„Сенки” – премиерно во Свети Николе

КАНАЛ77. Најновиот филм на Милчо Манчевски од престижниот филмски фестивал во Торонто директно дојде во Свети Николе. Градчето со 14.000 жители е избрано за македонската промоција на толку најавуваниот трет филм на славниот Манчевски. Промоцијата се случила во изминатиот петок, а за неа не дознала ниту културната јавност во Свети Николе. Неинформирани се и новинарите од единствените два медиума во градот, а за пошироко и да не зборуваме. Нема плакати, нема информации, а директорот на Домот на културата во Свети Николе Панче Насков тврди дека има незапаметен интерес. Не памети македонската јавност еден толку најавуван голем проект како што е овој да имал промоција што е надвор од Скопје, или евентуално Битола и Охрид. Како е можно македонската премиера на Сенки да биде во едно мало градче од заборавениот македонски исток? Што е толку посебно во него? И зошто толкава мистерија, кога по дефиниција премира треба да биде максимално медиумски покриена со уште помаксимална инволвираност на јавноста и критиката? Сенки се прикажува во Домот на културата на Свети Николе во сала со капацитет од 600 седишта. Опремата е од седумдесетите години на минатитот век, меѓутоа, како што дознавме, не била толку лоша, бидејќи некогаш ја позајмувале од фестивалот Браќа Манаки за фестивалските проекции.Во едно интервју режисерот Милчо Манчевски изјавуваше дека се бара пристојна сала за премиерата на филмот, што ќе ги задоволи макар минималните тонски услови и апаратура што нема да ја упропасти копијата, за каква таква македонска премира. И одеднаш Свети Николе влегува во приказната. Од Министерството за култура велат дека не се инволвирани во премирата, од македонскиот дистрибутер Манаки филм, исто така се оградуваат, бидејќи немале договор за дистрибуција на филмот. Уште поинтересна е реакција на македонската фирма на Манчевски, Сенки. Велат дека премиерата на Сенки ќе се случува во Скопје. На прашањето што е тоа што се прикажува во Свети Николе, прво почнаа убедувањата дека не е потребен медискиот интерес, па потоа малку арогнација, за на крај не упатија за информации кај Милчо Манчевски, бидејќи не биле задолжени да даваат информации. Неофицијално, прикажувањето на македонскиот кандидат за наградата Оскар е во фукција на фаќање на законскиот рок што се бара, од седумденвно прикажување на филмот во земјата која го кандидирала. А зошто Свети Николе? За никој да не разбере, а сепак прикажувањето во Скопје да биде премиерно, ако се уште така може да се вика. Градот има локална радио станица што повремено работи, локална приватна телевизија и ниту еден дописник на национален медиум. Светиниколчани не разбрале за премиерата, а не пак останатата македонска публика.

И, ако случајо сакате да дојдете на премиера на Сенки во Свети Николе. Денеска не можете бидејќи им се расипала апаратурата, но оптимистички најавуваат дека веќе утре во 19.30 за 100 денари ќе можете да го видите Сенки. Во Свети Николе, ако не знаевте каде, некаде меѓу Штип и Велес, на 80 километри источно од Скопје.

3 thoughts on “„Сенки” – премиерно во Свети Николе

  1. „Светиниколчани не разбрале за премиерата, а не пак останатата македонска публика.”
    Точно, ама премиерата на следниот филм на Милчо Манчевски кај нас никако нема да ја пропуштам. 🙂

  2. Христос се роди!!!
    Оче ѓаконе, ова не очекував да го видам на страна од православен свештеник. Зарем православните свештеници рекламираат филмови со антиправославна содржина,во кои се прикажуваат сцени со блудодејанија, циркузите што ги прават скопјаните за Дуовден… Бог да ни прости и мене што ова ти го пишав и тебе што ова го рекламираш.

  3. Навистина се роди!
    Јас мислам дека поентата на текстот не е рекламирање, туку сосем нешто друго. Сепак, како што велиш: Бог да ни прости.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s