Богопознание

Преподобен Максим кон големата тајна на Божественото битие пристапува со чувство на длабоко благоговение и со потполно сознание на немоќноста на човечкиот разум//1 за под раководство на св. Григориј Богослов да се вознесе на висина на ареопагитската апофатика//2. Неговата мисла се устремува кон Превисокото Битие, од Кое сè зависи како од Врвно Начело, од Кое проистекува целата убавина и величие на космосот//3. Таа се обидува Него непосредно да го опфати и да Го достигне. Но, сите нејзини обиди секојпат доведуваат само до одречни резултати. Нашиот ум може да познае само дека постои некоја Причина, а не – што е Таа//4. Бог е над сè што ние само можеме за Него да помислиме//5. Затоа, највистинитото познание на Бога според суштината – е незнаење//6. Тоа се сведува на одрекување за Него заради неговото превосходство (διά υπεροχήν)//7 на сите својства и квалитети//8, на секоја множественост и сложеност, која го одликува создаденото битие//9, на секакви мислени категории//10, и дури на поимите суштина и движење//11. Во тоа е суштината на највисокото апофатичко богословие//12. Тоа постојано е одречно. Неговата потврдна содржина се состои во она неизразливо и неизречено чувствување на Бога, кое се дава во мистичкиот акт како резултат на апофатичкото возвишување над целото битие//13. Тоа и е “таинствено богословие” (μυστική θεολογία)//14, познанието на Бога според суштината//15, она повисоко осветлување на умот во екстатичката состјба, кое се произведува во надмисловното соединување со Божеството//16. Со такви неизречени осветлувања се удостојувале светите//17. Идеално пак, таквото повисоко единство се остварило во тајната на боговоплотувањето//18 и во она повисоко знаење, кое во тоа единство го имало човештвото (човечката природа – забел. на прев.) на Христа//19.

Пониско од таинственото недознајно и неизречено познание на Божеството според суштината стои познанието на Него според неговите разновидни пројавувања или енергии//20. Тоа познание веќе е достапно за нашиот ум и делумно е достижно во својата таинствена содржина. Тоа ни е дадено во потврдното божествено откровение//21. Божествениот Логос ни се откри во природата и во Писмата: во нив Тој се воплотил со Своите енергии или идеи (λόγοι)//22. Надворешните форми и буквите ја чинат неговата облека, под која таинствено се кријат неговите идеи, а во нив и Самиот Логос//23. Според таинствените осветлувања од Логосот, под тие символи достојните можат да ги созерцуваат неговите идеи//24. Без тие осветлувања – недостапно би било познанието на Бога//25. Само тие даваат можност да се каже нешто потврдно за Божеството, според неговите пројавувања//26. Во нив е основата на катафатичкото богословие, кое го потврдува за Бога како Творец она, што се созерцува во созданијата//27.

Непосреден и директен предмет на катафатичкото богословие е Божествениот Логос, Чии пројавувања и даваат основа за ова богословие//28. Созерцувајќи го светот како севкупност на идеите (λόγοι) на Логосот, кои таинствено ја образуваат секоја ствар, и возведувајќи ги нив од пониските (делумните) кон повисоките (општите) и, на крајот, кон најопштиот Логос на сè//29, умот го достигнува недознајното достигнување на Божеството на Логосот//30. Бог Словото станува негов предмет на созерцанијата и се созерцува во двоен однос: 1) во скриениот образ/слика на Своето битие на недостижниот врв на пазувите на Божеството//31 и 2) според Својот однос кон светот. Првото ја открива тајната на Троичноста, второто – тајната на созданието, промислата и судот//32. Во едното и другото со Логосот се опфаќа сè Божествено и сè создадено и сите мислени односи меѓу нив.

Белешки

1. Cap.quing. I,1.

2. Види го поглавјето “Богословието на светите Григориј Богослов…” и поглавјето “Ареопагитики”.

3. Ambigua, PG.91, 1176D, f.167b; 1216C, f.184b.

4. Ambigua, PG.91, 1133C,1165C,1188В,1216В,1229С (со цитат на Григори Богослов). 1233А,1257В,1288В, f.148b. 163а,172b,184b,190b,192а,203а,214а. Cap.theol. I,1. 9 [р.п.I,215. 216]; Cap.quing. I,1. св. Григорий Богослов, види во поглавјето “Богословието на светите Григориј Богослов…” забел. бр. 3.

