Тајната на Троичноста

На врвовите на катафатиката, на самата граница со апофатиката, стои тајната на превисокото битие на Божеството, големата тајна на Троичноста. Оваа тајна мистички ја преживуваат “достојните” како осветлување од трисветлата светлина//1, како “незаборавно знаење” (άληστος γνωσις)//2, што го приближува умот кон (апофатичкото) непосредно богопознание во екстазата//3. Теоретски пак, таа се осознава и изразува преку тврдењата за превисокото битие на Логосот на она што се созерцува во сликата на пројавувањата на неговите енергии во светот. Созерцанието наоѓа во светот одраз на тајната на Троичноста по пат на анализа на општите принципи кои се пројавуваат во него (битие, движење и разлики). Колку и да се разнообразни созданијата, нивниот состав секогаш е еднаков: во секое одделно битие разликуваме: суштина, ουσία, и својство, συμβεβηκός//4 (- во сетилното битие://5 материја и форма, ύλη и ειδος), од една страна, и формирачкиот принцип кој ги сврзува во особено битие – λόγος //6 – од друга. Присуството на суштина во секој предмет укажува на пројавување во него на принципот битијност; освојственост на предметот, која е не нешто друго освен неговата енергија, движење//7, укажува на пројавување на принципот животност: а разнообразноста на самите својства, која зависи од разнообразноста на формирачкото начело (λόγος), укажува на пројавување на разумниот принцип кој мудро ја произведува таквата разнообразност//8. Со овие основни својства кои го карактеризираат секој акт на творечката енергија, секој мал логос во секој предмет, се дава претстава и за образот на битието на Творечката Премудрост, на Највисокиот Логос, суштински постоечкиот во Битијноста и кој во себе го има суштински постоечкиот Живот//9. Познавајќи го така Логосот, мислата ги прифаќа во светот зраците на Троичноста и во надмисловната Единица на Божеството, познавана во апофатичкото богословие//10, ја созерцува Света Троица (μονάς, τριάς)//11. Така настапуваат основните црти на христијанското исповедание на Божеството, кои Него го претставуваат како жива Личност, која има и Премудрост и Живот, и притоа не како својства, туку како Ипостаси, со што подеднакво се исклучува – како јудејското стеснување на Божеството, така и паганската претстава за Него како за составен од својства и се разделува на многу начела//12.

Во Св. Троица се исповеда безгранично сраснување според природата (συμφυια) на Троицата Безгранични//13. Синот вечно се раѓа од Отецот//14, и Духот преку Синот//15 исходи од Отецот. Среде Лицата на Св. Троица, според дејноста во односот кон создадениот свет, особено се издвојува Логосот. Имено, само Тој во Неа е дејствувачко начело: Отецот доброволнува, Синот дејствува, Духот усовршува (содејствува)//16. Во односот кон светот, на Логосот му припаѓа централното значење. Тој е – Творецот на светот//17 Тој е и Промислителот//18. Всушност, (како што веќе е забележано, стр. 57), Тој е е дејствувачкото начело и во богопознанието: ние го познаваме, пред сè, Логосот и само во Него суштински Постоечките (существенно Сущих) Отец и Дух//19.

Белешки

1. Mystagogia 23, PG.91, 701B, p.517 [р.п.I, 176]. св. Григориј Богослов, Or.39. n.11, PG.36, 345C; р.п.III3, 215. Or.44, n.3, PG.36, 609B; р.п.IV, 115.

2. Mystagogia, 5, PG.91, 676C-677A, p.501 [р.п.I, 162-163]. Ареопагитски термин: De div. nom. IV, 35, PG.3, 736A.

3. Како подготовителен степен за екстатичкото богоопштење, тоа “знаење” се нарекува кај преп. Максим “богословско тајноводство” (θεολογικη μυσταγωγία р.п., Quaest. ad Tahl. XL, PG.90, 396C-D, p.89 [р.п.II,123-124]; Ambigua, PG.91, 1240B, f.194b) и се слива со “таинственото богословие” (Quaest. ad Tahl. XXV, PG.90, 332C, p.53 [р.п.II,84]).

4. Ambigua, PG.91, 1400С, f.258а. Quaest. ad Tahl. XL, PG.90, 396C, p.89 [р.п.II,123]. EP.7, PG.91, 436A, p.245.

5. Cap.de charitate III,30 [р.п.I, 125]. Quaest. ad Tahl. XL, PG.90, 396C, p.89 [р.п.II,123]. Ambigua, PG.91, 1273C. 1397A, f.209a-B.257a.

