„Ареопагитики”

Сепак, тоа не значи дека спекулативните интереси во Византија конечно пресушиле. Тие постоеле и нив ги поддржувало распространувањето во VI в. на познатите Areopagitica – дела потпишани со името: св. Дионисиј Ареопагит. Ареопагитиките со својата философска обработка на христијанското учење сосема ги задоволиле спекулативните интереси во Византија, и притоа без никакво оштетување на чистотата нха црковното учење, што им донело погодна предност над философскиот оригенизам. Во нив, делумно со помошта на делата од неоплатоничарот Прокло (411-485)//1, бил направен величествен обид за создавање на христијанска философија, која според широчината на зафатот никако не отстапувала пред класичните обрасци и истовремено имала цврста потпора во Писмата. Овие интересни творби, кои, при нивното прво појавување во 531 г., православните ги дочекале со големо сомневање, кон VII в. успеале да достигнат сеопшто признание и огромно влијание врз умовите. Големото количество кодекси на Ареопагитските творби кои се зачувале до нас, зборува за интересот, што го предизвикал кон себе тој оригинален споменик на најапстрактна философска спекулација. Ареопагит му го дал на византиското општество она што му недостасувало, му ја дал философијата, која целосно го заменила “нецрковниот гносис на Ориген”//3 и ги задоволувала мистичките барања на византијците. Притоа, уште треба да се забележи дека Ареопагит ја засегнал и успеал да ја воведе во системот на својата мистика, најживотната страна на умствените интереси во Византија – црковниот култ, кој во тоа време бил сфера на живо творештво и сеопшто внимание и сè повеќе ги свртувал кон себе срцата и умовите на сите, засолнувајќи ги дури и богословско-философските интереси. Ареопагит – е родоночалник на богослужбената символика. Овде е неговиот корен на популарноста на Исток.

Сферата на антропологиските и христологиските прашања Ареопагит ја остава воопшто неутрална: во нив тој не излегува од најраспространетите и неспорни формули. Непосреден интерес за него лежи во друга област – во сферата на теософијата и мистиката. Целата мисла на Ареопагит е устремена во светот на таинственото, целата се возвишува. Таа уште и започнува со највозвишени созерцанија за највисоките совршенства на Божеството, колку што тие се одразиле во светот, со така-нареченото “катафатичко богословие”//4. Но потоа, не задоволувајќи се и со највисоките катафатички тврдења, таа се вознесува сè повисоко и повисоко и наоѓајќи дека Божеството е навистина над сè што ние само можеме да помислиме за Него//5, со последни напори мислата се стреми да се возвиши над сите замисливи совршенства, над сите потврдни искази за Бога и, заради превосходството (καθ’ υπεροχήν) на Божеството//6, го одрекува во Него, сето она што порано го тврдела, искачувајќи се, на тој начин, на врвовите на “апофатичкото богословие”//7. На највисоките степени на оваа апстрактна апофатика, умот се удостојува со највисоко мистичко осветлување, со непосредно познание на Божеството во “таинственото богословие” во состојба на екстаза//8. Таа највисока состојба – состојба на соединување со Бога//9 и обожение (θέωσις)//10 – е целта на движењето на целото битие//11, е неговото (τελείωσις)12, крајно усовршување. Смислата на животот на сите суштества – е стремењето кон соединување со Бога//13 добивајќи високи таинствени осветлувања од Него. Потоците на тие осветлувања вечно се изливаат во светот од непресушниот извор на божествените дарежливости//14, слегувајќи од највисоките степени на битието кон пониските. Тие ги даваат своите просветувања според мерката на приемчивоста на битието (αναλόγως)//15; затоа тие се изливаат во сетилниот свет секогаш под надворешни знаци (символи)//16. Внатрешната содржина на сите тие таинствени осветлувања се доживува, секако, од секого непосредно, како и воопшто во сите мистички состојби. Сепак, за таа да биде примена, потребно е претходно особено поучување (μυσταγωγία) од некого, кој самиот веќе имал искуство и кој е посовршен//17. Самата градација на слегувачките степени на битието ја определува неопходноста од таквата повисока “иерархиска” реакција: во тоа е основата на принципот иерархизам//18. Затоа и целото разумно битие во својата устременост кон Бога ги образува небесната иерархија//19 и земната која ги поставува пониските чинови под раководство и таинствена реакција на повисоките//20. Во неа Ареопагит ја созерцува целата иерархиски изградена скала на осветлувања, според која, така да се рече, слегува просветувачката енергија на Божеството. Од своја страна, таа скала не е нешто поинакво од одразот на оние последувателни степени на битието (од повисоките до пониските), во кои се разоткрила творечката Божја енергија//21. Мистиката на Ареопагит овде непосрдено се потпира на неговата онтологија и самата води кон оние философски претпоставки кои се бараат за нејзино засновување.

