Продолжува дијалогот меѓу МПЦ и СПЦ

Дијалогот помеѓу Српската и Македонската Православна Црква продолжува и тој напредува” – изјави денеска во Охрид Лаврентиј, митрополит шабачко-ваљевски – јавува дописник на Макфакс.

Проблемот помеѓу Српската и Македонската Православна Црква се решава во рамки на комисии кои ги имаат оформено двете цркви. Тие работат на зближување и ако даде Бог се надеваме сите со добра волја, дека ќе се врати љубовта помеѓу двете цркви како што беше некогаш” рече Митрополитот Лаврентиј, кој учествува на Светската конференција за меѓурелигиски и меѓуцивилизациски дијалог во Охрид.

Македонскиот и српскиот народ се два најблиски народи од сите словенски народи, соседи сме, јазиците и традицијата ни се слични и грев би било да ни е поблизок некој од северна Европа отколку нашите браќа по вера, затоа се надевам и му благодарам на Бога бидејќи дијалогот помеѓу двете цркви е продолжен” – додаде Лаврентиј.

Според него СПЦ и МПЦ немаат теолошки, туку практичен проблем, во кој свое влијание имала и политиката.

One thought on “Продолжува дијалогот меѓу МПЦ и СПЦ

  1. Се надевам дека овој пат ке се настапи искрено од српска страна иако мислам дека сеуште е рано да се надминат стереотипите кај дел од српските владици. Додека комшијата ти е поблизик од братот твој не може
    да се зборува за христијанска љубов.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s