Во Неапол повторно се случи „чудото на Свети Јануариј”

РИМ, 19 септември – РИА Новости. Во Неапол во Катедралниот храм повторно се случи така-нареченото “чудо на Свети Јануариј”, чија крв стана течна, соопшти во среда кардиналот Крешченцо Сепе (Crescenzio Sepe).

По повод овој настан жителите на Неапол ликуваат. За нив ова е добар знак.

Засирената крв на покровителот на Неапол, затворена во специјална капсула, обично станува течна три пати во годината: на 19 септември – кога верните го прославуваат великомаченикот, на 16 декември – кога неаполитанците ја обележуваат годишнината на чудесното избавуваање од ерупцијата на Везув во 1631 г., благодарение на застапништвото на светиот, и на крајот, во саботата, пред првата недела во мај. Некогаш “чудото” настанува веднаш, а некогаш се потребни неколку денови со молитви.

Минатогодишниот декември, во денот на годшнината на чудесното избавување од ерупцијата на Везув, во Неапол не се случи “чудото на Свети Јануариј”, што предизвика вознемиреност кај местните жители.

Илјадниците верни собрани во црквата Санта Киара (Santa Chiara) очекуваа, дека овде чуваната крв ќе зоврие и ќе стане течна. Сепак, наспроти обичајот, тоа не се случи. Тоа се смета за лош знак: неаполитанците се уверени, дека ако чудото не се случи, градот го очекуваат тешки искушенија.

Научниците до денешен ден не можат да го објаснат настанувањето на овој феномен. Но, неаполитанците тоа никако не ги збунува – тие продолжуваат да веруваат во чудото и да се надеваат дека Свети Јануариј никогаш нема да ги остави во беда жителите на градот.

Свештеномаченик Јануариј и другите со него

Овој светител беше епископ во Кампанија Италијанска. За време на гонењето на Максимијан беше изведен на суд и мачен на разни начини, а тој поднесе сѐ трпеливо. Кога го фрлија во оган, огнот се разлади со невидлива роса и маченикот стоеше неповреден сред огнот и Му пееше пофалба на Бога. Тогаш му го стружеа телото со железни четки дури коските не му побелеа, но маченикот поднесуваше незлобливо и трпеливо. Неговиот ѓакон Фауст и чтецот Дисидериј, коишто ги гледаа неговите маки, плачеа по својот духовен отец, но и нив ги врзаа и заедно со епископот ги поведоа во градот Путеол и ги фрлија во затвор. Во истиот затвор беа затворени за Христа и путеолските ѓакони Прокул и Сосиј и двајца лаици христијани Евтихиј и Акутион. Сите седуммина ги фрлија пред ѕверови. Но ѕверовите не ги ни допреа. Тогаш ги убија со меч, а неаполските христијани тајно го пренесоа телото на Свети Јануариј во својот град и чесно го положија в црква. На гробот на овој светител до денешен ден се пројавуваат многубројни чуда. Меѓу бројните чуда запамтено е и тоа дека една бедна вдовица, на којашто ѝ беше умрел синот единец, ја зеде од црквата иконата на Свети Јануариј и ја положи на својот мртов син плачејќи и молејќи го светителот. И нејзиниот син оживе. Свети Јануариј пострада чесно во 305 година. (www.mpc. org)

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s