Интерфакс. Позицијата на департаментот останува неизменета од 2003 г., кога неговото раководство потпишало документ, адресиран до раководителите на образовните институции во Москва, со кој е пропишано во подрачните институции да не се дозволува спроведување активности посветени на Хелоуин.
Таквото решение е донесено согласно со препораките на познати научници – психијатри. Во тој празник има елементи на религиозна содржина (култ кон смрта, исмејување на смртта, олицетворение на смртта и на духовите на злото), што противречи на световниот карактер на образованието на државните образовни институции.
Се оценува дека сето тоа е разрушително за психата и за психичкото и духовно-етичкото здравје на учениците.
Мошне добра одлука. Завчера разговарав со едни пријатели во Канада; не ми се веруваше кога ми рекоа дека нивните соседи имале купено три „гробови – постелнини“ – за нивните деца.
Која психопатологија е тоа да се ужива во подместувањето на постелата (во случајот – гробот) на своите живи деца.