Патријархот Алексеј II повика на дијалог меѓу СПЦ и МПЦ

СТРАЗБУР. 3 октомври – Макфакс: Поглаварот на Руската православна Црква Алексеј Втори во Парламентарното собрание на Советот на Европа ги повика на дијалог Српската и Македонската црква.

„Мислам дека помеѓу Српската и Македонската црква мора да постои дијалог. Убедени сме дека по пат на дијалог многу проблеми и поделби можат да се решат“, рече Алексеј Втори. Тој, како што пренесува Макфакс, повтори дека Руската православна црква повеќе пати повикувала на дијалог.

Повикот; Српската Православна Црква (СПЦ) и Македонската Православна Црква (МПЦ) со дијалог да ги решат проблемите и поделбите – Рускиот патријарх Алексеј Втори го упати од говорницата на Парламентарното собрание на Светот на Европа.

Настапот на Алексеј Втори предизвика големо внимание на европратениците и на медиумите. Рускиот патријарх зборуваше за црковни и световни теми, за статусот на Косово, а одговараше и на прашања на пратениците.

Француските гласила посетата на рускиот патријарх Алексеј Втори ја оценуваат како историска. Притоа се наведува дека по 1.000 години поглавар на православна руска црква престојува на латински територии, на кои доминира католичката црква.

СКОПЈЕ. 04 октомври – Утрински весник

…Секретарот на Светиот архијерејски синод на МПЦ, хераклејскиот епископ г. Климент, изјавата на серускиот и московскиот патријарх Алексиј Втори ја доживува „како исклучително коректна, упатена до заемно условените црковни центри Белград и Скопје. Тоа е многу сериозен, јасен и недвосмислен повик за продолжување на атрофираниот дијалог меѓу Српската и Македонската православна црква.“

„Меѓутоа, самиот поим дијалог“, појаснува г. Климент во изјавата за „Утрински весник“, „во својата етимологија подразбира споделување и размена на словото меѓу двете страни кои априори се рамноправни, никако субординирани, а најмалку условени. Мојот личен впечаток е дека последниот официјален допис од Српската православна црква упатен до нашата Црква, за жал, во својата содржина емитува и зрачи со условувања за кои собраќата од другата страна сметаат дека треба да ги исполниме и реализираме за дијалогот да продолжи. Дијалогот нема алтернатива, затоа што е тоа демократска придобивка од хуманата историја на човековиот род. Токму затоа, како што нагласи рускиот патријарх Алексиј Втори во Стразбур, темата „човек“ е најважна и е во епицентарот на дијалогот“, вели г. Климент…

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

w

Connecting to %s