Богословската мисла по Јустинијан

Посочените разновидни прашања што ги интересирале умовите во Византија во VI-VII в., доволно ја покажуваат силата и живоста на богословската мисла. Од VI в., сепак, и во богословието и во литературата на Византија започнува опаѓањето во споредба со времето на расцветот на црковната писменост во IV и почетокот на V в. Богословската мисла по Јустинијан забележително закржлавува, не се зафаќа со творечка работа во широки размери и постепено приумира во слепо повторување на готови фрази и положби. Таков вид опаѓање се појавува и во литературата. Навистина, во VI в. сите овие тажни признаци сè уште не настапуваат во таков степен, како подоцна. Речиси сите видови литературно творештво се имаат предвид: егзегетиката (Прокопиј, Исихиј, Олимпиодор, Икумениј, Андреј Кесариски, Анастасиј Синаит), апологетиката (Енеј Газаски), полемиката//1, дури систематското богословие//2, аскетиката (Симеон Дивногорец, Зосима, Доротеј, Антиох, Јован Лествичник), историјата (Теодор Чтец, Захарија, Евагриј, Исихиј, Јован Малала), агиографијата (Кирил Скитополски, Јован Мосх, Леонтиј Неаполски), поезијата (св. Роман, Софрониј, Георгиј Писида), – сите овие видови писменост имаат свои претставници; притоа, егзегетиката и агиографијата – дури повидни, отколку подоцна. Само црковното красноречие е слабо претставено (св. Софрониј): што е тажен признак на опаѓање во редовите на иерархијата, тој најживотен елемент во Црквата. Но при целата слика на доволно голем развој на литературно творештво, сепак, признаците на општо опаѓање на литературата веќе се очигледни, и се изразуваат во тоа, дека не настапуваат веќе такви сестрани писатели, како во IV в., за кои подеднакво блиски им биле интересите на егзегетиката и догматиката, аскетиката и полемиката: секој работи во својата специјална област. Тоа само по себе не е толку лошо, и дури е добро, ако води кон задлабочување и разработка на извесна област. Но, во Византија таквото стеснување на литературните интереси одело во степен со квалитативно снижување на работоспособноста во секоја област. Писателите се грижеле, не за раширување, туку за скратување на своите дела, не за разработка на богословските прашања, туку за собирање на размислувања за нив од различни писатели од претходната епоха. Принципот на следење на “отците” преминал во просто копирање на светоотечките творби. Механичкото нижење на цитати во сите области – во егзегетиката (катените на Прокопиј), во догматиката (Doctrina Patrum), дури и во аскетиката (Пандектите на Антиох) – постепено ја заменило творечката работа на мислата. Особено се развил интересот кон составување разновидни зборници. Нивна цел било да го олесни или дури да го замени изучувањето на литературното богатство, кое Византија го добила во наследство од златниот век на црковната писменост. Скратувањето и ексцерпирањето подоцна се развило толку, што станало самостојна гранка на византиската писменост. Тоа било знак за умртвеноста што сè повеќе ја зафаќала

Таквото опаѓање на литературата се објаснува – не со тоа, дека важните чекори што ги презел Јустинијан ја оковале слободната мисла на научното богословие – став, иако и како исклучок со најистакнатите писатели и во VII, и во наредните векови јасно ја покажува неодржливоста на таквото објаснување – туку со тоа дека во Византија заради извесни културно-историски услови воопшто се снижил степенот на образование, изумреле талантите, постепено ослабнале богословските интереси. Писателството преминало во рацете на просечни луѓе и постепено го изгубило своето значење, така што на крајот на краиштата, ако некаде и го влечело своето постоење, тоа е само во манастирите, каде што, секако, не можело и, можеби, не требало да биде првостепена работа.

Белешки

1. Види го поглавјето “Полемика со монофизитите”.

2. Ја имаме предвид Псевдо-Кириловата творба De Sacrosancta Trinitate (PG.77, 1119-1174) и 5-те слова на св. Анастасиј I Антиохијски (Orationes quinque, PG.89, 1309-1362).

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s