Не само осветлувањето на создадениот свет, туку и самото негово битие е пројавување на Божјата сила//22. Сè е причестно на Бога//23 [со битието//24, со животот//25, со движењето//26], а најмногу Му се причестни разумните суштества [со разумот]//27. Катафатичкото богословие на тоа и се засновува, дека ги созерцува во созданијата разните видови на причестност на Божеството, пројавувањето на Неговите енергии//28, реализацијата во светот на Неговите предвечни идеи (λόγοι) или барања//29. Овој поим „причестување” ја исклучува секоја мисла за супстанцијално битие во светот на злото. Злото, всушност, како такво, не постои//30, зашто сè што навистина постои е причестно на Бога – превисокото Добро. Злото, ако и постои, тоа не постои само по себе, не како самостојно битие, туку само како случајна црта во него (συμβεβηκός)//31, како недостаток, неправилно движење на природната (и добра сама по себе) енергија//32. Всушност, во човекот злото (гревот) е недостаток на знаење и добротворење//33, негово оддалечување од Едниот//34, расејување во множественоста на сетилното битие//35, толку спротивно на божествената “едновидност”//36.

Сите овие случаи на оддалечување од Бога – се појави на случаен поредок и ненормални појави. Во реално пак, значајната стварност царува едниот неизменлив закон: битието што излегло од Бога, мора и да се врати кај Него//37. Меѓу другото, таква е целта и на човекот//38. Патот на неговото возвишување кон Бога е пат на ослободување од сè создадено//39, од сè што е способно да го оддалечи од Бога и да води кон заматување на неговите мисли. Тоа е патот на испразнување на душата од обичната содржина, нејзино упростување (απλωσις)//40. Во стремењето кон Бога, човекот мора да се ослободи од сите видови множественост//41: од чувствата и од сетилното битие, од разнообразноста во мислите и од самите мисли, за со совршено чист ум да се слие со Бога//[42. Одејќи го овој пат, човекот мора да помине три стадиуми на развој: κάθαρσις, очистување од сетилното битие//43, φωτισμός, просветување со духовно знаење//44, τελείωσις, мистичко богопознание//45. Таква е основната схема на аскетиката. Ареопагит ништо не дал во аскетиката, освен оваа троична схема, но тој методски ја применил неа кон сите страни на духовниот живот во небесната и земната иерархија (чинови очистувани, просветувани, усовршувани) и настојчиво ја спровел во сите детали на својот систем, со што го зацврстил нејзиното значење во византиската мистика//46

Лесно е да се види дека системот на Ареопагит од почетокот до крајот е проникнат со стремежот кон таинственото, недостижното, мистичкото: Бог, недостижниот и таинствениот во Својата сокриеност, и иерархиската скала на таинствените очистувања и осветлувања која води кон Него, која ги преминува сите чинови на разумните суштества, – тоа се предметите на неговите проникливи созерцанија. Мистичкиот карактер на гледиштата на Ареопагит се надвор од секакво сомневање. Лесно е, исто така, да се определи и нивниот правец и нивниот основен тип. Мистиката на Ареопагит, според својот апстрактно-спекулативен правец се истакнува од редот на другите. Таа целосно е проникната со философски дух. Богословието на Ареопагит, во крајна мерка во областа каде што тој навистина го разработил, се ограничува со апстрактната идеја за Бога, која доминира над сите негови размислувања за совршенствата (својствата) на Божеството. Неговата етика ги споделува сите особености на неговото апстрактно-спекулативно богословие: κάθαρσις е не толку очистување од страстите и гревовите, колку што е ослободување од сè сетилно; φωτισμός е просвестувањето од апстрактните осветлувања, чие значење се состои во совршеното ослободување на умот од секакви сетилни претстави; τελείωσις е екстаза, повторно на умот, негово стапување во темнината (γνόφος) на божественото молчење, во состојбата на потполно без-мислие (ανοησία)a// 47. Таа апстрактна интелектуална мистика сосема соодветствува на основната философска идеја на Ареопагит за Бога и на нејзиниот апстрактен карактер. Во истиот философски дух кај Ареопагит е обработено и црковното богослужение. Тој дава, не просто толкување на црковниот обред, кое се враќа во сферата на конкретните идеи на христијанството, како, на пример, св. Кирил Ерусалимски, туку истенчено философско толкување, развивајќи го во духот на својот систем учењето за различните видови пројавувања на силите на Божеството во богослужението: “очистувањето, просветувањето, усовршувањето”//48