6. Ambigua, PG.91, 1345A-B.1372A. 1257A, f.237B.248a. 202B.Св. Григориј Богослов, Or.30, n.20, PG.36, 129A; р.п.III.3, 80 (Λόγος и λόγοι); Or.28. n.31. 26, 72A ( ). 61В; р.п.III.3,40.34. Дионисиј Ареопагит (види го поглавјето “Ареопагитики”, забел. 29). Види го поглавјето “Божествениот Логос”, забел.2.

7. Сп. Ер.7. PG.91, 436А, р.245.

8. Ambigua, PG.91, 1133CD, f.148b.

9. Ibid. 1136B-C, f.149B.Cap.quing. I,3. Quaest. ad Tahl. XIII,PG.90, 296B, p.31 [р.п.II,55].

10. Ambigua, PG.91, 1196B, f.176a.

11. Orat. Dom. expositio, PG.90, 892C-893A, p.355-356 [р.п.I,194]. Mystagogia 23, PG.91, 700D-701A, p.516-517 [р.п.I,176]. Cap.de charitate II,29 [р.п.I, 111] (против тритеитите). Cap.theol. II,1 [р.п.I,233-234]. Cap.quing.I,4,5. Св. Григориј Богослов, види погоре, с.24.1.

12. Orat. Dom. expositio, PG.90, 892AB, p.355 [р.п.I,193-194]. Ambigua, PG.91, 1260D, f.204a. Ad Thomam, PG.91, 1036А-В. f.105a-B. Св. Григориј Богослов, Or.38, n.8, PG.36, 320В-С; р.п.III.3, 198; Or.34, n.8; 39, n.11, 249A. 348A; р.п.III, 155. 215.

13. Cap.quing. I,1. Св. Григориј Богослов, Or.40, n.41, PG.36, 417B; р.п.III.3,260.

14. Ambigua, PG.91, 1264AB, f.205a-b; 1268A, f.206b.

15. Quaest. ad Tahl. LXIII,PG.90, 672C, p.238 (Fragm. de Spiritu S., PG.90, 1461C, p.671). Quaest. et dubia 34, PG.90, 813B; Exemplum ep. ad Marinum, PG.91, 136A-B, p.70; ср. Cap.quing. I,4. Св. Кирил Александриски, In Joann. liB.II,1 (ad I.33), PG.73, 208C; р.п.XII, 193 (се цитира во Exempl. ep.ad Mar.); спореди св. Атанасиј Велики, ep.ad Serap.III, I,PG.26, 625B; I,25, 588C-589A; р.п.III.2, 60. 37-38; св. Василиј Велики, De Spiritu S., c.XVIII, §46, PG.32, 152B; р.п.III4, 255-256; ep.38, n.4, PG.32,329C; р.п.VI,83; св. Григориј Ниски, Quod non sint tres Dii, PG.45, 133B-C; р.п.IV, 131. За појаснување на прашањето види: Преосв. Силвестер: Опыт православного догматического богословия. Киев, 1881, т.II,440 cл., 514 cл., а исто така Orat. Dom. expositio, PG.90, 876В, р.346 [р.п.I,186].

16. Quaest. ad Tahl. II, PG.90, 272B, p.17 [р.п.II, 35]; LX, 624B-C, p.211; Orat. Dom. expositio, PG.90, 876C, p.346 [р.п.I,186]. Св. Григориј Богослов, види погоре, с.24.6.

17. Ambigua, PG.91, 1077С.1129А, f.123a, 146a.

18. Ibid. 1400A, f.257b.

19. Cap.quing. I,3; Cap.theol. II,22 [р.п.I,238]. Во таа смисла преп. Максим тврди, дека доаѓањето на Синот Божји ни ја донело совршената θεολογία: Orat. Dom. expositio, PG.90, 876C-D, p.346 [р.п.I,186-187]. Спореди со св. Атанасиј Велики, Contra gentes 45, PG.25, 89A; р.п.I.2,186. – Тоа треба да се има предвид против Straubinger, 17, кој, привлекувајќи го и Filioque, прекумерно го преувеличува централното значење на идејата за Логосот во учењето на преп. Максим за св. Троица, кога тврди, дека Логосот “во извесна смисла стои над двете други Лица како Сила, која го чува единството на Божеството во Троичноста”. Централното место му припаѓа на Логосот само од гледна точка на неговиот однос кон создадниот свет и според неговото значење во богопознанието.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s