Делегацијата на Руската Црква го напушти заседанието на комисијата за православно-католички дијалог

Gazeta.ru: Идиличната мисија на православните иерарси во Европа (Равена, Италија) заврши со скандал: делегацијата на Московската патриаршија го напушти заседанието на комисијата за православно-католички диалог, бидејќи во него биле повикани да учествуваат „расколниците” од татковината на Патријархот Алексиј II – односно, претставници од Естонската апостолска православна црква. Тоа изненадување за РПЦ го приготвила Константинополската патријаршија.

Според зборовите на епископот Виенски Иларион, делегатите на Московската патријаршија ќе го возобноват своето учество во работата на комисијата, само ако Константинополската патријаршија ја измени својата позиција.

Како што е познато, татковината на Рускиот Патријарх Алексиј II (кој е роден во Талин и повеќе години ја возглавувал поместната епархија) постојат две паралелни православни структури: Естонската православна црква на Московската патријаршија (ЕПЦ МП) и Естонската апостолска православна црква (ЕАПЦ).

До Втората Светска Војна во Естонија постоела една Естонска апостолско-православна Црква, која добила автономија во 1935 г. Во 1993 г. автономниот статус (под јурисдикција на МП) на Естонската православна цркви бил официјално потврден од патријархот Алексиј II. Сепак, дел од парохиите во тоа време се одделиле од Московската патријаршија и преминале под јурисдикција на Константинополската, добивајќи официјална регистрација под името Естонска апостолска православна црква (ЕАПЦ).

Естонската власт одбивала да ја регистрира ЕПЦ МП сè до 2002 г., сметајќи, дека ЕАПЦ станала официјална правопреемничка на предвоената црковна структура. Тогаш пак, на неа со судско решение ѝ бил предаден целиот црковен имот. Расколот во Естонската православна црква бил поддржан од константинополскиот патријарх, кој преку радио повикал на побрзо преродување на Естонската автономна православна црква, која се одделила од Московската патријаршија. Во ноември 2000 г., Константинополскиот патријарх Вартоломеј I дури ја посетил Естонија.

Претставништвото на Московската патријаршија, од своја страна, исто така претендирало на статус на правопреемник, соодветно решение било доенесено на Архиерејскиот собор на ЕПЦ МП во 2000 г. Од своја страна, синодот на ЕАПЦ пролетта 2000 г. утврдил дека наречената Естонска апостолска православна црква и Естонската православна црква се едно/исто, и изјавил дека регистрацијата на православни цркви под толку слични називи ќе предизвика збрка. Естонската власт на ЕПЦ МП ѝ предлагала да се регистририра во својство на новофромирана црква.

Во 2003 г., по една год откако сепак се извршила регистрација на црквата, поглаварот на РПЦ ја посетил својата татковина. Потоа позициите на Московската патријаршија во Естонија делумно се зацврстиле.

Односите меѓу Московската и Константинополската патријаршија одамна се далеку од розови. Неретко последната ги поддржува таканаречените неканонски самостојни црковни обединувања, кои се одделиле од Московската патријаршија, и ги прифаќа под своја грижа.

Освен Естонија таков пример е – појавата на самопрогласената Киевска патријаршија на Украинската православна црква (УПЦ КП), возглавувана од митрополитот Филарет (Денисенко), кој во 1992 г. изведел значаен дел од украинските парохии што биле под управа на Московската патријаршија. “Расколникот” го поддржал Константинополскиот патријарх Вартоломеј I. ≡ Еља Вермишева.

Interfax Оct 10. – A delegation of the Moscow Patriarchate on Tuesday left a meeting of the Mixed Commission for Orthodox-Catholic Theologian Dialogue, which opened in Ravenna, Italy.

“Following their arrival in Ravenna the Orthodox delegation learned that representatives of the so-called Estonian Apostolic Church, formed in 1996 by the Constantinople Patriarchate on the canonical territory of the Moscow Patriarchate, had been entered on the list of delegates,” Archbishop Illarion of Vienna and Austria, the Russian Church’s envoy in Europe and a member of the Mixed Commission – told Interfax.

Archbishop Illarion told the Orthodox members of the Commission that the Moscow patriarchate does not recognize “the Estonian Apostolic Church” as an autonomous canonical organization, and warned that if its representatives did not leave, the delegates of the Russian Church would do so.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s