Тајната на творењето, промислата и судот

Претставата за Логосот како дејствувачко начело на Божеството, кое се пројавува себеси во создаденото битие, него го прави предмет на созерцание од друга страна – од страната на неговата дејност или вечните Негови својства, што се пројавиле во светот. Трите основни црти – битијност, движење, разнообразност – разлеани во целиот свет, ги означуваат трите основни видови енергии на Логосот – неговата творечка, промислителна и судиска сила//1. Пројавите на творечката сила особено настапуваат во физичкиот свет, пројавите на промислата и судот – во етичкиот свет//2. Врз овие пројави на силите на Логосот во областа на природата и добродетелта и се засновува во своите тврдења катафатичкото богословие//3, пренесувајќи го на Бога, или, поточно, на неговите енергии (вечните својства) она што се созерцува во битието настанато од Него. Така, во катафатиката за Бога се потврдува она што порано во апофатиката се одрекуваше.

За физичкиот свет Бог е извор на битието и движењето. Од тука и Самиот Тој се карактеризира како Битие во буквалната смисла на зборот (κυρίως ειναι)//4, како самопостоечка суштина (αυτοουσία//5, ουσιοποιος οντότης)//6, како движечко Начело и Цел на сè//7. За разумното битие Бог е – извор на добрина и мудрост//8. Од тука и Самиот Тој се претставува добар//9 и премудар//10, како самопостоечка љубов (αυτοαγαθότης)//11 и знаење (αυτογνωσις)//12, (αυτοσοφία)//13, како Добро и Вистина//14. Сите овие определби во Бога не се буквално својства, зашто во Бога не може да се разликуваат супстанција и својства, како што тоа го правиме во создаденото битие//15. Сите својства во Бога се суштини: не како во Него да се наоѓаат добродетелта и мислењето, туку Самиот Тој е суштината (ουσία) на добродетелта//16 и Самиот е мислење според суштината//17.

Овие вечни совршенства (αρεταί) или енергии (έργα)//18 и Божји својства//19 се пројавиле во актот на творењето//20. Со нивното причестување (μετοχη)//21 сега живее и се движи сето создадено битие, добивајќи од Бога и битие и живот, и добрина и мудрост//22, и покажувајќи се како дел (μοιρα) на Бога//23. Ова философско гледиште на причестувањето на светот со Бога според основната смисла на системот на преп. Максим никако не треба да се смета за пантеистическо. Во своето учење за создавањето, промислата и судот, преп. Максим строго го држи поимот за Бога како лично Суштество: тој решително ја отстранува секоја пантеистичка претстава за овие акти како безлични процеси и вечно-нужни. Така го изложува тој, пред сè, создавањето на светот.

Философската мисла обично со вечноста на Божествените својства ја поврзува и вечноста на нивното пројавување, или на творењето. Така, меѓу другото, учеле оригенистите. Но, таа соблазнителна претпоставка, сепак, е решително неодржлива//24. Од вообразен апсурд таа само води кон реален. Неговата бессмисленост се разобличува од минливоста (конечностью) на светот//25 и материјата//26 и потполната неможност да се мисли во еднакви услови на битието конечното и бесконечното//27, и само совечното да се смета за Творец на другото//28. Останува затоа, само да се дозволи идејата за творење во времето. Творењето на светот, така, не е нужен процес, кој се извршува од вечноста, туку случаен, времен акт на волјата и намерата на Бога//29.

Таквата пак, претстава за Бога како волно лично Суштество се дава и во учење за промислата и судот. Бог, откако ги предопределил сите ствари од вечноста, своевремено ја изведува секоја од нив од потенцијална состојба во реална//30 и во своите недознајни цели раководи со сето битие на светот//31, изменувајќи го пројавувањето на својата промисла соодветно на настроението на промислуваните//32 и во потребни случаи според плановите на божественото домостроителство чудесно обновувајќи ги законите на природата//33. Повисоката цел на промислата е – враќањето кон Бога на сè што излегло од Него//34, обожението на созданијата преку соединување со Бога//35. Кон сето тоа води сеустројувачката Божја волја, која и е промислата//36.

Волјата пак, на Бога се пројавува и во судот како сила што го насочува на патот на вистината секое битие, што се отклонува од преднацртаните цели на промислата//37. Во Божјиот суд, всушност, се предвидува отклонувањето на слободната волја на разумните суштества од Бога (моралното зло)//38 и однапред се определуваат средства за исправување – казна за гревот//39, на пример пропадливоста /тление/ на природата (физичкото зло)//40; наедно се созерцува и крајното восстановување (αποκατάστασις) на сите природни сили на битието//41 и обожението на достојните.

Така, и творењето, и промислата, и судот претставуваат таков акт на Божјата волја, кој е заснован на намерата, дело е на личната волја. Со признавањето на ова тврдење во претставата за Бога се внесува нов надмисловен /премысленный/ момент и наедно, нова суштинска определба – признавањето на Бесконечниот како лично Суштество. Така катафатичката определба на Божеството го добива својот сестран развој.

Белешки

1. Ambigua, PG.91, 1133CD, f.148Ъ. Cap.de charitate II,27; I,100 [р.п.I,110. 106-107].

2. Ер.26, PG.91, 629CD, p.367-368 (промислата и судот се пројавуваат во човековото усвојување на добродетелите и знаењето); Quaest. ad Tahl. V, PG.90, 280A, p.21 [р.п.II,40] (тој пред сè се однесува на разумно-духовните суштества); Ambigua, PG.91, 1136А, f.149; 1104В-С, f.134b (и само од аголот на гледање на повисоките етички задачи се распространува на сето воопшто создадено битие). сп. Ambigua, PG.91, 1168С, f.163b-164a; Cap.de charitate I,99 [р.п.I,106].

