Портал-Credo.Ru Законски проект, изаботен од група пратеници во руската Дума, е насочен кон на ограничување на рекламирањето и распространувањето на информациите за исцелителство и услугите со окултно-магиска содржина.
Ако биде прифатен законот, своја реклама официајлно ќе можат да поставуваат само исцелители што имаат сертификати за право на вршење на таква дејност во регионалните здравствени установи – што пак, е предвидено со нормите на актуелното законодавство. Сепак, нивната дејност ќе биде строго ограничена во рамките на субјектот на федерацијата, каде што исцелителот ги добил документите што го потврдуваат неговото право да укажуваат услуги на населението.