Распространувањето на ареопагитските творби извршило силно влијание на состојбата на умовите во Византија. Повторно оживеале философските созерцанија во богословието, повторно добило сила и значењето на философскиот правец во аскетиката и мистиката. Така, Ареопагитиките дале нов импулс и нов правец на богословската мисла и во таа смисла добиле важно значење во историјата на византиското научно богословие. Можеби како реакција против засилувањето на спекулативно-идеалистичките принципи во богословието и мистиката, се појавиле во Византија во VII в. заблуди од практичко-реалистички карактер. Имено во таа епоха настапиле γνωσιμάχοι//49, противниците на созерцателноста, и θνητοψυχιται//50, кои учеле за прекратувањето на битието на душата по смртта на телото. Првите, очигледно, придавале преголемо значење на практиката на штета на созерцанието, вторите – на чувствено-телесното битие на штета на идеално-духовното. Но, овие заблуди биле само случајни израстоци на површината на духовниот живот на Византија и нивното значење се сведувало само на тоа дека полемиката со нив ја поддржувала црковната писменост.

Белешки:

1. За проблемот на изворноста на Areopagitica и нивниот однос кон неоплатонизмот, и делумно за врската на ареопагитските размислувања De div. nom. IV,18-34 за суштината и настанокот на злото со трактатот од Прокло De subsistentia malorum, види. А.И.Бриллиантов, И.С.Эригена, с.142-148 забел. и 495-496, и овде посочената литература, особено Baur, II, 251-263, и новите истражувања на језуитот J.Stiglmayr, Der Neuplatoniker Proklus, als Vorlage des sog. Dionysius Areopagita in der Lehre vom Übel, Hist. JahrB.1895 (XVI), 253-273, и H.Koch, Der pseudepigraphische Charakter der dionysischen Schriften. Theol.Quartalschr. 1895 (LXXVII), 353-420. Истиот Кох во книгата: Pseudo-Dionysius Areopagita in seinen Beziehungen zum Neuplatonismus und Mysterienwesen (Forsch. zur christl. Literatur und Dogmengeschichte I, 2-3). Mainz 1900, го востановува односот на ареопагитските творби кон неоплатонизмот, воглавно од страна на терминологијата (а, исто така и на гледиштата, бидејќи тие во неа се одразуваат). Во руската литература против изворноста на ареопагитиките се искажувале проф. К.Скворцов, Исследование об авторе сочинений, известных с именем св. Дионисия Ареопагита. Киев 1871; свящ. И.Смирнов, Русская литература о сочинениях с именем Дионисия Ареопагита, Правосл.Обозрение 1872, I,842-876; за изворноста – Преосв. Порфирий (Успенский), св. Дионисий Ареопагит и творения его. М.,1878 (оттиск из “Чтений в общ. любителей дух. просвещения” 1878 II, 176-214,321-370,715-757). Изложување на гледиштата на Ареопагит даваат Baur II, 207-251; Christlieb, 90-104; Huber, 327-341; Dorner, II, 196-203; Steitz, 197-229; Bach, I,6-14; A.Helfferich, Die christliche Mystic in ihrer Entwickelung und ihren Denkmalen, Gotha 1842, B.I, 129-176; II, 1-52; Преосв.Порфирий, 22-73; Вертеловский, 41-50; проф. А.И.Бриллиантов, 142-178; проф. И.В.Попов, Идея обожения, с.21 и д.; П.М.Минин, Бог.Вестн. 1913, май, с.151-165 (странска литература види кај Bardenhewer, 467).

