Вања Куташевскиј од Краснојарск првпат прогледал на шестгодишна возраст – откако бил крстен во Православната Црква.
При раѓањето била утврдена дијагнозата „атрофија на очниот нерв”, што значело доживотно слепило. Никакви медицински процедури не помогнале да се победи оваа болест, до моментот кога неговата мајка Наталија решила да го крсти својот син, а и самата да се крсти.
„Од Бога барав само едно: Тој да му даде вид на синот. Ако е потребно, да го одземе од мене и нему нека му го даде” – раскажува Наталија.
Набргу по крштението Вања постепено почнал да ги разликува околните предмети. За неколку месеци очните лекари биле принудени да признаат дека се случило чудо и дека на слепороденото дете стопроцентно му бил востановен видот.
Според зборовите на краснојарскиот свештеник Виктор Теплицки, од човекот кој сака да се избори со тешка болест се бара „желба и вера”, и тогаш „Бог испраќа исцелување на таа благодатна почва.” (Види: Православие и Мир, Интерфакс)