3. Ambigua, PG.91, 1168В. 1240В, f.163b-164a. 194B.Дионисиј Ареопагит, види гл. “Ареопагитики”, бел. 4.

4. Сар. theol. I,6 [р.п.I,216]. Cap.quing. I,2.

5. Quaest. ad Tahl. XLIV, PG.90, 416C, p.100 [р.п.II,136].

6. Cap.theol. I,4 [р.п.I,215].

7. Ambigua, PG.91, 1073C. 1217C. 1260В. 1116С, f.121a. 185B.203B.140a; Cap.theol. I,4. 10 [р.п.I, 215,216].

8. Cap.de charitate III,25 [р.п.I,124]. EP.6, PG.91, 428D, p.240-241.

9. Ambigua, PG.91, 1204D, f.179b.

10. Quaest. ad Thal. LIV, PG.90, 512C, p.152 [р.п.II,186].

11. Cap.de charitate III,27 [р.п.I, 124]; cp. IV, 100 [р.п.I,145]; Cap.quing. I,2.

12. Cap.gnostica 5. 6, Прилог, с.34.

13. Ambigua, PG.91, 1081D, f.125a; види ги бел. 1 и 2.

14. Mystagogia 5, PG.91, 673C, p.499-500 [р.п.I,162].

15. Cap.theol. II,3 [р.п.I, 234]; cP.Cap.de charitate IV, 8-9 [р.п.I,135].

16. Ambigua, PG.91, 1081D, f.124b-125a; види ги погоре укажаните изрази αυτογνωσις, αυτοσοφία и др. Дионисиј Ареопагит, De div. nom. XI,6, PG.3, 953D-956A. сп. св. Григориј Богослов, Or.41, n.9, PG.36, 441В; р.п.IV,41; Сп. св. Григориј Ниски, De virgin. 16, PG.46, 385С; р.п.VII,360; св. Атанасиј Велики, Contra gentes 46, PG.25, 93В-С; р.п.I2,189.

17. Сар. theol. I,82 [р.п.I, 230]; cp.EP.1, PG.91, 368A-B, p.203.

18. Cap.theol. I,48. 50. 14 [р.п.I,222,223,217].

19. Cap.de charitate III,25 [р.п.I,124].

20. Ambigua, PG.91, 1288D-1289A, f.214B. Cap.de charitate IV,1.2 [р.п.I,134].

21. Cap.theol. I,48 [р.п.I, 222-223]. Cap.de charitate III,27 [р.п.I,124]; Cap.quing. I,6.

22. Cap.de charitate III,25 [р.п.I, 124]. Ambigua, PG.91, 1080B, f.123b Сè што е создадено (тварное) е мртво и живее само преку причестувањето со Логосот: Cap.theol. II,36 [р.п.I, 241]. св. Атанасиј Велики, Contra gentes 41, PG.25, 84А; р.п.I2, 182; De incarnatione Dei Verbi 17, PG.25, 125AB: р.п.I.2, 212. св. Григориј Нискиј, Or.cat. 8, PG.45, 40A; р.п.IV,34.

23. Ambigua, PG.91, 1080BC, f.123b (во толкувањето на св. Григориј Богослов, Ог.14, n.7, PG.35, 865С: μοιρα Θεου р.п.II.3, 8). Дионисиј Ареопагит, види ја гл. “Ареопагитики”, бел. 23-27.

24. Cap.de charitate IV, 3-5 [р.п.I,134-135].

25. Ambigua, PG.91, 1176D-1177A, f.167b-168a. Wagenmann, 133, забележува, дека во побивањето на учењето за вечноста на светот преп. Максим суштински се придржува до делото на И.Филопон, De aeternitate mundi contra Proclum.

26. Преп. Максим опстојно го побива учењето за вечноста на материјата: Ambigua, PG.91, 1181А-1185А, f.169b-171b; Cap.de charitate IV, 6; III,28 [р.п.I,135. 124-125]. св. Григориј Богослов, De mundo, v. 3-4, PG.37, 416; р.п.IV.3,186.

27. Ambigua, PG.91, 1081B, f.124a.

28. Ibid. 1188B, f.172b.

29. Cap.de charitate IV, 3. 4 [p.n I,134].

30. Ambigua, PG.91, 1081A. 1328D, f.124a. 231a.

31. Ibid. 1169A, f.164a; ср. 1189В-1193В, f.173b-175b. Немезиј, De nature hom. 43, PG.40, 792B, p.166; страниците кои ги бележиме (р.) се испуштени во рускиот превод на Немезиј од Ф.С.Владимирскиј, Почаев, 1905.

32. Quaest. et dubia 32, PG.90, 812C.

33. Ambigua, PG.91, 1341D-1344D, f.236b-237a.

34. Ibid. 1188В-С.1313В, f.172Ъ. 225а; Quaest. ad Tahl. LX, PG.90, 621A, p.209. Дионисиј Ареопагит, види гл. “Ареопагитики”, бел. 37.

35. Ambigua, PG.91, 1092C. 1249C,1237A-B, f.129a. 199B.193b-194a. Quaest. ad Tahl. II, PG.90, 272B, p.17 [р.п.II,35].

36. Ambigua, PG.91, 1189B, f.173a-b.

37. Ibid. 1133D-1136A, f.149a.

38. Ibid. 1104B, f.134b.

39. Ibid. 1136A, f.149a.

40. Ibid. 1104A-B, f.134a-b; 1401A-B, f.258b; EP.1, PG.91, 368A, p.203.

41. Quaest. et dubia 13, PG.90, 796D, p.304. Quaest. ad Tahl. LXIII,PG.90, 684A, p.245.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s