2. Collatio catholicorum cum Severianis, habita Constantinopoli anno Domini DXXXI tempore Justinianis imperatoris, Mansi VIII, 821D. Трагите од постоење на Ареопагитиките по древната литература критички ги проучил Stiglmayr, Das Aufkommen der Pseudo-Dionysischen Schriften und ihr Eindrmgen in die christliche Literatur bis zum Laterankonzil 649. Feldkirch, 1895.

3. Проф. А.И.Бриллиантов, с.144..

4. Dionysius Areop., Myst. theol.III, PG.3, 1032D; 1,2, 1000B; Div. nom. II,3. V,8. XI,6, PG.3, 640В,824В,953С. На изложувањето на катафатичкото богословие е посветено делото на Ареопагит De divinis nominibuS. Овде се утврдува за Причината сето она што се созерцува во настанатото од Причината (αιτιατοις), и се воспеваат божествените совршенства – благоста, битието, животот, мудроста, силата, величието и т.н., завршувајќи со својствата: τέλειος и έν (το πάντων αίτιον, гл.XIII).

5. Div. nom. XIII,3, PG.3, 981А; II, 8, 645С; I,1, 588В.

6. Div. nom. VII,2, PG.3, 869А; Ер.IX, 3, 1109С.

7. Myst. theol. V, PG.3, 1045D-1048A; II, 1025А-В; I,2, 1000B; Div. hom. I,5, PG.3, 593C. Тие одрекувања повеќе му приличат на божественото битие, повеќе на вистината, отколку на тврдењето: Coel. kier. II,3, PG.3, 141А. – Апофатичкото богословие е предмет на друго дело на Ареопагит De mystica theologia.

8. Myst. theol. I,3, PG.3, 1001A. Тоа таинствено познание е неизразливо во формите на нашето знаење. Тоа е темнина (Myst. Th.I,3,1001А; II,1025В), не-знаење (αγνωσία, Div. nom. VII,3, 872A-B; Ер.I, PG.3, 1065A; V, 1073A), без-мислие (ανοησία, Div. nom. I,1, PG.3,588B; Myst. theol. III, 1033B-C), отстапување (έκοτασις, Myst. theol. I,1, PG.3, 1000A).

9. Myst. theol. III, PG.3, 1033C.

10. EccleS.hierarchia I,3, PG.3, 376A.

11. Div. nom. I,5, PG.3, 593D.

12. Div. nom. XIII,1, PG.3, 977B; Coel.hier. III,2, PG.3, 165B.

13. Div. nom. I,5, PG.3, 593D; IV, 5,700B.

14. Div. nom. II,7, PG.3, 645А-В.

15. Div. nom. IV,33, PG.3, 733В-С.

16. Coel.hier. I,3, PG.3, 121C; Eccles.hier. I,4, 377A. Овде е основата на символизмот.

17. Myst. theol. I,2. PG.3, 1000A; Coel.hier. IV,3,4, PG.3,181A. B; V, 196C.

18. Coel.hier. III,1,2, PG.3, 164D. 165A.

19. Девет ангелски чинови: Coel.hier. VI,2, PG.3, 200D. На Небесната иерархија е посветено делото De coelesti hierагсhia, а на земната – De ecclesiastica hierarchia (каде што, воглавно, се зборува за свештените дејства на оваа иерархија – за Светите Тајни).

