Kритика на резолуцијата на ПАСЕ, која е насочена против креационизмот

Патриархиа.ру: Парламентарната асамблеја на Советот на Европа на 04 октомври прифати резолуција (The dangers of creationism in education, resolution 1580) која ги осудува обидите да се воведува во школите предавање на креационизамот; философско-методологиска концепција согласно која основните форми на органскиот свет (човештвото, планетата Земја, светот воопшто) се разбираaт како намерно создание од некое надсуштество или божество.

Вo резолуцијата на европските парламентарци се вели, дека «креационизамот во сите негови форми, таквите како „разумна замисла” или „повисок разум”, не е научна дисциплина и не подлежи на научно изучување во европските школи паралелно со теоријата на еволуцијата или дури наместо неа». Според мислењето на авторите на документот, креационизмот се пропагандира од «различните форми на религиозниот екстремизам», а оние што ја заштиштуваат таа теорија, се обидуваат «да наметнат религиозни догми» за сметка на детското образование. «За некои луѓе Творењето како прашање на верата ја определува смислата на животот. Со тоа, ништо помалку, Парламентарната Асамблеја ја вознемирува можната штета од распространувањето на идејата на креационизмот во сферата на образованието и последиците за демократијата — се говори во резолуцијата. — Ако ние не бидеме будни, креационизмот може да стане опасност по правата на човекот, кои се основополагачки за Советот на Европа».

«Да се прифати резолуцијата за европските парламентарци е неопходно, за да се избегне спротивставувањето на верата и науката», — изјавила во својот реферат бившиот министер за образование на Луксембург, Анна Брасе.

Гласањето за документот со осуда на креационизмот требало да се одржи уште летото. Сепак, во тоа време против прифаќањето на таков документ биле одделни членови на Советот на Европа, кои сметале дека првичниот текст на резолуцијата содржи напади на религијата. Како резултат во текстот били внесени некои изамени. За резолуцијата се искажале 48 луѓе, против 25, тројца се воздржале.

Коментирајќи го решението на европските парламентарци, замник претседателот на Одделот за надворешни црковни врски на Московската Патријаршија протојерејот Всеволод Чаплин изјавил, дека во Руската Православна Црква сметаат, дека ПАСЕ не ќе успее да ги убеди европските ученици во идеалноста на теоријата на Дарвин, пишуваат «Известия». «Иако решенијата на ПАСЕ имаат препорачувачки карактер, сепак зачудува дека припадниците на една од научните хипотези се обидуваат на таков начин да го зацврстат својот, многу разнишан во последните десетлетија, монопол на научните знаења и образование» — забележал тој. Според неговите зборови, учениците имаат право да добијат знаења за сета многуобразност на теорииите за потеклото на животот на Земјата.

Протојерејот Всеволод Чаплин, исто така, обратил внимание на тоа, дека европските ученици ги лишуваат од алтернатива на знаењата за потеклото на животот на земјата. «Неспорно, меѓу различните научни теории може да има место и материјалистичката теорија за еволуцијата на органскиот свет на Земјата врз основа на природната селекција, то ест теоријата на Дарвин, но неуместно е да се прават обиди за криење од учениците на околноста дека таа теорија не добила доволни докази во науката и затоа не може да се смета за неспорна вистина», — резонира свештеникот.

«Оние поедини пронајдоци, кои беа претставени од антрополозите како објекти на преодни форми од мајмун кон човек, сосема може да се објаснат како случајни мутации. Ние пак, не велиме, дека е откриен нов вид, кога уловуваме риба со две глави» – забележа отец Всеволод Чаплин, додавајќи, дека «со таква намера од тој степен на убедливост можно е да се спроведе линија на потекло на човекот од хуманоиди од летачки чинии».

«Не постои една теорија на еволуцијата; дарвиновото учење за потеклото на видовите — е една од многуте, и би било логично да им се раскажат на учениците 5-10 различни теории за настанокот на човекот» — смета отец Всеволод. Затоа, уверен е свештеникот, «да се одделува една хипотеза како безалтернативна — тоа е застарен поглед на нештата». «Своевремено — напомнал то, — заради зачувување на дарвинистичката идеја за тоа дека трудот го создал човекот од мајмун, се отфрлаа генетиката и кибернетиката». Тој изрази убедување, дека «и понатамошните обиди да се игнорира слободата и можноста за дискусија заради зачувување на нормите на дарвинизмот, ќе се покажат бесплодни».

А, според зборовите на професорот на Московската духовна академија, ѓакон Андреј Кураев; ПАСЕ, носејќи вакви решенија, «се занимава не со своја работа», пренесува ИА «Русская линия».

Уредникот и генерален директор на првиот општествен православен ТВ-канал «Спас» Александр Батанов забележал, дека авторите на одобрениот документ во Европарламентот, можеби, не го читале многу внимателно Дарвин. «Дарвин во своите трудови поставувал прашања: од каде е земен првиот молекул? И самиот на него одговарал: тој можел да се појави само со Божја помош. Па, тој бил човек што верува», – изјавил А. Батанов за РБК daily. Имено, во школската возраст во свеста на човекот се вложуваат вредности кои потоа ќе покажат решително влијание во формирањето на личноста. Но, пратениците на обединета Европа сметаат дека имаат право да ги лишуваат учениците од – алтернативни во однос на дарвиновата теорија – извори на знаење. А, зборовите на Светејшиот Патријарх Московски и на цела Русија Алексиј II за тоа, дека «од самиот свој зародиш правата на човекот се развивале на почвата на христијанската етика и со неа чинеле своевиден тандем», произнесенни за време на настапот на истата сесија на Асамблејата, како да поминале покрај ушите на парламентарците…

«Резолуцијата на Советот на Европа е доказ за тоа, дека секуларизираното општество има потреба од теоријата за еволуција како од метафизичка основа на својот светоглед — ги пренесува агенцијата Christian Today зборовите на Алберт Молер. — Какви било напади на еволуцијата се сметаат за напади на демократијата и правата на човекот — а овие поими се разгледуваат како неодделив дел од светскиот светоглед».

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

w

Connecting to %s