5. Mystagogia, prooem., PG.91, 664В, p.492 [р.п.I,156]; Ambigua, PG.91, 1409C, f.261b-262a.

6. Cap.de charitate I,100 [р.п.I,107]. Ambigua, PG.91, 1232C, f.191B.Дионисиј Ареопагит, види погоре, с.355.

7. Ambigua, PG.91, 1221D, f.187b.

8. Ambigua, PG.91, 1232BC, f.191a-b; ср. 1072ВС.1184B, f.120a,170b.

9. Cap.theol. I,82. 83 [р.п.I,230]. Cap.de charitate IV, 9 [р.п.I,135]. Ambigua, PG.91, 1185D, f.172a.

10. Ambigua, PG.91, 1081B, f.124a-B.Cap.gnostica 4, Прилож., с.34.

11. Cap.theol. I,2 [р.п.I,215]. Cap.quing. I,2. Ambigua, PG.91, 1257D, f.203a. Cap.gnostica 1, Прилож., с.33.

12. Ambigua, PG.91, 1081В,1165В,1168А,1240D, f.124B,162B,163B,195a. Mystagogia, prooem., PG.91, 664A-B, p.492 [р.п.I,156].

13. Quaest. ad Tahl. LX, PG.90, 624A, p.210 (cap.quing.IV,31). Ambigua, PG.91, 1196В (во тоа единство умот го допира самото единство, мислено во св. Троица). 1200В. 1296D, f.176a. 177B,218a. Cap.theol.I,82 [р.п.I,230].

14. Види ги поглавјата “Таинствено богословие” и “Трите страни на подвижничкиот живот”, забел. бр. 14.

15. Quaest. ad Tahl. VI, PG.90, 281 A, p.22 [р.п.II,42].

16. Ambigua, PG.91, 1220В-С, f.186a.

17. Ibid. 1137BC, f.150b; см. выше, с.545 и пониско, с.132.

18. Quaest. ad Tahl. LX, PG.90, 621В-С, p.210.

19. Quaest. et dubia 66, PG.90, 840 A.

20. Ambigua, PG.91, 1165B-C, f.162b-163a.

21. Cп. за пророците и откровенијата што ги добивале во Quaest. ad Tahl. LIX, PG.90, 609D. 617A, p.203,207 (cap.quing.IV,21,28).

22. Ambigua, PG.91, 1285C-D. 1129B-C, f.213b-214a. 146b; 1257A, f.202b.

23. Ambigua, PG.91, 1132C, f.147b; 1296D, f.218a; 1328A, f.230B.Quaest. ad Tahl. XXXII,PG.90, 372C, p.75 [р.п.II, 107]. Cap.theol. II,60 [р.п.I,245]. Ambigua 1248C, f.198b: σιωπη κηρυττόμενος, сп. св. Григориј Богослов, Or.6, n.14, PG.35, 740С; р.п.I.3, 187-188.

24. Ambigua, PG.91, 1404А, f.259а. сп. св. Григориј Богослов, Or.21, n.2,3, PG.35, 1084С-1085А; р.п.II, 144-145.

25. Ibid. 1260D-1261A, f.204a.

26. Cap.de charitate I,96 [р.п.I,106].

27. Ambigua, PG.91, 1165В,1168В, f.162b-163,163b.Дионисиј Ареопагит, види погоре, с.35.1.

28. Ambigua, PG.91, 1168А, f.163b; ср. 1156В, f.158а-b; Quaest. ad Tahl. V, PG.90, 280B, p.21 [р.п.II,41].

29. Ambigua, PG.91, 1136D-1137A, f.149b-150a; 1137В,1313А-В, f.150a. 224b-225a; сп.1296D, f.218a; 1129A, f.146a.

30. Ibid. 1077C,1080A,1081B-C, f.123a,123a-b,124b. Cap.quing.I,3.

31. Ambigua, PG.91, 1136B-C, f.149b. Cap.quing.I,3.

32. Ambigua, PG.91, 1168B, f.163b.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s