20. Coel.hier. X, I,PG.3, 272D-273A; III,2, 165B-C; IV,2, 180B; VII,3, 209A-B; Eccles.hier. I,2, 372C-D; V,1. 501C.

21. Div.nom. V,8, PG.3, 821C-D; Coel.hier. XIII,3, 304C.

22. Div.nom. II,11. IV, 4, PG.3,649В. 697С.

123 Div.nom. 1,3. V,2,8. XII,4, PG.3, 589C. 816C. 821В. 972В.

24. Div.nom. V,1, PG.3, 816В.

25. Ibid. VI,1, 856В.

26. Ibid. VIII,3, 892В.

27. Ibid. VII,2, 868В.

28. Ставаме акцент на зборот: енергии. Енергиите и причестностите (μετοχαί) во Бога, со кои се причестува созданието, кај источните мислители секогаш јасно се разликува од суштината самата во себе (Дионисиј Ареопагит, Div.nom. II,7. XI,6. XII,4, PG.3, 645А,956А,972В; Види А.И.Бриллиантов, 222-223). Апофатичкото богословие прави остра граница меѓу пројавувањето на енергиите на Божеството, според кои ние го познаваме Него катафатички и Неговата скриена суштина (Div.nom. V,8. 10, PG.3, 824В,825В). Оваа граница остро ги одделува христијанските мислители-теисти од пантеистите. Таа, секако, станува уште поостра, кога созданието го гледаат не само како пројава на енергиите (а, не на суштината), туку и како акт, заснован на слободна творечка намера, што, впрочем, кај Ареопагит не го гледаме.

29. Div. nom. V,8, PG.3, 824С; Myst. theol. I, 3, 1000D. Овие идеи се λόγοι φύσεως, кои го образуваат начелото во природата: Div. nom. IV,26, V,7, PG.3, 728C,821В.

30. Div. nom. IV,19, PG.3, 716C-D.

31. Ibid. IV, 32, 732C.

32. Div. nom. IV,23; 30, PG.3, 724D. 725В,728А; 729C.

33. Ibid. IV,35, PG.3, 736A.

34. Eccles. hier. II,III, 5, PG.3, 401A.

35. Ibid. III,III, 7, 8. 11, PG.3, 433D-436A,437A,441A.

36. Ibid. II,III, 5, PG.3, 401В.

37. Соеl.hier. I,1, PG.3,120В-121А; ср. Eccl.hier. VI,3, PG.3, 533А.

38. Види. погоре, с.35, забелечки 10. 6-9.

39. Myst.theol. III,PG.3, 1033C.

40. Coel.hier. I,2, PG.3, 121B.

41. Div.nom. 1,4, PG.3, 589D.

42. Div.nom. II,7, PG.3, 645A-B; Myst. theol. I,1, PG.3, 997B-1000A.

43. Coel.hier.III,3, PG.3, 165D.

44. Ibid.; ср. Div.nom. XI,2, PG.3,949D: άυλος νόησις.

45. За сите три стадиуми види. Coel.hier. III,2.3, PG.3, 165В,165D-168A; VII,3, 209С; VIII,1,2, 240В,240C-D; X,1, 272D; XIII,4, 305С; Eccles. hier. V,3, 504В; VI,III,5. 6, 536С.537В; Div. nom. IV,2, 696В. за θεολογίας μυστήρια види. Myst.theol. I.1, PG.3, 997A-B. Преку κάθαρσις и φωτισμός се остварува уподобувањето на Бога, а преку τελείωσις – соединувањето со Него, и, на тој начин, се достигнува обожението (θέωσις), кое е η προς Θεόν, ως εφικτόν, αφομοίωσίς τε και ένωσις. Eccles. hier. I,3, PG.3, 376A; ср. Coel. hier. I,3. II,1, PG.3, 124A,164D.

46. Аскетиката на Ареопагит – е само беззначаен момент во неговиот систем, како и човекот – во целото светско битие, според неговото гледиште. Тоа е карактерно за системот на Ареопагит, чија централна идеја е – идејата за Бога, и таа со себе ги засолнува сите други проблеми на светогледот.

47. Види ја овде белешката 8.

48. Забележително притоа е дека принципот на иерархизмот (како и некои етички поими: љубов, мир) се рашируваат кај Ареопагит до степен на космичко начело, кое го карактеризира животот на целиот свет.

49. Cв. Јован Дамаскин, De haeresibus, c.88, PG.94,757А.

50. Cв. Јован Дамаскин, De haeresibus, С.90, PG.94,757В. Против нив пишувал Евстратиј Константинополски. (Фотиј, Biblioth. cod.171, PG.103,500А). спореди. преп. Максим, Ер.7, PG.91, 436А-437В, р.245-246.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

w

Connecting to %s