повисоката способност – на умот – од “незнаење” на божествените нешта, αγνοια αγνωσία, Евагриј, Сар. pract. 59,58, PG.40, 1236А; р.п., с.579 [с.109, гл.87.86]; преп. Марко Подвижник, Praecepta salutaria. 10, PG.65, 1045ВС (Добротолюбие, т.I, §20, с.481); р.п., с.290.

31. Не станува збор за виденија.

32. Евагриј, Cap. practica ad Anatolium 38. 61. 56, PG.40, 1232В,1236В,1233C-D; р.п., с.577,579 [с.107, гл.66; с.109, гл.89,84]. св. Григорий Нисский, De vita Moysis, PG.44, 377A; р.п.I, 316; De virginitate 22, PG.46, 404A; р.п.VII, 379-380.

33. Евагриј, Cap. practica ad Anatolium 71, PG.40, 1244A-B; р.п., с.584 [с.124, гл.12]; De octo vitiosis cogitationibus, 1278A; р.п., с.608. св. Григориј Ниски, De vita Moysis, PG.44, 376-377A. 401D; р.п.,I, 315-316,345; In Cant. Cant. hom. I, PG.44, 772D-773A; р.п.III, 21; De virginitate 10, PG.46, 361BC; р.п.VII,333 (см. выше с.284); преп. Марко Подвижник, Praecepta sal. 7, PG.65, 1040C (Добротолюбие, т.I, § 14, с.477-478), р.п., с.282-283.

34. Евагриј, Cap. practica ad Anatolium 1. 56,59, PG.40, 1221D,1233C-D,1236A; р.п., с.571,578-579 [с.96, гл.1; с.109, гл.84,87]. сп. св. Григориј Ниски, De vita Moysis, PG.44,336D-337A,360ВС; р.п.I, 270,296; In psalmorum inscriptiones, I,3, PG.44,437D; р.п.II, 8. св. Нил Синајски, De oratione, PG.79, H68A; р.п.I, 173. Оваа поделба му била позната, впрочем, и на св. Василиј Велики, Ер.8,4, PG.32, 253В; р.п.VI4, 29.

35. Евагриј, Cap. practica ad Anatolium, prooem., PG.40, 1221B-C; С.53, 1233В; р.п., с.570,578 [с.95; 108-109, гл.81].

36. Прашањето за творбите со име “Марко”, “Нил” до сега во науката не е конечно разрешено. (Литература за нив види кај Bardenhewer’a., S.317-318). При нивното читање неволно се појавува мислата, дека имаш работа со творби на двајца автори. Несомнено е, дека меѓу творбите на св. Нил се кријат творби на Евагриј. Освен Capitula XXXIII κατ’ ακολουθίαν, Spirit. sententiae per alphabetum и Aliae sententiae, забележени уште кај Мињ, – PG.79, 1233, – под името Евагриј, во негови творби треба да се вбројат Capita XXVII de diversis malignis cogitationibus (PG.79, 1200-1233; р.п.(творби на св. Нил) I, 278-311), како што тоа е направено во Добротољубието (I,4, 618-636), и уште, во крајна мерка, главите De oratione (PG.79, 1165-1200; р.п.II, 170-200), Capita paraenetica (часть их: гл.1-24, PG.79, 1249-1252 издадени кај Elter. Gnomica I, Upsiae 1892, p.III, под името Евагриј; со истиот карактер се и останатите глави 25-139, PG.79, 1252В-1261; р.п.I, 233-244) и блиската со нив Γνωμα απάγουσαι, PG.79, 1240-1249; р.п.I, 246-256. Бидејќи прашањето за овие последни творби уште не е подложено на специјално истражување, нив ги цитираме како творби на “Нил”. Под “Марко” го подразбираме писателот, кој ја разработил аскетиката во духот на св. Григориј Ниски и Евагриј. За него ги сметаме карактерни творбите: Praecepta salutaria (послание до монахот Николај, PG.65, 1028-1053), De Lege spirituali (PG.65, 905-929), De his qui putant se ex operibus justificari (929C-965A).

37. На правилниот развој на мистиката, освен укажаната околност, попречувале уште и појавувањето на различни заблуди во оваа област, како ереста на месалијаните и други подоцнежни мистички секти.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s