Тропар, глас 4
Денес, благоверни луѓе, светло празнуваме,/ осенувани со Твоето, Богомајко, доѓање,/ и кон Твојата пречиста икона гледајќи, умилно велиме:/ покриј нè со чесниот Твој Покров/ и избави нè од секое зло,/ молејќи го Твојот Син, Христа нашиот Бог,// да ги спаси нашите души.
Кондак, глас 3
Дева денес претстои во црквата/ и со соборите на светите невидливо за нас се моли на Бога,/ Ангели со архиереите се поклонуваат,/ апостолите пак, со пророците ликуваат:// зашто, заради нас го моли Богородица Предвечниот Бог.
Величание на Божјата Мајка
Те величаме,/ Пресвета Дево,/ и го почитуваме Твојот свет Покров:/ зашто, Тебе те виде свети Андреј во воздухот,// како за нас Христа го молиш.