Меѓународна научна конференција «Старец Софрониј: богослов на несоздадената Светлина»

Патријархот Московски и на цела Русија Алексиј II испратил поздравно писмо до учесниците на Меѓународната научна конференција, што се одржува во Атина (19-21 октомври) , на тема: «Старец Софрониј: богослов на несоздадената Светлина». Во тоа писмо, меѓу другото, се вели:

…Може без преувеличување да се рече, дека личноста и делото на старец Софрониј имеаат соборностна димензија. Тој беше русин по потекло, но успеа да го соедини во својот живот и префинетото знаење на грчкиот јазик и култура, и западноевропската образованост, така што тој подеднакво им беше близок близок и на русите и на грците и на европејците кои доаѓаа кај него за совет или утешување. Во него се соединија образованоста и простотата, отвореноста во однос на сè што го окружуваше, и задлабоченоста во созерцанието на Божествените тајни.

Вселенската одѕивливост на отец Софрониј беше можна благодарение на неговото длабоко смирение, отвореност, љубов кон Бога и ближниот, која за него го отвораше срцето на кој било човек. Во основата на неговата животна философија беа Личноста на Бога и личноста на човекот. Таа философија не беше теоретско знаење, туку искуство основано на Богоопштењето и способноста да проникнува во длабочините на човечката душа. Старец Софрониј не беше богослов-теоретичар, туку подвижник кој во својот живот ги воплоти лекциите по благочестие на древните аскети и се удостои за Божествени просветувања какви што ги сретнуваме во описите на големите отци на минатото.

Сето тоа ја прави личноста и учењето на старец Софрониј актуелни за нашиве денови: тој беше наш современик, но притоа се удостои да стане причестник на духовното искуство на древните подвижници. Се надеваме, дека претстојната дискусија ќе помогне подобро да се разбере обележаниот од старец Софрониј пат на православната духовност, како за оние што сè уште се наоѓаат во почетокот на тој пат, така и за оние што одамна го избрале него како единствено верен и директен пат кон Бога…

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

w

Connecting to %s